21.12.2012 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Место постојано да посочуваш што е точно а што не, можеш да образложиш и зошто, и кои се твоите ставови за Нибуру, 2012 итн.

И мислам дека убаво објаснив како "методот" на дебанкирање е неефикасен при образложување на зошто нешто е како што е, бидејќи се формираат разни т.н. заклучоци, и секој поединец бира кој му одговара највеќе. Исто и за тука. Ако Нибуру е дебанкиран, или предвидувањата за 2012, повели, сподели мислење и образложи, за тоа е темава.

Нибиру е уништен пред да влезе во доменот на нашиот Соларен Систем. Се смета дека најоддалечените делови на нашиот систем се телата кои го сочинуваат Оортовиот Облак кој делува како ирегуларна сфера која го обкружува нашиот систем. Најгуст дел е се разбира хоризонталниот. Затоа и се нарекува Оортов Екватор.

Да не образложувам многу да не го љутам Apokalipto, информациите за неговото уништување доаѓаат од две различни страни. Од една на луѓе кои наводно имале контакт со вонземјани, и од тајни извори од внатрешноста на НАСА, владини организации и подземни сектори. Бидејќи едната со другата страна немаат врска, нити се познаваат, дава поголем процент на вистина.

Се разбира, не е важно дали верувате, важното е што е 2009, има само уште 3 години до 2012, а Нибиру никој го нема забележано веќе 6 години, а треба веќе да се гледа и со голо око бидејќи ако брзината со која патува, траекторијата, и плус времето до кое треба веќе да е стигнат се точни, требаше да го гледаме блескав како златна наша Венера со оглед на тоа што дека е 7 пати поголем од Земјата.

Ако јас не сум во право, некој нека објасни зошто уште не го гледаме?

Инаку, да му одговорам на Phoenix - Си слушнал сигурно за војните на боговите кои ги има готово во секоја митологија, па дури и во библијата како Војна на Небото помеѓу Бог и Луцифер, така?

Замени ги боговите со вонзмејани и го добиваш сценариото. Наводно имало огромна војна порано во нашиот Соларен Систем (го нарекуваме наш, но дали е?) во која има учествувано и Нибуру како трета страна. За Нибуру и Анунаките имам подетално објаснето во мојот прв пост на оваа тема, за да не се повторувам, прочитајте го, па ако треба подетално објаснение, кажете ми. Поентата ми е, во тоа време Нашиот Сончев Систем имал три сонца (од кои две се "истрошени") и 14 планети. Една планета од крајот на нашиот систем е исфрлена надвор, а две се уништени. Двете уништени се познати кај некои како Тијамат и Малдек. Тијамат - карпест гигант, пет пати големината на Земјата и Малдек - ледена планета. Имало живот и на двете. Меркур е инаку поранешна месечина на Тијамат. Ова се случило во периодот кога Марс бил како Земјата а нашата планета обвиена со густа атмосфера од водена пареа која се наоѓала во првата орбита (каде што е сега Венера). Период кога живеат само алги и инсекти. (пред да ме оспорите, ова е излезено од архивите на НАСА за историјата на нашиот систем, сепак, не барам никој да верува, туку баравте појаснување на изворот на информации, па ете, да кажам).

Убаво објаснив зошто Куперовиот појас, одејќи по твојата теза, не е можно да биде само еден, и да е толку голем. По твојата теорија се раководам, не моја.
A кој и кој војувале во таа „војна“?И ако нибиру за 6 години би требало да е влезен во нашиот систем тогаш сигурно би се гледал ако не со голо око сигурно со аматерски телескоп или некој малце попрофесионален.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Ортовиот облак (57 kb)

Ортовиот облак (некаде се сретнува и под името Опик-Oртов облак) е хипотетичен сферен облак на комети сместени од 50 000 до 100 000 а.е. од Сонцето (приближно 1 000 пати подалеку од оддалеченоста на Сонцето и Плутон). Во внатрешноста се наоѓа елиптичен диск, Киперовиот појас. Иако не се направени директни набљудувања на самиот облак, се верува дека тој е извор на повеќето комети кои влегуваат во внатрешниот дел на Сончевиот систем врз основа на пресметките на орбитите на кометите (кратко-периодичните комети потекнуваат од Киперовиот појас).
Во 1932, Ернст Опик, естонски астроном, предложил дека кометите потекнуваат од облак кој орбитира во најдалечните гранични предели на Сончевиот Систем. Во 1950, идејата била оживеана од холандскиот астроном Јан Орт (Jan Oort) кога тој ја објаснил привидната контрадикција. Имено, ако кометите кои се набљудуваат постојат уште од самиот почеток на Сончевиот систем, до сега сите ќе требаше да бидат уништени. Според теоријата, Ортовиот облак содржи милиони кометни јадра, кои се стабилни бидејќи Сончевата радијација е слаба на тоа растојание. Облакот, постојан снабдувач на нови комети, ги заменува оние што се уништени со нови.

Ортовиот облак е остаток од првобитната маглина која колабирала за да се формира Сонцето и планетите пред пет милијарди години, а е слабо поврзана со Сончевиот систем. Најприфатената теорија за неговото формирање е дека телата во Ортовиот облак во почетокот биле многу поблиску до Сонцето и биле дел од истиот процес на формирањето на планетите и планетоидите, но гравитационото заемодејство со младите гасни џинови како Јупитер ги исфрлиле во екстремно долги елиптични или параболични патеки. Овој процес послужил и да се расејат телата надвор од еклиптичката рамнина, затоа и сферичната распределба на облакот. Гравитационото заемодејство на блиските ѕвезди и далечните надворешни региони на облакот ги променило патеките на телата кон покружни патеки.
Се претпоставува дека и другите ѕвезди имаат свои Ортови облаци и дека надворешните граници на два Ортови облака на блиски ѕвезди може понекогаш и да се преклопат. При тоа се случуваат повремени навлегувања на комети во внатрешниот Сончев систем.
Ортовиот облак и Седна (41 kb)

До сега, откриен е само еден потенцијален член на Ортовиот облак, Седна. Со патека која се протега од 76 до 850 а.е. таа е многу поблиску отколку што се очекувало и можеби припаѓа на „внатрешниот“ Ортов облак. Доколку Седна навистина припаѓа на Ортовиот облак, тоа ќе значи дека Ортовиот облак е и многу погуст и поблиску до Сонцето во однос на она што се претпоставуваше порано. Ова претставува доказ кон хипотезата дека Сонцето е формирано како дел од густо јато од ѕвезди; со поблиски соседи за време на формирањето на Ортовиот облак телата исфрлени од гасовитите џинови имаат кружни патеки поблиску до Сонцето отколку што било предвидено доколку соседите би биле подалеку.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606

Одлично, приближно ама .... нема везе .... да не бегаме од темата.

А астероидниот појас? И тој ли е формиран по природен пат? мене ми изгледа на нешто уништено. Но како и да е, секој има свое мислење.

A кој и кој војувале во таа „војна“?И ако нибиру за 6 години би требало да е влезен во нашиот систем тогаш сигурно би се гледал ако не со голо око сигурно со аматерски телескоп или некој малце попрофесионален.
Па тоа ми е поентата. Ако беше како што Human тврди, до сега Нибуру ќе беше видлив дури и за голо око. Но не е. Тогаш каде е? Уште чекам одговор од Human за тоа.

Инаку војната е водена помеѓу сили познати на нас како Елохим/Elohim (види во литература или енциклопедија) и сили кои доаѓаат од соѕвездието на Орион.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
А астероидниот појас? И тој ли е формиран по природен пат? мене ми изгледа на нешто уништено. Но како и да е, секој има свое мислење.
Да по природен пат е формиран со судирање на две планети, едната веројатно од друг систем.

Па тоа ми е поентата. Ако беше како што Human тврди, до сега Нибуру ќе беше видлив дури и за голо око. Но не е. Тогаш каде е? Уште чекам одговор од Human за тоа.
Значи Нибуру е видлив ама само од Јужната хемисфера (прочитајте неколку страни поназад, пишува)

Инаку војната е водена помеѓу сили познати на нас како Елохим/Elohim (види во литература или енциклопедија) и сили кои доаѓаат од соѕвездието на Орион.
Кога? Пред 2 000 000 години или?
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Значи Нибуру е видлив ама само од Јужната хемисфера (прочитајте неколку страни поназад, пишува)
Де бе, не биди толку досаден со таа јужната хемисфера ебаго... ти кажавме убаво дека ако го имало досега ЛУЃЕТО кои не се помалку од 2 МИЛЈАРДИ а живеат во таа "јужна хемисфера" (пола Африка... Индија... Австралија... Ј. Америка, Антартик со неговите опсерватории, островските земји... итн итн) ќе ставеа слики на нет или уште подраматично сега ќе бевме преплавени со вести за таа планета која ќе не уништи.

И доста веќе за ова.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Да по природен пат е формиран со судирање на две планети, едната веројатно од друг систем.
Пробај Церона. Привремено име според Церес. Планета слична на Марс.

Значи Нибуру е видлив ама само од Јужната хемисфера (прочитајте неколку страни поназад, пишува)
Ти кажав, северна или јужна, според траекторијата, брзината и времето кое се очекува да пристигне, треба да се гледа како нашата ѕвезда Деница. Збориме за тело 7 пати поголемо од Земјата. И да е видливо само на јужната хемисфера, луѓето би го забележале.

Кога? Пред 2 000 000 години или?
Пред 2.5 билиони години. Таа е саме една од битките одвивани тука.

Фалат две сонца, и 4 планети. Мислам дека тоа говори доволно.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.493
Поени од реакции
22.192
Де бе, не биди толку досаден со таа јужната хемисфера ебаго... ти кажавме убаво дека ако го имало досега ЛУЃЕТО кои не се помалку од 2 МИЛЈАРДИ а живеат во таа "јужна хемисфера" (пола Африка... Индија... Австралија... Ј. Америка, Антартик со неговите опсерватории, островските земји... итн итн) ќе ставеа слики на нет или уште подраматично сега ќе бевме преплавени со вести за таа планета која ќе не уништи.

И доста веќе за ова.

На интернет ќе имаше милион вести и слики АКО постоеше таа планета..Но нема ништо и за тоа јас лично во Нибиру не верувам..
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Пред 2.5 билиони години. Таа е саме една од битките одвивани тука.

Фалат две сонца, и 4 планети. Мислам дека тоа говори доволно.
Ова донекаде може да е виситна затоа што во нашава галаксија, голем број од ѕвездите се бинарни, а има и повеќе јата од ѕвезди, но што е проблемот тука?
Каде се остатоците најпрво од Сонцата т.е. ѕвездите?
И каде се остатоците од тие планети?

Де бе, не биди толку досаден со таа јужната хемисфера ебаго... ти кажавме убаво дека ако го имало досега ЛУЃЕТО кои не се помалку од 2 МИЛЈАРДИ а живеат во таа "јужна хемисфера" (пола Африка... Индија... Австралија... Ј. Америка, Антартик со неговите опсерватории, островските земји... итн итн) ќе ставеа слики на нет или уште подраматично сега ќе бевме преплавени со вести за таа планета која ќе не уништи.

Еве ако не се знаел ова е светската мапа и како што можиш да забележиш Индија, Австралија, Африка се далеку за да можат ги гледаат ѕвездите и Нибуру, како што се гледаат од Антартикот.
Пр. ако можеа тие да ја видат Нубиру, тогаш ние ќе можевме да ја видиме Сириус.
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
249
Поени од реакции
16
АБЕ НЕМА ДА СЕ СРУШИ СВЕТОТ.
мене ми имаат кажуено едни дедовци кои многу се верници(од исламска веисповед) ...
дека терористите ке стапат со владеење на САД..
и дека ќе има голема војна
потоа ќе воведат фашиштички режим и луѓето ќе немаат вода и леб..
ке изумрат
а исто така ми рече дека по три дена.. од воведувањето на фашистичкиот режим ќе се испокараат пошо нема да бидат сложни..
МИ РЕКОА ДЕКА ЕДНО ОД ОВИЕ ДВЕ МОРА ДА БИДЕ.
ОВА ГО ЧУВААТ КАКО ТАЈНА.. НЕ У БУКВАЛНА СМИСЛА АЛИ... ТИ ТЕКНУЕ
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Како можи да го чуваат во тајна нешто што не се случило?
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Јас знам дека на 22.12.2012 сите ќе се чуствуваат многу глупаво, така беше и на 1.1.2000 година!
Ова е цитат од еден филм ама не ми текнува од кој беше, овој свет можеме само ние самите да го уништиме а тоа го правиме секојдневно, сите приказни за метеори, комети и што ли уште не јас не ги прифаќам...:toe:
 
Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22

1.1.2000 godina bese datum lazno predviden od nekoj prorok koj se pretstavuval kako Nostradamus.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
А пак 2012 можи ќе биди вистина? Мислам за КРАЈ на Светот?
 
Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Abe ni jas ne veruvam deka ke bide kraj na svetot.:D ama si vikam deka neshto ke se sluci.Denesk 2012 e godina za koja ima najmnogu podatoci na internet. I da ne treba da se sluci toa i da ne e vistina.Sigurno nekoj nekade ke napravi nesto vo 2012. Mozi k eima vojna,mozi nesto drugo.....Si vikam me razbra.:smir:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Abe ni jas ne veruvam deka ke bide kraj na svetot.:D ama si vikam deka neshto ke se sluci.Denesk 2012 e godina za koja ima najmnogu podatoci na internet. I da ne treba da se sluci toa i da ne e vistina.Sigurno nekoj nekade ke napravi nesto vo 2012. Mozi k eima vojna,mozi nesto drugo.....Si vikam me razbra.:smir:

А бе нешто ќе има ама што...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom