Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Мене не ми е јасно како може на другиве факсови да ги известуваат студентите за колоквиумите мин. 2 недели пред колоквиум, а кај нас 5 дена пред колкоквиум ... исто така не ми е јасно како може на секој пола саат да менуваат термини за лабараториски по програмски ... многу нејаснотии :)
Едноставно речено, ФЕИТ се коси со сите физички закони :pos2:.
И мене не ми беше јасно како може у 11 ипол вечерта у недела да ги објават лабораториските по структурно, а утредента имам вежби одма после предавања кои ми почнуваат од 8, а ми завршуваат во 2 (значи ич време за да ги разгледам задачите), не ми е ни јасно како можеа Г и Д паралелки да прават тест по физика една недела пред да им излезе учебникот од печат... :nesum:
 
А добро како иде пријавување колоквиуми? Ништо ни немаат спомнато за тоа.
 
Хехе, да не сме сфатите лошо, ама гуштерчиња сте сеуште :)
Наскоро ќе сфатите дека нередовноста во најавувањето некои работи на факс како и краткото време доделено за нив се регуларна пракса :). Ќе се привикнете и од тој фазон во прва година ќе преминете на наредниот: немање доволно материјали, па на крај да стигнете до: незнам како да го научам ова.

Се со време.
 
Море гуштеришта едни, не туку се бунете, влезен колоквиум физика не полагавте, структурирано ви е изваден од колоквиумска! Во мое време колку потешки беа условите... :icon_lol:
 
Море гуштеришта едни, не туку се бунете, влезен колоквиум физика не полагавте, структурирано ви е изваден од колоквиумска! Во мое време колку потешки беа условите... :icon_lol:
Влезен физика имаше прв ама и втор семестар. :)
 
Море гуштеришта едни, не туку се бунете, влезен колоквиум физика не полагавте, структурирано ви е изваден од колоквиумска! Во мое време колку потешки беа условите... :icon_lol:

Одамна беше тоа колешке...уште факултетот немаше 50 години :pos2:
 
Море да не даде Господ два колоквиуми во ист ден да имате...И тоа ме снајде.:uvo:
 
Море гуштеришта едни, не туку се бунете, влезен колоквиум физика не полагавте, структурирано ви е изваден од колоквиумска! Во мое време колку потешки беа условите... :icon_lol:

Ха!
Незнам кој кратеше од лабораториските вежби затоа што новите генерации не се „имале доволно капацитет“ да се справат со целосниот материјал :). А не кога јас бев прва, уште од старт со темплејти и генерици во C++. Немаше лабаво :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom