Абе добро луѓе... Прво се плашевте и кревавте фама дека ќе биди тешка матурата, и зато неќевте да ја полагате... А сега пак не ви чини тоа што била премногу лесна, демек не сте "Малоумни" ? Ќутете си, уживајте и не наоѓајте многу мани...
Како прво јас не гледам причина владата да ви дај претешка матура. Која корист од тоа ако сите испопаѓаат на матура и ниеден не се запиши на факултет? Така и вие губите, и факултетите губат, и владата губи, а со тоа ќе се крени и полемика дали таа е воопшто способна да организира образование во едно општество...
Мислам дека целта на државната матура е нешто друго, а тоа е приближување кон западноевропските земји, демек еден од стандардите на ЕУ, пошто нели, во тамошниот начин на образование се полага државна матура...
А читав некој вика дека сега била лесна за да ве заќутат, а во јуни ќе ви лупнеле некоја тешка безвеза, и тоа мислам дека нема врска... Како прво, ако ве излажат, е дури тогаш ќе имате право да штрајкувате и цела Македонија да се крени на нозе, и деца и родители... А тој срам мислам дека никоја влада не би си го дозволила...