Македонија - политика - Србија: Нерешени прашања

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
Прашањето не ти е јасно. Реформулирај го и ќе ти одговорам. Инаку, не го “следам“ вториот член туку го почитувам уставот на мојата земја и тоа ми е должност. :wink:
pa moze i da go smenime ustavot ..ne e toa problem za nasite najgolemi
" prijateli "
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Косовска унија? :)

Okolu tekstov mozam samo da kazam: HAHA HAHA

Да побараме промена на косовското знаме зашто претставува силување на „европската историја“, а лебди и заканата од шесте ѕвезди, кои други пет држави ќе влезат во „Косовска унија“?, Косово да си го смени името зашто има такво село во Македонија, Нимиц да биде назначен за медијатор...ова е само хипотетички перформанс за да предочиме со какви грчки „аргументи“ се соочени граѓаните на Република Македонија

По прогласувањето на независноста на „Република Косово“, и усвојувањето на новото знаме со шесте „ЕУ-ѕвездички“, на нашата дипломатија и' се пружа историска шанса за ефектен уметнички перформанс. Имено, пред признавањето на независноста на „приштинците“, Република Македонија може јавно да побара исполнување на следниве услови:
1) Промена на новото знаме на т.н. „Република Косово“ затоа што усвојувањето на симболите на ЕУ (сината боја со жолти ѕвездички) претставува не само манифестна кражба на културното наследство на ЕУ и „силување на европската историја“, туку и отворена закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на секоја земја-членка на ЕУ (вклучувајќи ги тука и кандидатите). Имајќи предвид дека секоја од ѕвездичките на ЕУ-знамето означува посебна држава, останува заканувачки да лебди прашањето: Кои други пет држави ќе влезат во состав на новата „Косовска унија“?

2) Промена на името на новата држава, затоа што каква било употреба на зборот Косово е израз на територијални претензии кон Република Македонија, имајќи предвид дека името „Косово“ е географско име на населено место во Република Македонија (село во Порече). Се' додека не се разреши спорот околу името на нашиот северен сосед, бараме во ОН да се користи привремената референца „Поранешна Југословенска Покраина Косово и Метохија“, а како медијатор во спорот да биде назначен лично господинот Метју Нимиц. Малку и тие да уживаат во „фините“ предлози на финиот г. Нимиц и во некрофилската привремена референца.

3) Во Уставот на „приштинците“ да се внесат посебни одредби дека новата република нема територијални претензии кон соседните држави и дека нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

(Интересно ќе биде да се гледа сеир како на овие трагикомични одредби ќе реагира официјална Србија).

4) Да се преименува приштинскиот плоштад Мајка Тереза и да се оневозможи каква било натамошна злоупотреба на ликот и делото на „македонската ќерка“ Гонџа Бојаџиу - Мајка Тереза, како симбол на мирот и сожителството во Македонија.

5) Во процесот на преговарање за меѓународно прифатливо име за нашиот северен сосед, да се има предвид дека изразите „Албанци“ и „Косовари“ се неприфатливи идентитетски ознаки, затоа што го загрозуваат идентитетот ем на граѓаните на Република Македонија кои се идентификуваат како етнички Албанци, ем на жителите на македонското село „Косово“ кои се идентификуваат како „Косовари“. Исто така, не е прифатлива ниту употребата на изразите „косовски/косовска“, кои се составен дел од нашата историска традиција („Првата македонско-косовска ударна бригада“).

Ако новата држава не ги прифати сите горенаведени услови заради зачувување на мирољубивите и добрососедски односи во регионот, Република Македонија да се закани со воведување економска блокада кон „приштинците“ и со попречување на приемот на новата држава во сите меѓународни организации.

***

Знам, ќе се согласите, горенаведените услови се апсурдни, бизарни, трагикомични, навредливи, а понудените аргументи се крајно неосновани и неуверливи. Верувам, исто како што огромното мнозинство граѓани на Република Македонија се чувствуваат навредени и онеправдани од грчките уценувачки услови и „аргументи“, исто така би се чувствувале и мнозинството граѓани на новата Република Косово доколку беа соочени со такви пречки од Република Македонија. Се разбира, целта на предложениот концептуален перформанс не беше да се навреди достоинството на мнозинството граѓани од нашиот северен сосед што деновиве активно испишуваат нови страници од турбулентната балканска историја. Целта беше да се предочи трагикомичноста на грчката „аргументативна“ реторика. Сепак, колку и да изгледаат нелогични и неспоиви со здравиот разум и реалната политика, хипотетичните услови и аргументи го сугерираат и следново прашање: Ако аналогни услови, поткрепени со не помалку апсурдни „аргументи“, можеа да и' бидат поставени како пречка на Република Македонија во процесот на нејзиното меѓународно признавање и интегрирање, зошто тогаш слични услови не и' беа поставени и на најмладата европска држава? Во моментов не ми текнува попаметен одговор од стихот на популарната македонска песна - „Неправда, да тоа е неправда...“. Слично чувство на неправда ме заплисна и кога пред некој ден присуствував на прославата на независноста на Косово, организирана пред споменикот на Скендер-бег во Скопје. На прославата, и на околните улички, покрај знамето на Скендер-бег се вееја и знамињата на САД, ЕУ како и на повеќе други европски држави за кои се знаеше дека ќе го признаат Косово. Но, не забележав ниту едно државно знаме, ниту пак знамиња на другите припадници на заедниците што живеат во Република Македонија.И по прославата на независноста на Косово, како и по неофицијалната прослава на Денот на албанското знаме, останува заканувачки да лебди прашањето: Ако знамето на Скендер-бег „не го загрозува веењето на другите знамиња во Македонија“ (како што укажа Меџити), зошто тогаш на прославата не се вееше ниту државното знаме ниту пак другите знамиња на припадниците на заедниците што живеат во Република Македонија? Зошто дел од граѓаните на Република Македонија, покрај знамето со кое ја симболизираат припадноста кон својата етничка заедница, не го веат и знамето на сопствената држава?

Во еден миг помислив: „Што ќе се случеше ако на прославата пред Скендер-бег дојдев со македонското државно знаме“? Ех, тие хипотези...

Source
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Што е поважно? Да се следат законите или да се базира цела политика на рекла казала? :wink:



Косово е дел од Србија и како такво претставува дел од суверена и самостојна соседска држава. Доколку Македонија го поддржи отцепувањето на Косово, таквата одлука автоматски ќе се коси и со двата амандмани на уставот што значи :

1. Контекстот е јасен.
2. Уставот е уште појасен. :helou:



Прашањето не ти е јасно. Реформулирај го и ќе ти одговорам. Инаку, не го “следам“ вториот член туку го почитувам уставот на мојата земја и тоа ми е должност. :wink:

А не е ли поважно стабилността и границите на Македониja?Мислам дека владата треба да мисли за стабилността на МК,а не дали сакаме или не сакаме да признаем Косово.
Много големи држави веке признаха Косово и Србиja нема шо да направи.Може само да сопре струjaта за Косово.
Србиja не може да влезе во Косово ни со администрациja,ни со армиja,там е НАТО.Србиja нема сонтрол над Косово.
Лошо или не ке има нова воjна во Косово.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
А не е ли поважно стабилността и границите на Македониja?
Границите на Република Македонија и на Косово, според резолуцијата 1244, ќе бидат одбележани со посредство на ООН и со присуство на меѓународни експерти.

Што се однесува на безбедноста на Република Македонија, за неа е задолжена АРМ што значи дека Косово е друго лонче коешто не може да биде помешано со нешто што не го засега. Поентата не е безбедност и сигурност туку мешање во внатрешните работи на Србија и помагање на уништување на нејзиниот суверенитет што, во очите на Македонскиот устав, е деликт.

Можам, ако треба, и да цртам ама гледам дека збориш со источно-македонски дијалект со примеси на татарски супстракт така што дискусијата нема потреба да оди во некој друг правец туку да се концентрира кон главното : самопрогласување на независноста на Косово.

pa moze i da go smenime ustavot ..ne e toa problem za nasite najgolemi
" prijateli "
Не сум сигурен дека Македонскиот парламент ќе го собере потребниот две-третински кворум со гласови за (услов за измена на уставот). Уште помалку сум сигурен дека ќе биде организиран референдум за изменување на уставот (втор можен услов и опција). :helou:
 
Член од
12 септември 2007
Мислења
24
Поени од реакции
0
Mojot stav e da ne se priznaee šiptarijava greška bese na milošević trebaše da ja sredi rabotava dodeka možeše ,sega ce bidne kasno .
Kako ce se osecame i nie ako šiptarive sakaat zapadniov del da go ocepat od makedonija ?
 
N

n/a

Гостин
Лошо или не ке има нова воjна во Косово.
Drugarce...
ela Zeko nesto da ti kaze.
Bez razlika dali nekoj go priznal ili ne Kosovo,toa za site srbi sekogas ke si ostane srpsko.
Ne e vazno dali ke se sostavat kockite na mozaikot za 5,10,25,50,100 ili povekje godini.Koga-togas,i toj den ke dojde.:toe:Ako moze edna Kina da ceka 100 god. za da si go vrati Hong-Kong,moze i Srbija za Kosovo.

E koga ke dojde toj den-ke ima nova vojna.:wink:
I mnogu racuni ke se poramnat.
Srbija vo momentov pravi toa sto e vazno-ne priznava drzava koja sto e dobiena so nasilno aneksiranje na nejzina teritorija.
I so toa ostava prostor za da ima povratak djedaja.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
По таа логика Франциja,Германиja и така натаму са се вмешали веке во внатрешните работи на Србиja,като са признали Косово.Кажи ми как са се намесели като Србиja немаше контрол над таа териториja-Косово?Косово само на мапата беше дел от СР.Косово со воjските на ОН е отцепено от СР и самото ОН се меше во внатрешните работи.
Според мен Балканските држави брзо треба да признаат Косово и да нема нова дестабилизациja на Балканот.Сите мислам дека сакаме стабилни Балканити.

Зевс,така е за Србите нема ке е дел от СР па нема да могат да прават со Косово ништо.Нема да могат един камен да мраднат тамо.Косовската администрациja нема да приема заповеди от Белград,а от Приштина.
Согласен ли си дека Србиja сега нема власт над Косово?
Незабораваj дека во Хон Конг живееха китаjци,а не други.Сега во Косово живат 90% друг народ,не срби.Разликата е голема.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
По таа логика Франциja,Германиja и така натаму са се вмешали веке во внатрешните работи на Србиja,като са признали Косово.
Нема никаква логика бре пиле - има уставност и неуставност : Македонија има устав којшто мора да се почитува, без разлика на тоа што прават Италија, Франција и Германија. Овие три земји - нека си постапуваат според нивниот устав - нивна работа е тоа. Очигледно е дека ниту цртање не ти помага!!! :pos2:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Нема никаква логика бре пиле - има уставност и неуставност : Македонија има устав којшто мора да се почитува, без разлика на тоа што прават Италија, Франција и Германија. Овие три земји - нека си постапуваат според нивниот устав - нивна работа е тоа. Очигледно е дека ниту цртање не ти помага!!! :pos2:
Сакаш да ми кажеш дека МК нема право по устав да признае Косово?
Уважение ком тебе но не сметаш ли дека едно непризнаване на Косово от МК,ке напрегне албанците внатре во МК?Сакаш това,па не се опарихте ли веднаж от таа политика на криене?Тиа нешта стават на границата на МК,а таа нема позициja ком това-много интересно.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Сакаш да ми кажеш дека МК нема право по устав да признае Косово?
Да. И во иднина ако сакаш одговор - научи ЛИТЕРАТУРЕН МАКЕДОНСКИ јазик па постави прашање. :wink:
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
Да. И во иднина ако сакаш одговор - научи ЛИТЕРАТУРЕН МАКЕДОНСКИ јазик па постави прашање. :wink:
а ова од прилика би значело дека македонија може да има дипломатски, трговски или било какви врски само со земји кои постојат пред усвојувањето на уставот????
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
добро е, покажуваат интереси за учење на Македонскиот јазик ова како им беше името

Mojot stav e da ne se priznaee šiptarijava greška bese na milošević trebaše da ja sredi rabotava dodeka možeše ,sega ce bidne kasno .
Kako ce se osecame i nie ako šiptarive sakaat zapadniov del da go ocepat od makedonija ?
оди кажи му фала на Милошевич и измочај му се врз гробот од мене како едно големо фала, што ни испрати на екскурзија над 300 000 туристи кои што покасно наместо ФАЛА кренаа рака по народот кој што живее во Македонија, поради тоа што им помогнавме.
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
јас сум за да им акнеме ембарго за Косово да си го смени името зашто има такво село во Македонија:pos2:
ps. дај скрати го текстот остај линк и дај коментар за тоа:smir:
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
54
Поени од реакции
1
Sekako deka ke mora da go priznaeme Kosovo samo da ja dogovorime granicata. A inace ke priznaeme vestacka drzava bez teritorija tapiite se vo srbija pa mislam deka negde 60-70% od teritorija po dokument e srbska na Srbija sigurno i e veteno deka ke vleze vo EU pa zatoa nema mnogu da se buni duri i ke mu pomaga na Kosovo pobrgu da vleze vo EU za da si ja vratat teritorijata. Epa so sreka drzava bez teritorija.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom