Најблискиот соларен систем до нашиот е на проксима кентаури која е оддалечена околу 4.24 светлосни години од нашиот систем.А неутронските ѕвезди се големи колку планетата земја и поголеми а не колку рид.
Да, според НАСА. Продолжи да ги слушаш далеку ќе стигнеш.
Oд кога црните дупки се толку мали?
Одкога постои универзумот. Си чул за супер-масивна црна дупка? Нека не те буни зборот масивна, се однесува само на гравитација. Големината и е колку зрно грав.
Добро неутронските ѕвезди се колку рид бла бла бла...А како настанала таа неутронска ѕвезда?
Ова е добро прашање на кое Human не даде конкретен одговор. Имам одговор за тоа подолу.
Од каде знаеш дека Нибуру не постои повеќе т.е. како престанала да постои?
Ако ти кажам од каде ми е тоа ризикувам да бидам нападнат како минатиот пат, така да останува како информација, не е важно од каде е. Не мораш да ми веруваш, ни ти, ни било кој друг што го чита ова, но убаво би било да оладите со Нибуру зошто нема потреба од плашење луѓе ако страшилото го нема. Стравот е моќно оружје, особено ако добро го искористиш. Нема потреба од сеење и влевање страв повеќе. Како раса имаме поважни проблеми од Нибуру и кој и да бил на него. Треба да се фокусираме на нас.
Кое е тоа друго тело што треба да помини во близина на Земјата?
Кога и на колкава оддалеченост треба да помини?
Вештачка планета. Од системот Епсилон Еридани.
Неутронската ѕвезда не можи да се види со телескоп ниту во областа на видливата светлина ниту во областа на инфрацрвената светлина ниту во областа на ултравиолетовата светлина.
Епа, еве, читнав нешто за неутронските ѕвезди (имам свој материјал собиран со години, не сум го разгледал одамна) и еве што вели:
Не, не е видлива кога е пред фаза на распаѓање и кога зрачи ненормална количина на неутрино честици. Но кога е млада е видлива и со голо око, спаѓа во бели џуџиња. Читај подоле ќе сфатиш.
Неутронската ѕвезда е составена само од неутрони и е многу мала (колку еден рид) ама е со огромна маса (и до неколку пати повеќе од масата на Сонцето) и голема гравитација.
Така да може да се открие само со специјални инструменти по магнетното поле што го има околу себе и е многу јако (затоа што се врти со голема брзина).
Не баш, иако ѕвезденото јадро е во главно (нестабилни) неутрони, нуклеоните на површината содржат хидроген, хелиум и нестабилни изотопи на железо поради природните карактеристика на железото - висока сврзлива енергија по нуклеус на фемтометар кватратен, и хиперваленција. При делењето се ослободува додатна енергија која се таложи на површината се додека бран од неутрино честици не ја исфрли во вселената. Инаку има и цели мориња од електрони кои пливаат во празнините меѓу неутроните. После делбата, нуклеусот на железото без своите електрони "потонува" во јадрото на ѕвездата а на површината остануваат само хидроген и хелиум.
Прочитај го ова и ќе ти стани јасно
Пречникот на еден атом е голем приближно околу 10E-8 или 1/100.000.000 cm. Кај обичните цврсти тела и течности, атомите се наоѓаат многу близу еден до друг, практично се допираат. Густината на цврстите тела и течности зависи од големината на атомите, нивната способност за поврзување и јачината на меѓусебните врски, како и од тежината на поединечните атоми.
Цврста материја со најмала густина е водениот лед, чиј кубен сантиметар е тежок околу 0,076 gr. Најгуст се смета реткиот метал осмиум (Os) со 22,48 gr по кубен сантиметар (златото има 19,3 gr/cm³, живата 13,6 gr/cm³, железото 7,8 gr/cm³, воздухот 1,29 gr/cm³ а водената пареа 0,8 gr/cm³).
Кога атомите би биле цврсти нестисливи топчиња, осмиумот би бил најгуст можен материјал, но и тогаш неговиот кубен сантиметар не би бил потежок од 100 gr, а да не зборуваме за еден тон.
Но, атомот не е компактен. Неодамна, во 1911 год. британскиот физичар Ернест Радерфорд (ErnestRutherford), докажал дека атомот е составен воглавно од празен простор. Обвивката ја сочинуваат електроните, а 99,9 % од неговата маса е концентрирана во нуклеусот, јадрото, кој се наоѓа во средината.
Јадрото има пречник од околу 10E-13 cm., што е околу 1/100.000 од пречникот на атомот. Значи, ако некоја грутка материја со големина на тениско топче ја збиеме толку силно, при што би се раскинале електронските обвивки на атомите и самите јадра со сила би ги приближиле еден до друг, тогаш пречникот на таа грутка би бил 1/100.000 од пречникот на тениското топче.
Ако Земјата ја збиеме толку многу, при што таа би била составена само од атомски јадра, тогаш целата нејзина материја би зафаќала простор колку една топка со пречник од 130 метри. Доколку го сториме истото со Сонцето, тоа би било топка од само 15 километри во пречник. Ако го компресираме целиот универзум на истиот начин, би добиле сфера со пречник од неколку стотини милиони километри и би можеле сосема лесно да го сместиме во просторот што го зафаќа астероидниот појас во нашиот Сончев систем.
Енормно големите притисоци и температури, кои владеат во центарот на ѕвездите, доведуваат до пробив на атомската структура и овозможуваат меѓусебно приближување на атомските јадра. Густината на материјата во центарот на Сонцето е далеку поголема од онаа на осмиумот (160 пати погуста од водата), но поединечните јадра сé уште се движат слободно, така што центарот на Сонцето останува гасовит. Некои ѕвезди се составени исклучиво од такви атомски јадра. Првата откриена ваква ѕвезда е Сириус Б, дел од двојниот ѕвезден систем во кој спаѓа и најсјајната ѕвезда на нашето небо, Сириус. Тоа бело џуџе е околу 10.000 пати послабо од својот сосед, или 500 пати послабо од Сонцето. Пресметано е дека неговата маса е нешто помала од масата на Сонцето, а неговиот пречник нешто помал од пречникот на Земјата.
Знаеме дека јадрата на атомите се составени од протони и неутрони. Протоните се елементарни честици со позитивен електричен полнеж и тие меѓусебно се одбиваат, што не им дозволува да бидат на многу мало растојание во голем број. Меѓутоа, неутроните, кои се електрично неутрални, под одредени услови, односно по експлозија на супернова, можат да се згуснат во огромен број, при што формираат неутронска ѕвезда. Денес знаеме дека пулсарите се токму такви неутронски ѕвезди.
Кога Сонцето случајно би се претворило во таква ѕвезда, целата негова маса би се собрала во една топка која би зафаќала простор од околу 1/100.000 дел од неговиот сегашен пречник. Волуменот кој што тогаш ќе го зафаќа таа неутронска ѕвезда би бил еден квинтилионити (1/1.000.000.000.000.000) дел од сегашниот волумен. Значи, густината на таквото Сонце би била 1.000.000.000.000.000 пати поголема од сегашната.
Сегашната вкупна густина на Сонцето изнесува околу 1,408 gr/cm³ (тоа е точно една четвртина од средната Земјина густина која е 5,515 gr/cm³) и еден прстен од неговата материја е тежок колку една коцка шекер, а еден прстен материја од белото џуџе би бил тежок околу 1.400.000.000.000 килограми.
Според тоа, еден кубен сантиметар од неутронската ѕвезда навистина тежи 1.400.000.000 (милијарда и четири стотини милиони) тони.
За да постои неутронска ѕвезда во непосредна близина на нашиот Соларен Систем, мора да е новоформирана. Зошто? Па додека јадрото на една ѕвезда при процесот на супернова е под дејство на компресија, прави колапс, и станува неутронска ѕвезда, но си го задржува својот 'импулс моментум'. Температурата изнесува ок
олу 1011 (десет на единаеста) келвини во просек, но таа енергија постепено се намалува во текот на неколку години поради огромното испуштање на неутрини честици во вселената. На крај температурата би се спуштила до околу еден миллион келвини.
Во ретки случаи, може при колапсот да настане и кваркна ѕвезда, но ова е многу редок случај. (видете на google за кваркови). Инаку, поради губењето на својата енергија преку испуштање на неутрини честици, неутронската ѕвезда има неизбежен крај како црна дупка, поради своето нестабилно постоење и губиток на енергија а зголемување на гравитациона сила и маса. Гравитационен колапс е ниезбежна судбина за ѕвезди кои имаат приближно 4 до 5 пати маса од таа на нашето сонце. Инаку, спаѓаат во класата на бели џуџиња. Што значи дека се видливи. Кога достигнуваат огромна маса и гравитациона сила а недостаток на енергија во јадрото, почнуваат да избледуваат и видливи се само во спектарот на X-зраците.
Значи, неутронските ѕвезди се производ на Супернови. Суперновата мора да е случена неодамна, зошто неутронските ѕвезди како такви имаат краток век на траење и почнуваат да бледеат како што јадрото им станува понестабилно, и на крај под дејство на тотален гравитационен колапс, се претвораат во црни дупки.
Проверка: Немаме црна дупка во наша непосредна близина, нити сме забележале супернова. Инаку ако забележавме било кое од тие работи, најверојатно тоа ќе беше последното нешто што сме го виделе.