Иако е оф топик, јас можам да ви кажам да не занесувате по русија, останато е влијанието од Југославија со идеалот за панславизмот дека русите секогаш ќе бидат на настрана на сите јужни словени. Во основа мора да ги согледате интересите на русија во поблиското и подалечното минато и да разберете дека русија има две држави на кои има дава неизмерна поддршка и секогаш ќе биде нивна заштитничка а за возврат тие ќе бидат нејзини подружници на балканот, а тоа се бугарија и србија. Руската политика никогаш, ама баш никогаш не ги есапела македонците како братски народ, и следствено никогаш не ни била ни заштитник, за времето на Југославија гледале на нас само како привезок на србија, а за време на ослободување на бугарија од турската империја сакајќи да создадат една голема држава која ја нарекле санстефанска бугарија го направиле неповратниот прв чекор на негирање за постоење на македонски народ и јазик и дека всушност тоа е бугарски народ и јазик. Русија подоцна сум сигрен дека согледала дека направила стратешка грешка и дека ако наместо две се ставела во заштиита на три држави, значи и македонија како засебна, и тоа цела македонија која е репрезсентирана од регионот македонија, мнпгу подобро ќе го поставела своето влијание, и ќе им успеел панславизмот многу подобро. Но тогаш направиле грешка ама како и секоја светска сила таа никогша нема да ја признае таа грешка и само ќе го премолчува тоа и ќе не игнорира.
Разберете луѓе русија нејќе да биде со нас, не гледам причина зошто идете со глава во ѕид и сакате да сте со русија.
Моментално ЕУ уште е во ембрионална форма и далеу од обединета држава која ќе биде засебна светска сила, така ви останува само САД, а мислам дека јасно ни е на сите дека мора да се завземе страна во оваа положба нажалост неутрален неможе да се остане , бидејќи има премногу волци околу нас, кои веднаш би го искористиле моментот да не изедат ако станеме сами без страна и поддржувач бидејќи сме мали и немоќни.
Здравје најубаво е ако успее ЕУ да се обедини и да почне да функционира повеќе како целина со што би станала поголема сила од која би профитирале сите во неа, ама до тогаш, ако има тогаш многу време ќе пројде, време драгоцено за нашиот опстанок.
Колку и да не ви се допаѓа таа е дефакто ситуацијата и колку и да не ви се допаѓа немаме друга алтернатива ѕа припојување кон друга страна освен кон САД.