Искрено, колку и да имам мрчено против Манчио, сепак сеуште не гледам простор да се каже за него дека е дрво некастрено и слично, не гледам аргумент за такво нешто.
На крај краева вака или онака, со Интер освојуваше титули, со оглед на кадарот што го имаше во ЛШ не можеше да има некој поголем успех.
Проблемот кај него е изборот на засилувања, справувањето со медиумите мада во Англија до тој степен тој проблем нема да биде изразен, справувањето со притисокот и создавњето на немир во екипа и повредите кој бар во Интер, под негово водство беа застапени.
Е сега Англија е друга земја, друга култура, начин на размислување и слично мада фудбалот е една универзална работа, долго време чекам да видам за што стварно е способен со неговиот нареден тим, па тек тогаш ке оформам еден финален став за овој човек, зашто сеуште материјал за такво нешто реално и нема, освен што е преценет, бар до сега.