Која музика е најслушана во светот?

Eve nekolku stilovi sho mislam deka treba da bidat edni od najslushanite

  • House

    Гласови: 17 6,4%
  • Pop

    Гласови: 32 12,1%
  • Hip-Hop & RNB

    Гласови: 47 17,8%
  • Techno

    Гласови: 13 4,9%
  • Trance

    Гласови: 11 4,2%
  • Retro

    Гласови: 3 1,1%
  • Rock

    Гласови: 110 41,7%
  • Metal

    Гласови: 31 11,7%

  • Вкупно гласачи
    264

10101

@*I am Nuts!*#
Член од
27 ноември 2007
Мислења
349
Поени од реакции
0
ROCK \m/ иако овие од MTV не трујат со глупости.
 

PxFxCx

Јужни Фронт
Член од
15 септември 2007
Мислења
452
Поени од реакции
4
Од моја гледна точка Рокот , а од гледна точка на светската популација повторно Рокот :helou:
 

petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
А во МАкедонијава? хехехе Убедливо на прво место е турбо-фолкот, па на второ место според мене е електронската, па дури потоа следува рокот.
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
167
Поени од реакции
0
А во МАкедонијава? хехехе Убедливо на прво место е турбо-фолкот, па на второ место според мене е електронската, па дури потоа следува рокот.
Da ovde moze e najslusan ama vo svetot rockot se jade so blues i jazz.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Добро што ви е на сите: Турбо Фолк најслушана во Македонија... јее рајт!

Ајде да се кладиме дека ако се направи анкета турбофолкот нема да биде на прво место во Македонија?

Музиката во Македонија може да се подели на неколку периоди

1 период
Почетокот на 90тите се блокира секаква Ју и Екс-Ју музика. Никаков турбо, никаква размена на пазар (музички) со соседите... Во тој период излегоа многу македонски бендчиња и пеачи: Ристо Бомбата, Студени Нозе, Ена Веко, Нулта Позитив, Ластовица... кои понудија еден нов стил еден нов почеток на Македонскиот пазар. Странските сеуште не беа најслушани, баш поради една работа: недоволно познавање на англискиот јазик од тие генерации.

2 период
Ова држеше некаде до средината на деведесетите (1995-96) кога повторно почнаа радио станиците да се навраќаат на екс-ју песните, но некако општо беше забрането да се пушти ново-компонирана српска музика. Исто тогаш се појавивија и во Македонија 1 song пеачи, но и некои кои до ден денес се на сцената. Период кога излегоа Тоше, Каролина, Дарио, Владо (како самостоен пејач). Исто тука почнаа пополека да влегуваат влијанијата од надворешната музика...

3 период По неколку години, веќе никнаа стотици радиостаници зафатени од бранот на Шабаноманијата. Веќе околу 2000та година Турбо-фолкот во Македонија нагло се рашири и не постоеше кафич (или ретки беа) каде не се пушташе Цеца, Лепа Брена, Миле Китич итн. Сепак тоа беше време кога почна секој да добива избор што сака да слуша. Кабловски телевизии, МТВ, ВИВА, Пинк итн итн. Најмногу тогаш загуби Македонската музика. Прво немаше премногу да понуди, а второ она што го нудеше беше колку толку неквалитетно, баш поради финансиите кои ги немаше за Македонска музика.

4 период
После следуваа и бугарските телевизии, па уште 6-7 српски телевизии, следуваа спотови во кои се вложени десетици и стотици илјади евра, а ние тапкаме во место. Немаме ниту една стабилна музичка телевизија, ниту сателитска телевизија која ќе ја промовира нашата музика...

5 период (Сега)
Сега веќе на повеќето им помина тој Турбо фолк период, т.е. веќе настана смена на генерации. Младите се помалку и помалку слушаат Турбо што е одлично. Веќе интернетот, кабловската, мобилните, учењето на странски јазици, ни дадоја можност да избираме, а не музиката која би ја слушале на ни ја одредува една од 2-3те радиостаници кои се фаќаа во 90тите.

Бек он сабџект....
Рок... дефинитивно.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Техно,транс,клабинг :party3: само журкиве по телевизииве што ги гледам ме ежат
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Мислам дека е рок,може сум грешка:toe: ама јас го обожавам:vozbud:
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Абе рок се слуша највеќе, Ама електронската музика зема се поголем замав.Едноставно нема граници таа музика.Може да се преработи секој друг стил.
 
Д

Демијан

Гостин
Рокот дефинитивно! И јас слушам рок зошто е најдобар, а не како денес ќе излезе некој хит турбофолкерски ќе се слуша 2-3 недели и после се заборава.А има рок песни од пред 30-40 години и се уште се слушаат!! Значи рок дефинитивно
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
167
Поени од реакции
0
Абе рок се слуша највеќе, Ама електронската музика зема се поголем замав.Едноставно нема граници таа музика.Може да се преработи секој друг стил.
Abe moze zema zamav, ali sega se sto se slusa brgu se zaborava a rock-ot e muzika so nikogas ne se zaborava.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom