~*~
Темава се претвори во дебата меѓу шовинисти и феминистки. Имам лошо претчувство.:smir:
Да земам да пукам?
Не, не ... ако некој не разбира после толку објаснување па нема да го натера уште еден детален пост или пак историски факт за да сфати дека таа дискриминација во минатото и не ни дозволувала да го земеме нашето место во општеството.
Сме биле револтирани?
Феминистки?
Па добро бе и вас да ве палеа, и вас да ви ставаа глувци во вагината за да ви го јадат месото од внатре и вас да ви вадеа нокти и заби и вие ќе бевте револтирани зошто на мажот просто не може да му се крене.
Сме гличеле како сме ние дискриминирани?
Можеби зошто сеуште не гледаат со потценување кога ќе се искачиме на висока позиција ... можеби зошто сите упорно се убедени дека мажот си е маж и тој треба да го води семејството, општеството, државата.
А запознат е некој колку повеќе самохрани мајки има него татковци?
И на крајот ние ви се нафрламе вас кога денес ги уживаме сите права, имајте ја и вие нашата крвава историја, денес ќе требаше да не распнете на крст.
Зошто има една многу едноставна работа која жената никако да ја сфати, зошто колку е совршена, а е, тешко и оди да се цени сама себе доволно.
И кога ќе прочитам постови како „срам ми е што сум жена“ тие се оние кои сакам да ги пукам, без респект кон сами себе како можеме да очекуваме мажите да не третираат.
Само пазете ... не сите жени се срамат од тоа што се жени!