Па сигурно подобро тие отколку оние Сити, Пинк или како и да се викаат, зашто тие воопшто не се грижат за макеоднски изведувачи.
Инаку еве нешто интересно
ТАЈНИОТ ЖИВОТ НА КАРОЛИНА
1.Кога ќе посакам да избегам од се...? - Никогаш не сум сакалa да избегам од се. Не сум човек кој бега од реалноста. А кога не сум расположена и јас како и секоја жена се расположува со шопинг, но знае да ме опушти и расположи добра музика.
2.Мојата животна филозофија е...? - Не прави го она што не сакаш некој да ти го прави тебе. Настојувам никогаш да не ги разочарам драгите луѓе.
3.Најдобриот совет? - Ми го даде мајка ми. Значи биди своја, познавај се себеси и никогаш не се врти назад!
4.Мојот херој е ...? - Мојата сестра! Историјата кажува дека не секогаш хероите умираат славно. Ќе ја позајмам мислата на Френк Милер: "Хероите можат да умрат и осрамотени, но ќе умрат мирно, бидејќи знаат дека ја направиле вистинската работа!
5.Луѓето би се изненадиле кога би знаеле дека..? - Дека сум многу смешен човек. Моите блиски луѓе често знаат да ми кажат дека би била одлична актерка во комедии.
6.Мојот таен талент е...? - Еве, сега ја прашав другарка ми, ми вели - глумица. Некои актери се обиделе во пеењето, а некои пејачи во глумата, па можеби и јас мојот скриен талент, ќе имам шанса да го покажам некогаш.
7.Најголема заблуда за мене е..? - Луѓето што не ме познаваат замислуваат дека сум студена и препотентна, но кога ќе ме запознаат, комплетната слика за мене им се менува, бидејќи јас сум емотивна и реална личност.
8.Моето најскапо нешто е ...? - Семејството и пријателите. Без нив ништо не би имало смисла. Тие се секогаш до мене и кога сум среќна и кога сум тажна.
9.Да можам да се вратам во минатото би сакалa да го запознаам..? - Одри Хепберн. Ме фасцинираат , нејзиниот лик, и нејзината харизматичност во филмовите, па многу пати до сега сум се прашала каква е таа во приватноста.
10.Последен пат ми пукна филмот..? - Неодамна. Ќе ви кажам само толку дека никогаш филмот не ми пука без причина.
11.Моја омилена социјална игра е..? - Социјална игра?,уф, не сум љубител на карти и јамб. Играм само кога сум приморана по долго убедување.
12.Имам несоница...? - Кога сум под стрес, а секогаш сум под стрес, дури и тогаш кога мислам дека не сум. Значи не спијам како бебе.
13.Се ужаснувам од..? - Лаги, искомплексирани луѓе, простотилак, медоикритети, и од луѓе што своите фрустрации ги истураат на другите.
(**********и јас исто,Каролина)
14.Кога би можела повторно да го проживеам животот...? - Не би ги пофторила старите грешки кои сум ги направила претходно, но затоа би направила нови.
15.Мојот омилен филм е...? - Во последниве неколку месеци последниот филм што сум го гледала е "Милионер од предградието" Кај мене доказ за тоа дека ми се допаѓа некој филм е кога ќе ме расплаче.
16.Викендот би го поминала...? - Во добро друштво интимна атмосфера, и добар муабет, а местото не ми е битно.
17.Најлоша работа што сум ја работела е..? - Пакување и распакување на мојот куфер, кога се подготвувам да патувам. Комплицирана сум и секогаш со себе носам два куфера и неколку торби со козметички ситници.
18.Живеам во..? - Bо стан во центарот на Скопје, но иако ми е прираснат за срце, би сакалa да имам куќа , за да можам да чувам домашни миленичиња, а да не им пречам на моите соседи.
19.Омилен пијалак ми е...? - Бело вино и шампањ, но во умерени количества.