Зар постои нешто нормално? зар постои некој нормален? (ве молам поштедете ме од коментари од типот на јас сум,јас јас јас!)
Не постои дефиниција за нормално, ако ништо друго границите се разликуваат од општество до општество и се под влијание на верата, културата, историјата, власта итн итн.
Секој си има нешто што за другиот не е нормално.Овој слушал ваква музика, онаа идела со двајца, комшијата перел шарено со бело во една машина....Ниеден карактер не е исти, и затоа неможат да постојат луѓе кои се нормални или ненормални.
незнам колку искрајно го мислиш ова или е иронично мислењево но ова е дефиниција за човек кој нема свој карактер или свое јас.
Секој штрчи негде секој е уникатен.Дури и оној кој сака да биде нормален неможе да е, секогаш ќе биде или ќе направи нешто што според пишани или непишани правила ќе биде надвор од шаблонот, ако веќе постои таков.
Јас не сум нормална девојка.
Не верувам дека некој е.