да ве прашам за маркетинг и менаџмент ако немам максимум бодови подобро да не конкурирам, така?
и читав ќе проширувале во приватна квота... според конкурсов се по 44 и во едната и во другата... уште колку би додале место...?
Секоја година е различно и никој неможе да ти каже "не конкурирај, немаш доволно бодови". Со оваа матурава и ретко кој има максимум. Јас коа се запишував немавме ни матура ни приемен и тогаш се сеќавам само дека на Е-бизнис во државна квота сите беа со максимум поени. Јас сум Сметководство и ревизиј и таму исто имаше многу со максимум. А најмалку конкуренција имаше на Менаџмент.
Али како што кажав тогаш се гледаа само нашите оцени од средно, а денес имате матура. Не е тешко во средно да си со сите 5ки, ама како што гладам со матурава слаби резултати има. Значи не гледај што се случувало предходно зашто вие сте сега сосема различни.
А за проширувањето, квотата се проширува ако има пријавено повеќе со максимум бодови од она што предходно е кажано дека ќе примат. Еве велиш според конкурсот ќе примаат 44 и во двете. Ако има пријавено 60 со максимум тогаш тие сите ќе влезат во државна и останати 44 во зависност од бодовите во приватна