Политиката на Белград воопшто не се променила кон Македонија. Само што Србите имаат добра камуфлажа преку своите пропагандистички испостави и инсталации во Македонија. Кога ќе се насети нешто дека чкрипи од кај северниот сосед, веднаш се пали сценариото за барање на плашила (најчесто тоа се „бугарските сценарија“, евентуално Албанците). Традиционално, Србија ја гледа Македонија како паричка за поткусурување или свој џокер. Во минатата деценија тоа се реализираше преку користењето на нашата територија за шверц на стоки за војните на Милошевиќ, сесрдно реализирани од СДСМ. Во 1999, за време на косовската војна, српски агенти и локални србомани предизвикаа палење на амбасадата на САД во Скопје. Колку САД „не ни замерија“ можат да се лажат само наивните. Погледнете ја улогата на една супер сила од една, и ние „ничим изазвани“ од друга страна. Се сеќавам на времето како една стара Србинка која живее во Скопје веќе 40 години (и одбива да го научи македонскиот јазик) скокнала од столче од восхит што го видела нејзиниот син како урла на оградата на запалената амбасада.
Ништо не се променило на Балканот. Нашите соседи и натаму го имаат оној безобзирен антагонизам и расистичка политика кон Македонија. Пред 100 години ширеа пропаганди (исходот го имаме денес кај поедини групи), ги депортираа, мобилизираа, убиваа нашите предци, ги пљачкаа нашите села и градови, манастири, цркви, колонизираа нивни луѓе на македонска почва кои ја продолжуваа нивната политика. Македонија е повторно само паричка за поткусурување за нејзините соседи, во случајов Србија, (која тврдам оти игра најмногу против нас) спонзорирана од нејзиниот ментор Русија. Не знам колку е паметно што ние Македонците не најдовме „свој покровител“ (освен што „умните“ левичари не споменаа во тој контекст кога се во прашање војните против тероризмот). Бугарија редовно играше превртлива политика, Грција ја имаше Англија и Франција, Србите ја имаа(т) Русија и Франција, Албанија ги има САД (и засега игра најдобро од сите). Хрватска, малку подалеку, ја имаше Германија и со неа има најкоректен однос. Германците секогаш играле „фер“.
Да имаш свој „спонзор“, значи да играш по неговите правила. За свој интерес ќе трупаш пари во нивниот буџет. Македонците (интелектуално сакатени со векови, а особено интензивно интелектуално искастрени последниве 60 години), никогаш не игравме така. Во „нашите редови“ само СДСМ беше србоманска испостава на белградската волја (и сеуште е). Таа структура редовно е „најдбриот“ соработник за нашите соседи и сите си ја сакаат. Сетете се дека сме на балканот и се ќе ви стане јасно, за каква тоа „љубов“ се работи.
За што се работи во најсвежиот случај? Косовскиот премиер Агим Чеку ги обвини Србите дека вооружуваат албански милитантни групи во Македонија. Ова уследи откако Божидар Ѓелиќ се пофали дека Србите ја потпомогнале акцијата во Бродец. Идејата на „пријателот“ Ѓелиќ беше исклучиво да ја вмеша Македонија во косовскиот проблем, претставувајќи ја како земја која има проблеми со терористи чија логистика е на косово. Суштината на сево ова е да се идентификува спонзорот на овие „групи“. Македонската влада огорчено ги отфрли изјавите на Ѓелиќ. За оние кои имаат и основни познавања во стратегиските шаховски потези, јасно ќе го прочитаат српскиот вицепремиер. Агим Чеку (без да помислите дека многу не љуби) на ова одговори најдиректно, обвинувајќи ја Србија како вистинскиот фактор од чии кујни е дестабилизиран Балканот. Тоа на Чеку не му одговара затоа она што на косоварите најмалку им треба е вооружени групи кои се закануваат со војна по прашањето на независноста на протекторатот. Тука е интересот и на Србија на која не и е прв пат да прави ваков бизнис со „родољубните“ пара-фактори од Балканот, во случајов, албанските терористи.
Србија има интерес од држење на Македонија во перманентна нестабилност, се додека не расчисти со она што и остана да го спаси (по најновите освојувачки војни што ги водеше во Хрватска и Босна и криминално-политичкиот геноцид кој го спроведуваше со децении на Косово, а на крај и' избега од контрола). Србија сака да ја очисти крвта од своите раце, посочувајќи крв на туѓи раце. Од таа нејзина „мудра“ политика страдаше самиот српски народ (кој живеејќи во мизерија сепак не се спротистави на ваквата политика на своите лидери) , и страдаа сите до кои допре големосрпскиот погубен интерес.
Како ќе заврши оваа српска офанзива? Во Македонија, српската политика има свои поданици, како во самиот СДСМ кој е под нејзин протекторат уште од времето на вејката Лазар Колишевски и извршители како што се албанските криминално-милитантни групи кои немаат ништо заедничко со добриот живот на оние за кои тврдат оти ги штитат. Во суштина, уште на почетокот се е јасно, кога ќе се тргне од основната човекова желба да живее слободно и во мир. Тие услови Македонија ги гарантира, но беа злоупотребувани и политички поттикнувани, секогаш кога ќе му згустеше на неспособниот и криминоген СДСМ. Се сеќавате на Бит-Пазар, на Гостивер '97 (се прикриваше ТАТ), на '99 кога СДСМ го правеше својот повраток од мртвите на сметка на македонските интереси, на 2001 кога соработуваше со УЧК (сетете се само за тетовската испостава на СДСМ која одбиваше да соработува со блокот партии кои работеа активно во интерес на македонската одбрана во војната, додека Б.Ц. трубеше како тогашната власт ја „делела“ Македонија) и мнозина други случаи.
Позицијата на македонската влада треба да остане тврда и кристално јасна по ова прашање. Строга контрола и акции на секакви евентуални појави како онаа во Бродец, како гарант дека Македонија има контрола на својата територија што ќе ја оддалечи од српското сценарио да ја прикаже македонија како логистика за милитанти кои го дестабилизираат регионот (обидот за оцрнување на ова акцијата во Бродец објавена во некои сдсмовски медиуми, со цел да се фрли дамка и да се поддржи силеџиството на ДУИ, јасно ги распознава белградските полтрони во Македонија). Доколку се случи еднострано признавање на Косово, Македонија да заземе страна и да ја признае Косовската независност. Зошто? Македонија мора веќе еднаш да заземе страна, а ќе ја заземе онаа која историски и стратешки гледано има заеднички интерес. Тоа во никој случај не е српската (руската страна). Само да потенцирам по ова прашање, дека при нашето „заземање страна“ имаме една неудобна стварност која се поврзува со спорот со името-Грција која е црна овца на западот, а чии интереси сепак се слушаат тамо. Споредбено, немаме никаков гарант кај Србија, за чии интереси кон Македонија погоре зборував нити во Русија која гледа во Србија своја продолжена рака на Балканот, а во нас, само паричка за поткусурување. Кој не верува нека ја преиспита руската политика спрема Македонија за време на катастрофата од 1913 кога Македонија беше распарчена и долгорочно осакатена. Најсликовито се гледа од однесувањето на рускиот конзул во Битола, Хофмански Кал, неговата активна поддршка за останување на српските и грчките војски на веќе заземените позиции во Првата балканска војна што подоцна ќе резултира со Втората балканска војна и Букурешкиот „мир“ (катастрофа) од 1913. Хофмански настапува од позициите на руската политика по што доаѓа во отворен судир со ВМРО која неколку месеци покасно ќе организира 2 неуспешни востанија во Македонија против Србите и Грците. За жал, дека на балканот разумните луѓе се малцинство, зборува и фактот што тогашен српски офицер Трпковиќ, залудно предупредувал од погубноста за завземање на земја која не им припаѓа, критикувајќи го за тоа и својот Крал. Денешните настани и тоа како ме потсетуваат на настаните и тогашната политика кон нас, од страна на „братските држави“. Лично сметам оти само колосална будала може да верува во некакво си братство и љубов во меѓународните релации. Добро забележувате оти ваквите колосалци во нашите редови ги има во прилично мнозинство и за жал на влијателни позиции минативе 100 години. Исходот од таквите македонски позиции е денешниот: распарчена Македонија, интелектуално осакатена за сметка на аутистичко тело кое нема свој мозок, меѓународно непризната, без јасна и конзистентна политика и ниеден сврст сојузник. И втора позитивна работа која ќе произлезе од оформувањето на новата косовска држава е бизнисот од кој Македонија ќе може да профитира во градењето на бизнис релации со косоварите преку заеднички интереси.
Србите тоа никогаш нема да ни го заборават. Но, тоа е македонскиот интерес, пред се и второ, и ако сакате, нека биде една возвратна шлаканица кон северните „браќа“ за сето зло од минатото кое се сомневам дека има начин на кој би се искупиле. И тие и сите други. Сепак, второво во никој случај не смее да биде лајт мотив за никого во Македонија.
Затоа мора да реагираме брзо, јасно и агресивно. На секој план, внатрешен и надворешен. Под внатрешен пред се подразбирам борба со криминалот и корупцијата (од која воопшто не сум задоволен) и агресивно економско реформирање и воспоставување на цврста пазарна економија, и можеби најважно од се огромна поддршка на образованието кое моментално произведува „збунета“ и пасивна интелектуала, на моменти простачка и арогантна „квазиинтелектуала“ која не гледа од носот подалеку. Нормално, продлжување на оваа политика која ја води Владата на Никола Груевски за јакнење на идентитетот и зачувување и унапредување на огромното културно наследство. Со една фуснота-што помалку да ги слушаме добронамерниците и експертите од комуњарска провиненција. На Македонија и се потребни драстично поагресивни генерации.
На меѓународен план во иднина треба што побргу да поработиме на поактивни врски со македонската емиграција (која се чувствува отсечена од матицата) во влијателните центри. Завземањето на страна, посебно во овие светски премрежја може да ни биде само од корист. Во тој план најактивно треба да се унапредуваат односите со САД со кои имаме позитивни искуства уште од почетокот на минатиот век и со Германија на европско тло. Со тоа балансот на силите е исполнет што нам ни овозможува после приемот во НАТО (во кој не се сомневам) конечно да расчистиме со домашните проблеми.
Србите ќе се обидат преку грчко вето во НАТО (на руско задоволство) да не вовлечат во нивната најнова игра. На нас е да излобираме Грците да не си го прават овој општ луксуз.