Овердрајв
Модератор
- Член од
- 5 ноември 2005
- Мислења
- 4.255
- Поени од реакции
- 569
Тие што барале по книги/интернет нешто околу мистериите на античкиот свет (конкретно Средна Америка - Маите, Египет, Блиски Исток - Сумерите) веројатно наишле на бројот, односно годината 2012.
Јас, како човек кој во последниве 4 години знаел да посвети по ден-два (некогаш и повеќе) барајќи било какви информации за разни Атлантиди, пирамиди ваму и таму итн итн, можам да кажам дека бројката 2012 ја имам видено прилично многу пати. Се’ до пред една година не знаев што значи, а и тогаш, кога дознав – не ми се веруваше многу, бидејќи беше спомната во област за која немав претходни знаења, а врска немав како би можела да биде поврзана со тоа што го барав.
Секаде каде што прочитав, годината 2012 се спомнува како многу важна (читај - најважна) година.
Се’ почнува од Маите, и нивниот календар, кој и ден-денес се смета за најточниот календар некогаш направен, поради тоа што се заснова на движењето на небесните тела (главно Сонцето, Меркур и Венера).
Имено, Маите си развиле нивен систем на сметање на времето..
Број на денови / Израз
1 / Kin
20 / Uinal
360 / Tun
7200 / Katun
144000 / Baktun
.. а за почетен датум на својот календар го одредиле 11 август 3114 година п.н.е.
Системот, т.е. начинот на запишување е прилично интересен. На пример, 5.16.0.7.0 значи 5х144,000 + 16х7200 + 0х360 + 7х20 + 0х1, што е еднакво на 835,340 денови од започнувањето на календарот.
Е тука е интересниот дел. Според Маите, календарот завршува со 13тиот бактун (Baktun), што значи 1,872,000 денови од почетокот на календарот, или 21 декември 2012 година, денот на зимската рамноденица. Не е јасно и тоа како успеале толку прецизно да погодат кога е рамноденицата, кога немале нели денови, месеци, години, туку само бројки.
Баш и не се потрудиле да објаснат што потоа.. значи, не се знае што значи според Маите крајот на календарот. Крај на светот? Ху ноус?
Најс до тука, а? (=
Оваа бројка ја сретнав по втор пат кога барав нешто за Сумерите.. за Историја ли, за што ли беше.. не е важно.
Овие пак верувале во “планета на боговите” (планета од која дошле/се симнале боговите), и си ја крстиле таа планета Нибиру (Nibiru). Nibiru наводно не е откриена до сега поради нејзината чудна орбита (под поголем агол од било која друга планета во Сончевиот систем, и со спротивна насока на движење), која ја носи надвор и повторно назад во Сончевиот систем во одредени временски периоди. Со оваа планета владее(ла) раса позната како Анунаки (Anunnaki), за кои има многу теории. Според една, имало нешто караници помеѓу “боговите”, и дел од нив дошле на Земјата, каде што нашле многу злато, кое пак, било потребно за обновување на заштитната (атмосферска?) обвивка на Nibiru. Пак се карале, тепале, кој знае што.. после некое време решиле да ја населат Земјата со раса на робови, и по пат на генетски модификации ги создале првите примероци на хомо сапиенс (а.к.а. луѓето), и им дале нешто власт. Луѓето како луѓе се побуниле, си почнале да си владеат по нивно и, needless to say, ги стигнала “небесна казна”. “Боговите” Anunnaki ја потопиле површината на која живееле луѓето, нешто што е познато како библискиот Голем Потоп (Голема Поплава, сеедно). Дел од населението успеало да се спаси и да го продолжи човековиот род (уште една библиска референца – а Библијата не е ништо друго освен збирка на изминати настани, ама тоа во друга прилика – бродот на Ное).
Еве што вели друга приказна: http://www.world-mysteries.com/pex_2.htm .
Се’ ќе си беше супер, и приказнава ќе си останеше само тоа – приказна, да не постоеше – што друго освен бројката 2012. Имено, токму во годината 2012 е сместено враќањето на оваа планета (позната и како Planet X), и се смета за екстремно важен настан на повеќе нивоа, кои повторно – изненадување – не се наведени, туку за кои само се шпекулира.
Имаше (најмалку) една тема на форумов, колку-толку обработена, кои се и што се индиго децата, па не се задржувам на тоа. Важно е да се знае дека индиго децата не се мит, туку реалност.
Туку, guess what? И во оваа област годината 2012 е година-пресвртница. Се смета дека ќе настане просветлување кое ќе ги опфати сите индиго луѓе, и дека светот од 3Д ќе премине во 4Д, т.е. дека просветлените ќе живеат околу останатите луѓе кои нема да можат да ги видат, бидејќи нема веќе да имаат земни тела, односно ќе бидат во таа четврта димензија.
Тука некаде е и чичко Нострадамус, кој пак во своите катрени пишува за ”опасност, оган од небото”. Некои луѓе ова го поврзуваат со нападите врз WTC зградите во Њујорк, само заради тоа што Нострадамус напишал за ”оган од небото” во 1999 (а се знае дека датумите/годините во неговите катрени се приближни). Меѓутоа не може со сигурност да тврдиме дека ете некој стварно ги протолкувал стиховите, па дека тоа е апсолутната вистина. Имено, Нострадамус пишува дека тој ”оган од небото” ќе го означи почетокот на Трета Светска војна.. од 2001 наваму видовме 2-3 војни (поточно интервенции), кои беа/се далеку од светска војна..
Затоа, оваа референца може да се однесува и на блиската иднина, односно на почетокот на овој век/милениум.
Who knows?
Со горенапишаното, во кратки црти се обидов да го подобјаснам она што го.. да не речам – истражував.. последнава година.
Озбилно, најверојатно никој не знае што точно ќе се случи.
Единствениот заклучок кој можев да го извлечам од сите статии кои ги имам прочитано до сега е дека НЕШТО ќе се случи таа, 2012 година. Што, не знам, ама едвај чекам да дознаам (=
И ко за крај, неколку слики.. оставам на вас да одлучите што гледате на нив. Инаку, ова се слики од објекти/натписи/гравури на ѕидови од градби на Маите, Сумерите и Египјаните.
Уживајте! (=
Интересно?
Посебно внимание посветете на првиот објект од првиот ред и вториот и третиот објект од вториот ред..
Модел на објект што по карактеристиките е сличен на денешна едрилица, најден во гробница во Египет.