И јас имам читано за тоа... ама некако не ми се верува, де ова ќе ја удри земјата де она..... па и да е така да се радуваме шо ќе поживееме уште 6 години
иначе најдов нешто во врска со ова....
Маите всушност имале 22 календари кои покривале многу временски периоди во Универзумот и Соларниот Систем. Некои од овие календари се уште не се откриени. Петтиот свет според Маите завршува во 1987 година, а шестиот започнува на 21 декември 2012 година, што значи дека се наоѓаме во период "помеѓу два света". Шестиот свет според календарот на Маите е празен. Ова значи дека ние ќе бидеме тие кои ќе почнат да го градат новиот свет и да создаваат нови цивилизации. Исто така според нивниот календар се предвидува дека до 2012 година
- технологијата ќе биде многу напред од таа што ја знаеме денес
- ќе ја откриеме 5та димензија, откако ќе влеземе во 4та
- планетата Земја и Соларниот Систем ќе бидат во галактичка синхронизација со останиот дел од Универзумот
- DNA структурата ќе биде надградена односно репрограмирана од центарот на нашата галаксија
- целиот жив свет на планетата ќе мутира само што некои ќе бидат свесни за тоа а некои не.
Во 2012 година рамнината на Соларниот Систем ќе дојде во иста рамнина со нашата Галаксија. За ова биле потребни 26000 години. Дури две други галаксии ќе се најдат во иста рамнина со Соларниот Систем во исто време.
Исто така времето ќе се забрза. Веќе илјадници години пулсот (отчукувањата на срцето на Земјата) е 7.83 кругови во една секунда, но од 1980 година па наваму оваа резонанца полека се зголемува па така денес е повеќе од 12 кругови во секунда. Ова е еднакво на помалку од 16 часа на ден наместо 24.
За време на апокалипсата односно периодот помеѓу двата света многу луѓе ќе подложени на поголеми промени. Промените ќе бидат различни за секого. Пример за вакви промени е крајот на врска или промена на работното место или местото на живеење, промена на мислењето и слично. Всушност во секој момент од животот ние донесуваме мали или големи одлуки, а скоро секоја одлука е основана на љубов или страв.