21.12.2012 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Прочитај го ова и ќе ти стани јасно
Пречникот на еден атом е голем приближно околу 10E-8 или 1/100.000.000 cm. Кај обичните цврсти тела и течности, атомите се наоѓаат многу близу еден до друг, практично се допираат. Густината на цврстите тела и течности зависи од големината на атомите, нивната способност за поврзување и јачината на меѓусебните врски, како и од тежината на поединечните атоми.
Цврста материја со најмала густина е водениот лед, чиј кубен сантиметар е тежок околу 0,076
gr. Најгуст се смета реткиот метал осмиум (Os) со 22,48 gr по кубен сантиметар (златото има 19,3 gr/cm³, живата 13,6 gr/cm³, железото 7,8 gr/cm³, воздухот 1,29 gr/cm³ а водената пареа 0,8 gr/cm³).
Кога атомите би биле цврсти нестисливи топчиња, осмиумот би бил најгуст можен материјал, но и тогаш неговиот кубен сантиметар не би бил потежок од 100
gr, а да не зборуваме за еден тон.
Но, атомот не е компактен. Неодамна, во 1911 год. британскиот физичар Ернест Радерфорд (
ErnestRutherford), докажал дека атомот е составен воглавно од празен простор. Обвивката ја сочинуваат електроните, а 99,9 % од неговата маса е концентрирана во нуклеусот, јадрото, кој се наоѓа во средината.
Јадрото има пречник од околу 10
E-13 cm., што е околу 1/100.000 од пречникот на атомот. Значи, ако некоја грутка материја со големина на тениско топче ја збиеме толку силно, при што би се раскинале електронските обвивки на атомите и самите јадра со сила би ги приближиле еден до друг, тогаш пречникот на таа грутка би бил 1/100.000 од пречникот на тениското топче.
Ако Земјата ја збиеме толку многу, при што таа би била составена само од атомски јадра, тогаш целата нејзина материја би зафаќала простор колку една топка со пречник од 130 метри. Доколку го сториме истото со Сонцето, тоа би било топка од само 15 километри во пречник. Ако го компресираме целиот универзум на истиот начин, би добиле сфера со пречник од неколку стотини милиони километри и би можеле сосема лесно да го сместиме во просторот што го зафаќа астероидниот појас во нашиот Сончев систем.
Енормно големите притисоци и температури, кои владеат во центарот на ѕвездите, доведуваат до пробив на атомската структура и овозможуваат меѓусебно приближување на атомските јадра. Густината на материјата во центарот на Сонцето е далеку поголема од онаа на осмиумот (160 пати погуста од водата), но поединечните јадра сé уште се движат слободно, така што центарот на Сонцето останува гасовит. Некои ѕвезди се составени исклучиво од такви атомски јадра. Првата откриена ваква ѕвезда е Сириус Б, дел од двојниот ѕвезден систем во кој спаѓа и најсјајната ѕвезда на нашето небо, Сириус. Тоа бело џуџе е околу 10.000 пати послабо од својот сосед, или 500 пати послабо од Сонцето. Пресметано е дека неговата маса е нешто помала од масата на Сонцето, а неговиот пречник нешто помал од пречникот на Земјата.
Знаеме дека јадрата на атомите се составени од протони и неутрони. Протоните се елементарни честици со позитивен електричен полнеж и тие меѓусебно се одбиваат, што не им дозволува да бидат на многу мало растојание во голем број. Меѓутоа, неутроните, кои се електрично неутрални, под одредени услови, односно по експлозија на супернова, можат да се згуснат во огромен број, при што формираат неутронска ѕвезда.
Денес знаеме дека пулсарите се токму такви неутронски ѕвезди.
Кога Сонцето случајно би се претворило во таква ѕвезда, целата негова маса би се собрала во една топка која би зафаќала простор од околу 1/100.000 дел од неговиот сегашен пречник. Волуменот кој што тогаш ќе го зафаќа таа неутронска ѕвезда би бил еден квинтилионити (1/1.000.000.000.000.000) дел од сегашниот волумен. Значи, густината на таквото Сонце би била 1.000.000.000.000.000 пати поголема од сегашната.
Сегашната вкупна густина на Сонцето изнесува околу 1,408
gr/cm³ (тоа е точно една четвртина од средната Земјина густина која е 5,515 gr/cm³) и еден прстен од неговата материја е тежок колку една коцка шекер, а еден прстен материја од белото џуџе би бил тежок околу 1.400.000.000.000 килограми.
Според тоа, еден кубен сантиметар од неутронската ѕвезда навистина тежи 1.400.000.000 (милијарда и четири стотини милиони) тони.
Не те прашав за густината.Те прашав за како настанала.Не дека незнам како настанала знам.Туку сакав да видам што ќе одговориш.За да настане неутронска ѕвезда ти треба бело џуџе,за да настане бело џуџе ти треба супер нова.А ако имало супер нова тогаш сонцето би требало да биде ручкано до сега.И да.Белите џуџиња се гледаат и со голо око и со аматерски телескоп.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606

Токму така. Фала богу некој што внимава што чита ...
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Не мора да значи. Има неутронски ѕвезди стари и по неколку десетици милиони години.
А за да настанат тие тогаш би требало да има бело џуџе.А пред тоа би требало да има СУПЕР НОВА.А тоа сигурно било кога сонцето се формирало или било формирано во рана фаза.Ама и тогаш ќе било ручкано.:helou:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Не те прашав за густината.Те прашав за како настанала.Не дека незнам како настанала знам.Туку сакав да видам што ќе одговориш.За да настане неутронска ѕвезда ти треба бело џуџе,за да настане бело џуџе ти треба супер нова.А ако имало супер нова тогаш сонцето би требало да биде ручкано до сега.И да.Белите џуџиња се гледаат и со голо око и со аматерски телескоп.

А бе тоа ако се случило сигурно не се случило вчера или пред една година, се случило пред милиони години.
И второ ѕвездите, ѕвездените системи СЕ ДВИЖАТ!
Тоа значи дека сигурно не настанала кај што е сега!
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Точно.Но ти викаш дека нашето сонце и цел наш сончев систем орбитира по таа ѕвезда.Значи сонцето како послушно кученце си тричка по неа така?И сигурно таа ѕвезда не настанала како неутронска ѕвезда туку како обична малца ѕвезда бебе.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
А за да настанат тие тогаш би требало да има бело џуџе.А пред тоа би требало да има СУПЕР НОВА.А тоа сигурно било кога сонцето се формирало или било формирано во рана фаза.Ама и тогаш ќе било ручкано.:helou:

Ќе било ручкано ако било во негова близина.
Ама се ДВИЖИ, ПОМЕСТУВА што значи дека се Суперновата се случила на ДРУГО место!
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Дебанкирање на еден или друг заговор нема многу да помогне во неговот решавање.
Намерата на дебанкирањето е да покаже/докаже дека не постои заговор. Не е да помогне во неговото решавање.

Ако еден заговор e дебанкиrан, најпросто кажано, тој што сеуште се занимава со заговорот џабе троши време. Cause there is none.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Точно.Но ти викаш дека нашето сонце и цел наш сончев систем орбитира по таа ѕвезда.Значи сонцето како послушно кученце си тричка по неа така?И сигурно таа ѕвезда не настанала како неутронска ѕвезда туку како обична малца ѕвезда бебе.

Кога сум рекол така?
Ај читај внимателно па пишувај!
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ќе било ручкано ако било во негова близина.
Ама се ДВИЖИ, ПОМЕСТУВА што значи дека се Суперновата се случила на ДРУГО место!
Нетронската ѕвезда не може да е толку моќна да движи систем од 11 планети заедно со својот т.н. систем со планети кои би требало да бидат прав до сега, ако твојата теза е точна и дека неутронските ѕвезди траат со милиони години. Твојата теорија се контрира на самата себе. Можеби сепак треба да разгледаш некои други алтернативни објаснувања Human, некои работи ќе ти се разјаснат. Гледам те интересираат вакви работи така да мислам не би претставувало проблем, нели?

Намерата на дебанкирањето е да покаже/докаже дека не постои заговор. Не е да помогне во неговото решавање.

Ако еден заговор e дебанкиrан, најпросто кажано, тој што сеуште се занимава со заговорот џабе троши време. Cause there is none.
Не ме разбра. За заговорот да биде дебанкиран, мора да се даде објаснување што е всушност случено. Сега сфаќаш?

А со фактот дека различни групи користат различни методи на дебакирање - се добиваат различни објасненија.

Тоа што го кажа важи за секоја група посебно.

Кога сум рекол така?
Ај читај внимателно па пишувај!
Phoenix ја даде таа теорија, а ти рече дека е теоретски можно.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Не те прашав за густината.Те прашав за како настанала.Не дека незнам како настанала знам.Туку сакав да видам што ќе одговориш.За да настане неутронска ѕвезда ти треба бело џуџе,за да настане бело џуџе ти треба супер нова.А ако имало супер нова тогаш сонцето би требало да биде ручкано до сега.И да.Белите џуџиња се гледаат и со голо око и со аматерски телескоп.
Кажи кое бело џуџе се гледа со голо око? Ова е ново, немам слушнато досега. Дај кажи кај можи да се види со голо око?
Зборуваме за неутронска ѕвезда што не се гледа ниту со телескоп (на видлива светлина) ниту со голо око.
А суперновата сигурно се случила пред многу години (милиони).
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Oф напорен човеку.Бело џуџе и неутронска ѕвезда не е исто.Белото џуџе зрачи светлина многу појака од оваа на нашево Сонце.А неутронска ѕвезда е кога белото џуџе ќе умре и останува само неутронска ѕвезда.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Нетронската ѕвезда не може да е толку моќна да движи систем од 11 планети заедно со својот т.н. систем со планети кои би требало да бидат прав до сега, ако твојата теза е точна и дека неутронските ѕвезди траат со милиони години. Твојата теорија се контрира на самата себе. Можеби сепак треба да разгледаш некои други алтернативни објаснувања Human, некои работи ќе ти се разјаснат. Гледам те интересираат вакви работи така да мислам не би претставувало проблем, нели?
Неутронската ѕвезда има маса и до неколку пати поголема од нашето Сонце што значи има огромна гравитација (иако е толку мала) и можи околу нејзе да се вртат планети, астероиди итн.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ќе било ручкано ако било во негова близина.
Ама се ДВИЖИ, ПОМЕСТУВА што значи дека се Суперновата се случила на ДРУГО место!
Цк цк цк.Дали нашето сонце си скока како пчелка од цвет на цвет поточно од ѕведна на ѕвезда или си има своја орбита околу центарот на млечниот пат?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Oф напорен човеку.Бело џуџе и неутронска ѕвезда не е исто.Белото џуџе зрачи светлина многу појака од оваа на нашево Сонце.А неутронска ѕвезда е кога белото џуџе ќе умре и останува само неутронска ѕвезда.
Грешка! Белото џуџе е ѕвезда што се гаси и полека ќе се претвори во неутронска ѕвезда или црна дупка.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Грешка! Белото џуџе е ѕвезда што се гаси и полека ќе се претвори во неутронска ѕвезда или црна дупка.
А нели црните дупки настануваа со експлозија на супер нова?Или ти немаш видено бело џуџе на слика.
Изгледа како невидлива со голо око или пак со телескоп?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom