21.12.2012 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.250
Поени од реакции
4.854
Темната планета Нибуру. Блиска средба во 2012

Дали постои?
Дали е вистина?
Крие ли некој за тоа?
Планетата Нибуру која кружи околу неутронска ѕвезда во близина на нашиот Сончев систем е можно да помини блиску до Земјата во 2012 год. притоа предизвикувајќи катастрофални земјотреси, вулкански ерупции, огромни поплави кои можат да бидат погубни за човештвото.

 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Дали постои?
Дали е вистина?
Крие ли некој за тоа?
Планетата Нибуру која кружи околу неутронска ѕвезда во близина на нашиот Сончев систем е можно да помини блиску до Земјата во 2012 год. притоа предизвикувајќи катастрофални земјотреси, вулкански ерупции, огромни поплави кои можат да бидат погубни за човештвото.

Нај блиска ѕвезда до нашиот сончев систем е Алфа Кентаури.И ако веќе кружи околу некоја ѕвезда сигурно нема да флева во дриг соларен систем и сигурно по пат ќе собере уште некоја планета (Плутон,Марс,Нептун,Уран,Сатурн,Јупитер).
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.250
Поени од реакции
4.854
Да точно и се смета дека таа планета ја уништила (колку е точно не знам затоа што има многу теории поврзани за тоа) тогаш петтата планета од Сончевиот систем каде што остатоците од таа планета е астероидскиот прстен помеѓу Марс и Јупитер.

Исто така се споменува дека за сето ова знае НАСА но го држи во тајност со цел да не се создава паника.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Да точно и се смета дека таа планета ја уништила (колку е точно не знам затоа што има многу теории поврзани за тоа) тогаш петтата планета од Сончевиот систем каде што остатоците од таа планета е астероидскиот прстен помеѓу Марс и Јупитер.
Која планета.А астеридниот појас не е ништо чудно.Кога се создало сонцето и од правот кој што останал од сонцето честичките почнале да се судираат и правеле малечки тела,малку поголеми,метеори,астероиди... планети.Тој асфтероиден појас е остаток од формирањето на денешните планети.Но се верува дека прстените на Сатурн се созданеи од уништување на некоја помала планетичка/сателит.
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Нај блиска ѕвезда до нашиот сончев систем е Алфа Кентаури.И ако веќе кружи околу некоја ѕвезда сигурно нема да флева во дриг соларен систем и сигурно по пат ќе собере уште некоја планета (Плутон,Марс,Нептун,Уран,Сатурн,Јупитер).
Најблиска ѕвезда до сончевиот систем е Проксима Кентаури на растојание од 4.24 светлосни години, Алфа Кентаури е на 4.35 светлосни години...
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Најблиска ѕвезда до сончевиот систем е Проксима Кентаури на растојание од 4.24 светлосни години, Алфа Кентаури е на 4.35 светлосни години...
Благодарам на исправката.Но сепак и 4.24 светлосни години се растојаније.Ако Нибиру е во соларниот систем на Проксима сигурно ќе орбитира околу Проксима а не околу сонцето.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.250
Поени од реакции
4.854
Планетата Нибуру кружи околу неутронска ѕвезда.
Неутронската ѕвезда претставува ѕвезда како нашето сонце или како Проксима Кентаури која го потрошила своето гориво и е изгасната со драстично намалени димензии ама иста гравитација и се наоѓа далеку од нас.
Арно ама околу неа кружи Нибуру на големо растојание и се претпоставува дека околу 2012-2013 ќе помини многу блиску до Земјата.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ох па тогаш значи дека и сонцето кружи околу таа неутронска ѕвезда.Ако гсоларниот систем на таа ѕвезда Х е толку голем што минува и низ нашиот тогаш и нашето сонце кружи околу неа.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.250
Поени од реакции
4.854
Ох па тогаш значи дека и сонцето кружи околу таа неутронска ѕвезда.Ако гсоларниот систем на таа ѕвезда Х е толку голем што минува и низ нашиот тогаш и нашето сонце кружи околу неа.
Теоретски можно е...
 
Х

Ханзо

Гостин
Од толку теории за 2012, оваа со Нибиру ми е најретардирана, ама ајде, failsafe за параноиците:
- Погледни го небото и барај ја Нибиру. Ако е толку голема и треба да не сотре за 3 години, веќе треба да се гледа.
- Погледни го небото и најди ги другите планети. Потоа спореди ги нивните привидни патеки со предвидените привидни патеки. Ако има отстапки, Нибиру ебе гравитација.
- Погледни го сонцето. Големо е? Мало е? Жешко? Ладно? Истиот заеб со гравитацијата.
- Погледни го времето. Сонцето заоѓа на пладне? Нибиру. Или па саатот ти е кинески, фрли го.
- Погледни во огледало. Што мајка си ставил алуминиумска фолија на глава?

Овие неколку do-it-yourself-at-home основни вежби би требало да ви го свртат вниманието кон малку поинтересни и поблаго ретардирани теории за 2012. Зашто ова е смешно.
 
D

DartWader

Гостин
Извадок од astronomija.com.mk автор Мартин Стојановски 2008 гоидна
Сончевиот систем е безбеден! Нема катаклизма во 2012 година


Неодамна доста луѓе беа исплашени од „информацијата“ за крај на светот во 2012 година, па почнаа да се јавуваат и да пишуваат мејлови, прашувајќи дали тоа навистина ќе се случи?

Ова намерно го пишувам со болдирани букви: НЕМА НИКАКВА ОПАСНОСТ ЗА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ОД ПЛАНЕТАТА „НИБИРУ“ ВО 2012 ГОДИНА. Бидете си спокојни и уживајте во благодетите на животот што ни е подарен, затоа што, сепак, кратко време го делиме ова простор-време со останатиот дел од Универзумот.

Не сакам да звучам едномислено и своеглаво во текстот, но навистина некои работи што се пласираат во медиумите не се ни морално, ни етички оправдани, па колку и тие да придонесуваат кон гледаноста на една емисија, кон пропагандата и PR-от. Секојдневно слушаме за светските популарни фаци како прават ова или она, како во одреден степен ја изразуваат својата еднонасочност во мислењата, идиотското однесување и да не набројувам понатаму. Но, таквите вести, иако не ги оправдувам, не кажуваат дека ќе дојде крајот на светот, па кој сака и го интересира тоа може да ги чита и да си го изградува своето мислење базирано на нив. Но, да пласирате информација дека во 2012 ќе дојде крајот на светот, а таа информација е поткрепена со... хммм, клипчиња, што некој што немал работа ги направил и пуштил на YouTube, и филм, кој ја обработува токму оваа тематика и од кој најверојатно и настанала сета оваа, да не кажам, фарса?

Инаку, да објаснам малку за името „Нибиру“ (Nibiru). Потекнува од Сумерите, народ кој живеел на подрачјето на реките Тигар и Еуфрат, или денешен Ирак, и е најден на написи кои датираат од околу 3 000 г.п.н.е. Зборот во превод значи „планета на поминување“. Според тоа каков мит се роди од оваа наводна планета, името ѝ одговара. Инаку, името се споменува и во конотација со планетата Јупитер, ѕвездата Северница и со 10-тата планета, која постоела според Сумерската космологија.

Клучен збор во сево ова што ќе го читате понатаму има зборот ГРАВИТАЦИЈА. За тие што не знаат, тоа е една од четирите фундаментални сили во природата, покрај електромагнетната, слабата и јаката нуклеарна сила. Тоа е силата која придонесува ние, како и сите други живи организми и предмети, да останеме на тлото на нашата мила планета и не ни дозволува да летаме низ воздухот. Секако, инсектите, птиците и авионите летаат, но тие користат енегрија која ја добиваат од нивните крилја или мотори, со што ѝ се противставуваат на гравитацијата. Без да се користи било каква дополнителна сила, гравитацијата на нашата планета секое тело ќе го привлече кон површината.

Гравитацијата е една слаба сила, но таа има влијание на многу големи растојанија, па така поради неа сме настанале и ние. Да не била гравитацијата, немало да се формира ни Сонцето, ниту планетите, би ги немало галаксиите и сè друго што ја формира нашата Вселена, каква што ја познаваме. Гравитацијата во секој момент влијае на нас, а и на сите планети во нашиот Сончев систем. Колку некое тело е помасивно, толку има поголема гравитациона моќ. Но, гравитацијата опаѓа со растојанието, па така колку едно тело е подалеку, толку ослабнува неговата гравитациона моќ.

Да прејдам на темата. Значи, идејата е дека „во 2012 година во близина на Земјата ќе помине планета со големина на Јупитер, со што ќе дојде до масовно изумирање на луѓето и сите живи организми на нашата планета“.

Да, доколку таа би била масата на планетата и би поминала во близина на Земјата, сигурно би имало несакани последици. Но, за тоа потоа. Сè уште не сме дојдени до тој степен, за да размислуваме за евентуално уништување на нашата планета од некое вакво тело. Доколку би се случила некоја ваква катастрофа, повеќе треба да се плашиме од удар на некоја комета или, пак, астероид, кои се многу поголема опасност за Земјата од наводните планети скитници.

Тело со големина на Јупитер, која е најголемата и најмасивната планета во Сончевиот систем, многу би влијаело врз целокупниот Сончев систем. Токму гравитацијата го држи нашиот планетарен систем во оваа хармонија во која се наоѓа денес. Со хармонија говорам за орбитите на поголемите тела (планетите) и нивните елиптични патеки околу Сонцето. Сите планети си имаат една стандардна елиптична патека, која останала непроменета уште од нивното формирање пред 4,5 милијарди години. Значи, покрај Сонцето, кое со својата маса ги држи планетите и другите тела (астеориди, комети, метеороиди) во орбита околу него, така и самите планети си делуваат гравитационо едни на други. Исфрлете ја, на пример, планетата Сатурн од Сончевиот систем и веднаш ќе настанат промени на патеките на сите други планети. Значи, за да го имаме овој распоред што денес униформно постои во Сончевиот ситем важни се сите тела што се во него и нивната гравитациона моќ.

Наводната планета Нибиру, би требало да помине низ Сончевиот систем во 2012 година, што е за многу краток период, гледано астрономски. Податок за нејзината брзина на движење немаме. Но, тука доаѓа еден друг заклучок. Штом таа планета за 4 години треба да помине низ Сончевиот систем, таа веќе би се наоѓала во него. Или, ако се работи за некое тело што има многу голема брзина, што се ближи до брзината на светлината, тогаш планетата би се наоѓала некаде близу до Сончевиот систем. Ова второто е многу голема невозможност, бидејќи за да добие такво забрзување, планетата би требало да помине покрај некое тело со огромна гравитациона моќ, како што се црните дупки. Но, тука има и уште една друга теоретска невозможност, за која досега не сум слушнал дека може да се случи, (ама, сепак, да не ја исклучуваме), а тоа е планетата да настанале во орбита околу некоја ѕвезда и потоа со некоја „магична моќ“ да добие такво забрзување со што би ѝ избегала на гравитацијата на матичната ѕвезда и би патувала слободно низ меѓуѕвездениот простор. Планетите околу ѕвездите настануваат скоро во истиот период кога се формира и матичната ѕвезда, и тоа од остатокот од протопланетарниот облак околу нив. Ѕвездата во текот на својот живот поминува низ бројни фази, но патеките на планетите околу неа не се менуваат. Сонцето за 5 милијарди години ќе стане една голема ѕвезда, т.н. црвен џин, за потоа да се претвори во бело џуџе – ѕвезда со димензии колку димензиите на нашата планета (околу 12 000 km). Но, нејзината маса останува иста, па така ништо нема да се промени во однос на пропорциите на Сончевиот систем.

Од ова се доаѓа до заклучок дека треба да се случат некои многу сложени физички процеси во некои чудни ѕвездени системи, па од нив да се одвои некоја планета што подоцна би поминала низ Сончевиот систем.

Другата констатација вели дека ако планетата веќе е на пат кон Сончевиот систем, тогаш веќе ќе можеа да се почувствуваат и последиците од нејзиното приближување. Многу веројатно би било оваа планета веќе да е во Сончевиот систем, затоа што сигурно за четири години не може да помине енормни растојанија. Значи, под дејство на нејзината гравитација, планетите ќе почнеа да прават промени во своите патеки, ќе настанеше една конфузија во целокупниот Сончев систем. Така да, не треба да чекаме до 2012 година, за да ги почувствуваме тие последици. Бидете сигурни дека ако ова беше вистина немаше да треба некој да ви каже дека нешто „големо“ ни се приближува, туку сами ќе забележевте дека нешто не е во ред со нашата планета. Едноставно, не може (како што најдов некои податоци на интернет) планетата само инстантно да помине низ Сончевиот систем. Брзината на светлината, за сега за сите тела е нешто недостижно, а да не навлегуваме во теории кои кажуваат дека може да има и брзини што се поголеми од 300 000 km во секунда. Значи, моментално поминување е невозможно.

Уште поинтересен е фактот според кој планетата можела да се види само од опсерваторијата на Јужниот пол. Некој кој има барем малку познавање од астрономија, а не мора ни од астрономијата, туку знае дека нашата планета ротира под агол од 23,5 степени и прави една ротација околу својата оска за приближно 24 часа, веднаш ќе се изнасмее на ваквото тврдење. Што сакам да кажам со ова? Ротацијата на нашата планета околу својата оска ги предизвикува денот и ноќта, а во текот на ноќта предизвикува ѕвездите да патуваат по небото од исток кон запад. Доколку сте погледнале кон небото во иста ноќ во различен временски период, сигурно сте забележале дека ѕвездите не остануваат статични, на едно место, туку постепено ја менуваат својата позиција. Ова значи дека ниту едно место на планетата ја нема таа неприкосновена позиција само од таму да може да се гледа еден дел од небото. Нашата планета ротира, па така во текот на ноќта од едно место може да се види поголемиот дел од небото. Се разбира, во зависност од тоа на кое место на Земјата се наоѓате не може да го видите целото небо. Еден дел од небото ќе ви остане скриен, како што е најјужниот дел од небото за граѓаните на Македонија. Ние не можеме да го набљудуваме небото под 40° под небесниот екватор. Но, луѓето што живеат во Австралија, Нов Зеланд, Аргентина, Мадагаскар, Јужна Африка, па и на Антактикот можат да го гледаат тој дел од небото. Што подразбира, не мора да сте само на Јужниот пол за да ја видите оваа планета.



Наводната фотографија на планетата Нибиру, фотографирана во 2 временски периоди. Какво објаснување би дале за маглината што се шири околу наводната планета?



Вистинската фотографија од маглината V838 во соѕвездието Еднорог – Monoceros, што ни најмалку не е планета.

Дури се наоѓаат и наводни фотографии од оваа планета на интернет. Има дури и цртежи за нејзината наводна орбита околу Сонцето. Ако тоа е всушност таа орбита, значи Нибиру сега би била во близина на Сатурн, според времето кога треба да помине во близина на Земјата. Според нејзината големина и растојанието што го има, би значело дека секој од нас би ја видел како една ѕвезда на небото. Доколку сте имале можност да станете деновиве пред да изгрее Сонцето и сте погледнале кон исток, сигурно сте ги виделе планетите Јупитер и Венера близу една до друга. Значи и Нибиру би се гледала како нив, но најверојарно со нешто помал сјај. Има толку многу аматери астрономи низ светот. Досега некој од нив сигурно би ја забележал, со оглед на тоа што има астрономи кои напамет ги знаат ѕвездите и нивната позиција на небото, па така овој невообичаен феномен сигурно нема да им побегне од очи.



Наводната орбита на планетата Нибиру

Како за крај ќе кажам дека ова е само еден убав маркетинг трик, кој во денешно време го применуваат многу пишани и електронски медиуми, со цел за зголемување на нивната читаност/гледаност. Но, постојат работи за кои, доколку се пласираат во пошироката јавност, треба да се има многу добри докази. Ваква информација за луѓето значи паника и е многу невкусно истата да се пласира. Има тука една многу убава логика - доколку сево ова беше вистина, сите вести би започнувале со оваа информација.

Со ова што го напишав не сакам кон никого да посочувам и да изнесувам критики. Овој натпис значи само едно разјаснување на работите, кои ги затекнаа многу од граѓаните на Македонија со наводната апокалипса во 2012 година.

Нашава планета е убаво место, и ние треба да сме исклучително среќни што се наоѓаме на неа, па затоа искористете го секој момент што ви е пружен и уживајте во него. Земјата ќе си биде сина и убава и ќе ни го нуди и понатаму овој прекрасен дом.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.250
Поени од реакции
4.854
Од толку теории за 2012, оваа со Нибиру ми е најретардирана, ама ајде, failsafe за параноиците:
- Погледни го небото и барај ја Нибиру. Ако е толку голема и треба да не сотре за 3 години, веќе треба да се гледа.
- Погледни го небото и најди ги другите планети. Потоа спореди ги нивните привидни патеки со предвидените привидни патеки. Ако има отстапки, Нибиру ебе гравитација.
- Погледни го сонцето. Големо е? Мало е? Жешко? Ладно? Истиот заеб со гравитацијата.
- Погледни го времето. Сонцето заоѓа на пладне? Нибиру. Или па саатот ти е кинески, фрли го.
- Погледни во огледало. Што мајка си ставил алуминиумска фолија на глава?
Не знам дали го погледна клипот
Нибуру се гледа само од јужната хемисфера т.е. само од Јужниот пол
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ако сонцето орбитира околу ѕвездата Х тогаш околу неа треба да орбитираат и други ѕвезди.Ако Нибиру кружи околу Х за 2-3000 години тогаш и нашето сонце треба да прави 1 круг околу Х на толку години а од времето на пирамидите до сега не било забележано нешто слично.Ако околу таа Х орбитира сонцето сигурно орбитираат и други ѕвезди и тела.Епа ако е така зошто има слободни тела кој се наоѓаат близу нашиот сончев систем но тие немаат никаква орбита.Дали Х е можеби црна дупка и не се гледа со голо око или телескоп зошто треба да е многу многу многу масивна ѕвезда за да може да орбитираат други соларни системи околу неа.Или пак зборуваме за нова галаксија во нашата галаксија?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
околу темата за нибуру...

Има добри постови на темава и затоа нема да замине во канта, туку ќе ја спојам со општата тема за 2012та, и да ја оставам како посебна после третата страна ќе се дискутира за истото, иако како теорија за крај на светот во 2012та Нибуру исчезна онака како што и дојде... нигде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom