Aвтобуси ке се купат , стадионот и золошката ке се средат , ама дали со тоа е решен некој проблем??????? Мислам абсолутно НЕ. Проблемот лежи на друга страна .Многу жално е што граѓаните на МК транзицијата од социјализам во капитализам ја разбраа на маргините на еден парламент во кој нашминканите комунисти приповедаа за капитализам, а всушност добивме анархија во која никој за ништо не одговара. Ако некој пропагираше дека колективната одговорност е штетна и треба да се избрише , изгледа заборави да наметне стандарди за лична одговорност , така сега немаме никаква одговорност , а стапот или модерно кажано удирање по џеб е метотод кој е крајно селективен и не функционира ни малку. Ова го спомнав во контекст затоа што уште од сега ги гледам седиштата и прозорите на новите автобуси изрезбани со ножеви .А дали сме мутави, или никој не помислува на тоа по какви патишта ке возат новите автобуси , или можеби ке се нарачаат гусеничари со шасии од тенкови за да функционираат барем неколку години.??? Делови од некои нови огради во зоолошката ги гледам по дворовите ,како врати или покриви на кокошарници или голубарници. Како ке изгледа и новата трибина на градски за неколку години да не спомнувам , може лесно да се замисли . Сакам да кажам дека убаво е замислемо сето ова , но дали е на место ??? Дали прво не треба да се вложи во инфраструктурата , да се средат улиците и патиштата , да се донесат закони и да почне да се образува населението со „викенд во шутка„ за секоја гребаница , скршена клупа или сл.Старите убаво кажале , куќа се гради од темели , не од покривот. Абсолутно ги поддржувам проектите на оваа влада која ни покажа дека може и овие до коска испљачкани и исцицани луге да видат нешто убаво , само моабетот ми беше дека сепак прво треба да се почне со будење на заспаниов народ , со мавање по некој шамар или клоца , да можеме да ги осетиме овие работи , и да им оставиме нешто убаво на нашите следни генерации , а тоа е култура што во последниве 20 тина години на овој гладен и измачен народ му стана само -мислена именка.