21 ви декември, 2012 г. - крајот на времето во кое живееме
Долго-одбројувачки календар
Всушност, се почна со пронајдокот, познат неколку децении за културата, кој е наречен долго-одбројувачки календар. Во пацифичката крајбрежна рамнина Чијапас, Мексико, неколку милји од границата со Гватемала, беше лоцирана астролошката опсерваторија на цивилицацијата Изапа. Некои мислат дека Изапа се преодна култура помеѓу постарата цивилизација Олмек и новата на Маите, други пак веруваат дека Изапа биле всушност дел од цивилизацијата Олмек.
Скоро илјадници години, долго-одбројувачкиот календар Изапа го забележуваа на споменици и керамички садови. Повеќето од датите се однесуваат на локални, секојдневни настани, како на пример крунисување на некој крал. Како и да е, некои од долго-одбројувачките споменици се однесуваат на митолошки настани кои се случија на почетокот на сегашната “Светска ера” во која ние живееме и на која наскоро ќе и дојде крајот.
Временски циклуси
Научниците сфатија како долго-одбројувачкиот календар се поврзува со нашиот грегоријански календар ( кој користи многу аритметика), така што сега знаеме дека легендарното време на почеток на нашата сегашна ера- кога сите вредности беа сведени на нула- почна на 31 ви август, пред новата ера. И употребувајќи го сложениот систем на мајските Бактуни ( мерења на времето), ние можеме да пресметаме кога нивниот календар достигнува нова точка на нула- во основа, секои 13 Бактуни (5,125 години), долгото одбројување се враќа на нула- просечното време кога нашата сегашна ера завршува и почнува нов временски циклус.
Создавање, пад и возобновување
Неколку споменици на креацијата опишуваат настани кои се случиле во 3114 година пред новата ера. Текстовите кои се поврзани со овие споменици тврдат дека “ креацијата се случува во Црната дупка,” на “Раскрсниците,” и “слика” ќе се појави на небото. Маите го присвоија календарот на Изапа, митовите за создавањето и методот за одбројување на временските циклуси.
Познатиот истржувач и научник Линда Шел напиша: “ Сфатив дека секоја голема слика од космичкиот симболизам на Маите е веројатно мапа на небото... Моделите на Млечниот Пат и соѕвездијата беа директно поврзани со визијата на маите за креацијата.” Нејзината реализација придонесе многу за разбирањето на космологијата и пророштвата на маите.
Со цел да ја сфатиме пораката на маите, треба да знаеме барем малку за тоа како тие го гледаа небото и како настаните на небото укажуваа на смрт, преродба и минување на времето, за душите кои живеат во оваа галаксија и во овој сончев систем.
Млечниот пат е нивната главна слика во небото. Како што знаеме, живееме во границите на нашата галаксија и млечниот пат претставува густа група од ѕвезди кога гледаме кон центарот на галаксијата. Тој се појавува како долга лента од ѕвезди над нас.
За маите, појавувањето, минувањето и слегнувањето на Млечниот пат во небото означуваше главни точки во временскиот циклус. Исто така, деловите од Млечниот Пат и другите ѕвезди кои се важни во нашето небо, имаат особено значење за нашите животи и за историјата на човештвото, како и за божествените царства, царствата на нашите богови.
За маите, главните карактеристики на Млечниот Пат и промените во неговата позиција, како и неговиот облик во текот на ноќта, го откриваат нашето потекло, пат и судбина. Тие се Дрвото на Животот; Небесниот Крокодил кој го глода Дрвото на Животот; Космичкиот Чун на “Боговите кои веслаат” кој оди веднаш зад Крокодилот; “лежечкото небо,” или местото на црниот сон; и седум ѕвезди во Големата Црпка, кои ги претставуваат егоцентричните Седум Папагали, кои сакаа да му го земат местото на Сонцето.
Површно, небесниот пат ја раскажува приказната за појавата на Дрвото на Животот при залезот на сонцето, проследена од појавата на егоизмот и себичноста ( како што се забележува кај седумте папагали), што доведува до појава на опасни мрачни пориви кои се влечат на стомак ( како проклета змија во рајската градина) и го напаѓаат раѓањето на животот. Но овие се протерани од страна на боговите веслачи, и најпосле Дрвото на Животот е преродено и повторно изгрева некаде околу зората- целата приказна за создавањето, падот и возобновувањето на животот.
Преродба на 21ви декември, 2012 година
На 11ти август 3114 година п.н.е. почна новата сончева ера и беше прероден богот Сонце. Често се прикажани боговите кои се господари на создавањето, следејќи ја преродбата на светот, а овде е вклучен еден кој е наречен Болон Јокт, кој е поврзан со војната, конфликтите и подземниот свет. И покрај овие врски, Болон Јокт е бог кој често е присутен за време на настаните на создавањето. Тој е прикажан на керамика, наречена Садот на седумте богови, кој ја содржи датата 3114 п.н.е, почетокот на нашиот сегашен 13-Бактун циклус. Се разбира, датата која не интересира е почетокот на следниот 13- Бактун циклус, кој се јавува на 21ви декември 2012 година, крајот на мајскиот календар. Неодамнешен превод на текст од Тортугеро, класично место на маите северно од Паленк, експлицитно укажува на датата 21 ви декември 2012 година. Преведен од страна на мајскиот епиграф Дејвид Стјуарт, читливиот дел од текстот вели: “ На крајот на 13 Бактуни, на 4 Ахау 3 Канкин, 13.0.0.0.0; нешто се појавува кога доаѓа Болој Јокт.” Глаголот глиф кој опишува што се случува е избришан, така што е заменет со зборот нешто, но е насликан богот на создавањето Болон Јокт, а тоа значи дека според маите 2012 е година на создавањето, односно повторното создавање на светот, и тоа веројатно за време на војна, конфликт и доминација на подземниот свет и неговите богови.
Како што можеме да видиме, крајот на мајскиот календар е едноставно крајот на сегашната ера. А за нас е важно дека тоа го означува почетокот на следниот циклус, а тоа е циклусот на преродбата, обновувањето.
Не постојат специфични белези или извештаи за 2012 година во археолошките ракотворби на Изапа, но постојат голем број на слики кај Изапа кои прикажуваат ретко небеско здружување кое се појавува на небото околу 2012 година. Галактичкото порамнување ја означува преродбата на декемвриската рамноденица, како и преродбата на Богот на Сонцето преку обидите на седумте црвени папагали да го заменат. Богот на Сонцето изгрева преку темниот јаз во Млечниот Пат, кој е лоциран меѓу стрелец и шкорпија. Шкорпијата е претставена близу основата на Дрвото на Животот во мајските илустрации. Душите на земјата доживуваат промени во галаксичките сезони, божествена промена во временскиот циклус, со тоа што нашето Сонце се движи кон преродба кај “Црната дупка” на божествената основа на Дрвото на Животот ( локација во млечниот пат). 21ви декември 2012 година го означува крајот на оваа 5,125-годишна ера во која живееме и почеток на нов живот на Земјата.
Кога го прашаа што новата ера значи за човештвото, Едгар Кејс одговори: “ со целата свест за способноста за комуникација со креативните сили, треба да бидеме свесни за поврзаноста со креативните сили и употребата на истите во материјалните опколувања. Што донесе оваа свесност за време на периодот или годините на ерата на Атлантис и Лемурија или Му? Уништување на човекот и потреби кои се движат по патот на себичноста.” (1602-3)
Кејс не информира дека во претходниот временски циклус, човештвото имало ниво на совест и врска со креативните сили, кои ни овозможија да живееме на повисоки нивоа на материјална ментална и духовна активност на Земјата и надвор од неа. За жал, ние погрешно ги употребивме совеста и моќта кои беа во блиска врска со силите. Оваа погрешна употреба доведе до уништување на нашите големи култури и долг пат на душата низ болка и збунетост, кои беа последица на нашата себичност и доминација на нашата волја, без оглед на волјата на Создавачот, како и на останатите. Сега, како што циклусите повторно се враќаат, се приближуваме кон време кога нивото на свест и врската со креативните сили ќе ни овозможат уште еднаш да ја добиеме оваа моќ. Но, како ќе ги искористиме овојпат?
Пред да се разочараме дека човештвото повторно погрешно ќе ги употреби, ајде да се потсетиме дека многу души а дури и Логосот, Зборот, и понатаму преминуваат во материјалност, со цел да помогнат да се подготви патот за оваа преродба. Ние ја преценуваме моќта на светот и неговите лидери. Невидените, божествени сили имаат поголема моќ и ќе ја надминат темнината и себичноста во светот, пробивајќи се со светлина, која ќе го преобрази ова кралство за илјадници години, кога целото зло и искушение ќе бидат ограничени и ќе завладее златна ера. Библиската книга на откривањето го пренесува ова пророштво: “ Видов ангел кој доаѓа од небото, држејќи го клучот од бездната и долем синџир во неговата рака. Тој го заплени змејот, старата змија, кој е и ѓавол и сатана, кој ја лаже целата населена земја и го врзува за илјадници години.”
Дали 21ви декември 2012 година, е почеток на исполнување на овие прекрасни пророштва од страна на Едгар Кејс и Разоткривањето, или само уште еден чекор од долгиот пат кон ваквото исполнување?