Граматички правила и правопис

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Исто, многу ми е смешно кога некој објаснувајќи кој кого удрил ќе каже на пример: "Аце го удри на Зоки". Уште посмешно е што се толку неписмени и ратердирани што не можеш да ги убедиш дека така не е правилно.

Добри се и оние кои не прават разлика помеѓу "кои" и "кој".
 
Ова е поради дијалектите. Во Струмица на пример најчесто се употребува.
И смешно делува.
пр. Поздрави ја на мајка ти. :)
 
Или погрешното акцентирањето. Тоа е нешто што ужасно ми боде уши. Мислам дека еднаш имам коментирано на слична тема и го имам дадено примерот за Андреј Жерновски. Упорно и упорно, со години слушаме како му го изговараат презимето како Жерно`вски, со акцент на вториот слог одзади. Аман бре луѓе, па Андрејчо е наше дете, Македонче, и треба да биде Же`рновски. Третосложно акцентирање, се учи во пониските одделенија на основното училиште.:toe:
 
Mислам дека поправилно е кога се употребува универзалниот термин,без КА(без женски род).

А зошто да немаат женски род? Тоа што во минатото имало само доктори мажи, незначи дека именките треба да останат така.

Јас како маж не би сакал некој да ме вика администраторка.

Во Македонскиот јазик (а и други, но тоа не е толку битно сега) не постојат зборови од типот на докторка, професорка и слични... Зборовите се користат за опис на професија, не на личност, затоа и немаат род.

Сега, некои што тоа го сфаќаат како дискриминација... тоа е веќе друг проблем. Сепак, зборот не објаснува кој(а) и што си ти, нели? Едноставо, со што се бавиш... :smir:
 
A зошто тогаш во македонскиот јазик женските презимиња се разликуваат од презимињата на мажите? Нека направат тогаш и таму порамнување :)
 
A зошто тогаш во македонскиот јазик женските презимиња се разликуваат од презимињата на мажите? Нека направат тогаш и таму порамнување :)

Па.. презимето те идентифицира кој си, така?
Знам дека ќе речеш дека може да се смени... може да се смени и име, и пол :)
 
Па.. презимето те идентифицира кој си, така?
Знам дека ќе речеш дека може да се смени... може да се смени и име, и пол :)
Па полот не ти го идентификува презимето, првенствено името (а и тоа меѓу нозе). Освен во нашиот јазик, во кој друг важи тоа правило? :)
 
Па полот не ти го идентификува презимето, првенствено името (а и тоа меѓу нозе). Освен во нашиот јазик, во кој друг важи тоа правило? :)

Полот не ти го идентификува ниту името, ниту презимето.. едино тоа меѓу нозете :)
Али.. муабетот беше (иако забеган од основната тема) за професиите и варијанти со машки и женски род...
Професијата, од овие, најмалку ти го идентификува полот, нели? :)

За прашањето.. прво нешто што ми текна на памет е англискиот...
 
Фина тема која би било убаво да прерасне во секојдневно учење на правопис и правоговор.

Мојот пример за денеска е се` уште. Значи, се пишува одвоено и со надреден знак над се`.
Исто како и незнам, неможам...
 
Вака сега јас да си прашам едно прашање овде, а ако е како ја шо знам и шо сум учела и ако вие ми го потврдите то, имат да и го испчатам на лист и да и го дадам да прочита на една моја професорка по македонски во Мелбурн..
Ајде дечки...казжете ми како се пишува Света Петка или Свети Наум, или црквата Света Софија кога се зборува општо за неа и на пример не набројуваш туку само кажуваш нешо и ги споменуваш на пр ете Свети Кирил и Методиј?

Со мала (св) или со голема (Св)???
 
http://www.ukim.edu.mk/

Или.. да одвојам еден текст...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” е формиран во 1949 година со три факултети, денес тој претставува заедница на 23 факултети, 10 научни институти и други институции.“

Нормално, со големо Св се пишува.

Инаку нервира кога наместо Ч пишуваат 4-ка, глупаво е до немајкаде тоа.
 
Ај 4-ката и ќе ја сварам, ама 6-ката...:tapp:
 
http://www.ukim.edu.mk/

Или.. да одвојам еден текст...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” е формиран во 1949 година со три факултети, денес тој претставува заедница на 23 факултети, 10 научни институти и други институции.“

Ееее фала за линков. И таа најде македонски да предава, па и упорно ми тврди дека со мала се пишувало :tapp: :tapp: :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom