Темата вели: Признавање на Косово.
Значи, има претпоставка дека Косово вака или онака, на овој или оној начин, ќе биде независно (што и јас лично мислам дека ќе се случи).
Значи, понатака, темата треба да се развива во смисла дали ние, т.е. Република Македонија треба да признае држава Косово...
Темата сега стана научно фантастичен филм, геостратешко истражување за армиите и буџетите на САД и Русија, а богами и Албанија, Македонија, Србија и криминалниот џган наречен УЧК во сите свои појавни форми и облици...
Значи назад на темата, дискутирајте за признавање или не на независно Косово, и пожелно е да се прочитат некои издржани аргументи, а не симпатии кон Србија, Русија САД, Албанци од Косово, Срби од Косово и сл. водени од љубов или омраза кон некого.
Дали нам ни одговара или не Косово како држава, ако да, зошто, ако не зошто?
Тешко е?