Кој сака да биде срам на телевизија/милионер/сеедно?

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
леле бе дали глеаше некој милионер вечерва???
Прашањето беше следново
КОЈ ОСТРОВ СЕ НАОЃА СЕВЕРОЗАПАДНО ОД ВЕЛИКА бРИТАНИЈА??

А МАЛТА
Б кИПАР
Ц иСЛАНД
Д нОВ ЗЕЛАНД

Типот побара помош од публика ееееееееееееееееееееееј! Каков глупак, па добро бе аман секој ли пуштаат на милионе или што е работава.Чпвеков очигледно или се упрпа до даска или не ги знае страните на светот. срамотааааааааааааааааа!

Најсмешно беше кога Трендо (на шала) му рече: многу тешки прашања ти се паднаа значи. А овој мртов сериозен: да, многу. :pos: И додека уште се мислеше што да одговори, вика: се мислам дали ЏА или БУ. :pos2:
 
Гацов е Долфин?

Сум го знаела јас бе, колеги со татко ми :)
 
Најсмешно беше кога Трендо (на шала) му рече: многу тешки прашања ти се паднаа значи. А овој мртов сериозен: да, многу. :pos: И додека уште се мислеше што да одговори, вика: се мислам дали ЏА или БУ. :pos2:

Која ретарда беше тој...Џа или Бу..Па кое Џа, кое Бу кога за тоа треба да се двоуми меѓу нешто, а овде освен Исланд сите други беа на различни страни...Многу глупи луѓе..Ме нервира тоа што многу одат на Милионер со мисла ај до 5то со Трендо, до 8мо со џокери и на 9то се откажувам.
 
А тоа оној човекон сите деца што си ги донесе во публика... :pos2:
 
Незнам не ги прочитав сите мислења за оваа тема, можеби ќе се повторам, ако се повторам со некого слободно избришете го моето мислење. Но да почнам, јас сакам да кажам едно нешто кое можеби и вие сте го приметиле. Се состои во следното: следејќи го Милионер и натпреварувачите во него и тоа како дошле до Милионер (90% од натпреварувачите се вработени во јавната администрација и слични јавни служби) што ме наведува на мислење дека тие го злоупотребуваат работното место и телефонот на работното место, па јавувајќи се по стотина пати од тие телефони нормално е компјутерот нивните имиња да ги исфрли на прво место , како што вели снимената секретарка „со секое ваше наредно јавување шансите да ве изберат се поголеми“. Од тука сакам да кажам дека оваа работа не е фер колу и да не ги тангира организаторите на Милионер. Сепак сакам да упатам апел на сите надлежни во јавната администрација за контрола да поведат повеќе сметка како и каде се трошат импулсите кои секој месец ги плаќаат граѓаните. Како беше оној број „Пријави корупција во јавната администрација“
 
Леле таа велешанката потполно значи се избламира... Торонто ебаго... толку ли не и штрчеше во одговорите :S
 
Леле таа велешанката потполно значи се избламира... Торонто ебаго... толку ли не и штрчеше во одговорите :S

Народов многу слабо стои со географијата изгледа.Оној кутрион, се избламира на такво лесно прашање, а оваа не разликуваше Орландо од Торонто:)
 
Мене па ме нервираат оние што се мислат по 5 саата. Ако знаеш кажи, ако не остави, не само блаботи со Трендо безвезе. Има и други кои чекаат на ред, не си само ти. 5 саата им треба за едно прашање. Мисли за прашањето, не прави муабет со Трендо.
Ми се допаѓаат тие играчи што како од пушка одговараат. Го знае, го знае, не го знае, здравје, се откажувам и си заминува човекот.
 
Треба да ги селектираат според ЗНАЕЊЕ, а не според тоа кој колку пати свртел (ако е така)! Зашто стварно почнаа се` послаби и послаби кандидати да се појавуваат и квизот станува се` подосаден и подосаден... се скапавме од гледање удав прашања до 5000 ден.
 
Е ај одете тука и докажете колку сте добри :) (има игра на долниот дел од страната)
Јас освоив 4 000 000 (со забелешка дека за последното прашање малку прогуглав :))
 
Стигнав до 14-то прашање и таму згрешив.Без воопшто помош од Гугл.
 
Е ај одете тука и докажете колку сте добри :) (има игра на долниот дел од страната)
Јас освоив 4 000 000 (со забелешка дека за последното прашање малку прогуглав :))
Без гуглање и со џокер од 50-50 стигнав до 4 милиони и таму изгубив :) и уште 2-3 пати по ред пред тоа ги земав 4те милиони :D
 
Така е. И мене многу ме нервираат нерешителни луѓе. Ем не го знае прашањето ем се мисли 5 саати.

И ме нервираат луѓе од јавна администрација... 500 пати ќе сврти од работа и нормално е компјутерот нив да ги исфрли. Корупција бе, што да ти кажувам.

И ме нервира Серпико што не даа коментар за мојот настап исто... Кој намќор сум значи се ме нервира :pos2:

Р.Ѕ. Кој ти е татко Џену?
 
Ај честитки за играта, убаво одигра:)
Фраер си е фраер:)
 
Така е. И мене многу ме нервираат нерешителни луѓе. Ем не го знае прашањето ем се мисли 5 саати.

И ме нервираат луѓе од јавна администрација... 500 пати ќе сврти од работа и нормално е компјутерот нив да ги исфрли. Корупција бе, што да ти кажувам.

И ме нервира Серпико што не даа коментар за мојот настап исто... Кој намќор сум значи се ме нервира :pos2:

Р.Ѕ. Кој ти е татко Џену?
кој играч беше ти поточно тој шо побара помош од некој професор или:?:kesa: иначе на ова линков на играта милионер стигнав до 11 прашање без помош и после усрав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom