СтрумичанецО
infinite harmonies...
- Член од
- 21 март 2006
- Мислења
- 506
- Поени од реакции
- 46
е од вакви чаршиски муабети со страв одев првиот месец на факултет како бруцош.Колешке, пред се гледај во неговите очи да не си убава пошто го надрља. Ке ти ја плесне групата одоздола (што ни сам не може да ја реши, без зафрканција) и никогаш нема да поминеш.
На колоквиум никако дотерани - мртов сериозен сум!
Баталете предавања. Џабе ке одите кога не само што нема да сватите ништо, туку и тоа малку што ке го разберете ке успее да го напраи конфузно.
Идете на часови кај Петар. Бајаги се поголеми шансите да положите ако вежбате кај него (ова не важи за студентките кои Драге ке ги земе на пик ).
На прв колоквиум ке ви даде задачи од збирката кои што се решени внатре и која што ке може да ја носите на колоквиум. Ако сте ја поминале барем еднаш 100% прв колоквиум ке го земете.
За понатаму, пред се со Среќа, а после со знаење:helou:
колешке без грам страв да одиш на колоквиуми кај Драге Јанев, како прво, она за убави неубави нема апсолутно врска со фамозната "долна" група, барем кај нас не забележав нешто такво.
таа долна група, или како што се изрази колегата му бидеш "пик" на Драге, не е нерешлива, како што некој наназад рече и самиот Драге неможе да ја реши. задачите се за степен пологични, не велам потешки, често се дешаваше од мој колега, кој положи прв и втор колоквиум во "долната" група (OMG? Дали Драге е геј????), да каже фалат информации но се решават лесно. едноставно ти треба повеќе познавања во математиката, равенки со повеќе непознати, пропорции, антилогаритмирање и сл. , кои задачи можеш да ги извежбаш од збирката. е сега, нема да почнуваш, нпр. ако за една лекција има дадено 40 задачи за вежбање, ги решиш првите 5-10, кои ги нарекувам "self-moral-boost" задачи, кои се решават со обично собирање и множење. ќе си решаваш, конкретно за прв колоквиум, задачи со веројатност каде фалат информации, оние со кугличките и кутиите, оние со геометриска прогресија каде има дадено сооднос да се најде, без дадени вредности, каде преку просто пропорционално правило меѓу двете дропки доаѓаш до непознатата и после само заменуваш во почетниот дел и доаѓаш до одговор. значи нема да биде лошо, ако си ептен убава и нашминкана :pos2: како што рече колагата (или стај слика овде да те видиме, па ќе те проценат експертите дали си за многу вежбање или ќе пројдеш со "лесната" група ))) ), да си решиш и последните 2-3 примери од секоја тема.
овој Петар не знам кој е , дали е ова вид на директен маркетинг од страна на колегата незнам, но од огромна важност е да посетуваш вежби, Кире и Игор се феноменални асистенти, одлично решаваат проблеми и секогаш се достапни за повторување и по 2-3 пати еден пример додека не слушне од сите во предавална дека е јасна задачата.
ЕДИТ: и секогаш е знаењето пред среќата, батали цитатот погоре.
EДИТ 2: и ова батали предавања не важи. на втор колоквиум ми се падна тотално иста задача со интеграли решавана на час. самиот Драге дојде во амфитеатарот и кажа кој ден сме ја решавале, кој пример по ред била и дека се исти вредностите. оди и на предавања, ако до толку мислите дека не се потребни, барем препишете ги примерите од некој колега.