Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Да да ми стигна меил преска од факултетот дека е објавен списокот. Искрено не очекував дека ќе сум втор по проценти:) Само еден има пред мене пола процент ме јаде. Иначе за инфо смерот зборам:smir:
 
И на мојов смер исто и минативе години многу мала заинтересираност. Мислам дека сме 6-7 души, а јас сум втор (93,692). Ама се надевам дека ќе има и повеќе, со оглед дека голем дел имаат напишано како резервна опција ЕРПС. Можам да кажам дека со сигурност сум влезен во државна. Иначе не пополнав ни за кофинансирање ни резервна опција (или ЕРПС државна или ништо).
 
Да,да..Многу брзо поминав и јас..Инаку поднесов док за КСИА.Се надевам дека ќе ме примаат.:smir:
Некои други од форумов на КСИА,или пак на ФЕИТ?:smir:

Исто и јас ... колега. :)
 
Кој број студиска програма е ТК?
 
Кој број студиска програма е ТК?
Еве ги сите како одат :)

број 1. ЕЕС-Електроенергетски системи
број 2. ЕЕиУ-Електроенергетика и управување
број 3. ЕЕУ-Електроенергетски уреди
број 4. КИЕЕ-Конверзија и искористување на електричната енергија
број 5. ТК-Телекомуникации
број 6. ЕРПС-Електроника, радиотехника, и процесирање на сигнали
број 7. ИКИ-Информатика и компјутерско инженерство
број 8. КСИА-Компјутерско системско инжинерство и автоматика
број 9. ИНФО-Професионални студии по информатика
 
Колку што можев да забележам на КСИА има околу 70-75 пријавени,а секој втор е ИКИ.:toe:
Значи ме интересира дали најпрвин се пополнува квотата на КСИА од 56 (државна) и 29 (приватна),па ако има место тогаш тие што ставиле алтернатива КСИА од ИКИ можат да влезат,или тие што имаат повеќе поени од ИКИ имаат предност пред тие од КСИА иако пишале ИКИ,а КСИА алтернатива???:tapp:
 
Мое размилување .. тие што не се примени на ИКИ и сега алтернативното му се вклучува решение .. ама би требало да имаат тука предност тие што го имаат избрано како за прво .. и прво тие ќе се рангираат па после тие со алтернативната конбинација и така да се запишат .. друго не ми се верува да е нема да е ферско да имаат еднакви права оти тој си кандидирал за друг смер а овој уште од старт за тој
 
Кога е казнена сесија да не знае некој?
 
Мое размилување .. тие што не се примени на ИКИ и сега алтернативното му се вклучува решение .. ама би требало да имаат тука предност тие што го имаат избрано како за прво .. и прво тие ќе се рангираат па после тие со алтернативната конбинација и така да се запишат .. друго не ми се верува да е нема да е ферско да имаат еднакви права оти тој си кандидирал за друг смер а овој уште од старт за тој
:smir:

Со други зборови кој има поголема веројатност да се запише:
-Тој што конкурира за КСИА со 92 бода
-Тој што конкурира за ИКИ со 93-94 бода и нема место за него па пишал КСИА алтернатива..

Тоа ми беше прашањето и сакам да слушнам навистина како е..:kesa:
 
Кандидат кој како основен избор ја навел студиската програма „х“, и има 85 бода има предност пред кандидатот кој како основен избор ја навел студиската програма „у“ и има 90 бодови кои не се доволни да биде рангиран во студиската програма „y“, а како дополнителен избор ја навел студиската програма „х“.
Ова го копирав од страната на електро.
 
Кога е казнена сесија да не знае некој?

Наслушнав од некои колеги дека наводно немало да има казнена септемвриска сесија, гледам на фејсбук кружат групи во смисол „вратете ни ја казнената сесија“ и слично. Има ли некој информации во врска со ова?
 
Ај да ве спасам од муките .... Нема казнена сесија оваа година ... (Икономовска,Маџаров и тетките од студентски ми потврдија денес .... така да ) ...


КУБ на математика !!!!!!!!!!! ФАк јеа ! :pos2::pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom