Конечно соодветни мерки за Грција!

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.248
Поени од реакции
12.463
Читам и си викам, вакви мерки требаа да се направат уште многу одамна, НО никогаш не е доцна! Меѓутоа тогаш, некои беа повеќе заинтересирани во кратенки и менувања, отколку решавање проблеми...

Царинската управа вчера го запре влезот за сите стоки чија документација не го содржи уставното име на земјата. На граничните премини вчера останаа повеќе товарни возила што превезувале стока со документација што стана спорна за Царинската управа. Царинските службеници одбиле да ги прифатат документите на шпедитерите на кои било наведено ПЈРМ или Поранешна Југословенска Република Македонија.
- Овој потег за нас е шокантен затоа што дојде без никакво предупредување. Ни беа вратени сите документи на кои не е наведено името Република Македонија. Царинските службеници не' известија дека добиле писмена инструкција од директорот да не прифаќаат документација ако не е наведено името Република Македонија - велат вработени во една македонска шпедитерска фирма.

Наспроти тврдењата на шпедитерите дека се враќаат стоки и со декларации на кои е наведено името под кои сме примени во Обединетите нации „Поранешна Југословенска Република Македонија“, директорот на Царината Ванчо Каргов тврди дека се вратени само стоките со кратенката ПЈРМ.

- Кратенката ПЈРМ не постои никаде како име на нашата земја и не знам дали и досега било законски да се прифаќа стока со таква документација. Ќе се обидеме да најдеме техничко решение да се премости овој проблем. Документација на која е наведено ПЈРМ како име на земјата не е прифатлива за Царината - вели Каргов. Според неговите информации, неговата писмена инструкција не создала тешкотии во протекот на стоки.

- Нема многу камиони што чекаат, верувам дека проблемот наскоро ќе се реши - додаде Каргов.

Во Царината велат дека документација со скратеницата ПЈРМ, без, или со додаток „Скопје“, најчесто има на увезената стока од Грција.
 
Читам и си викам, вакви мерки требаа да се направат уште многу одамна, НО никогаш не е доцна! Меѓутоа тогаш, некои беа повеќе заинтересирани во кратенки и менувања, отколку решавање проблеми...
Mislam deka ne e dobar poteg toa treba poinaku da se resi zosto sepak mnogu firmi rabotat vo grcija sto bi se slucilo koga tie ke go storat istoto? plus ne sme vo dobra ekonomska sostojba pak nie graganite ke go jademe..
 
Како ќе го направат тие истото? Ќе забранат извоз од Грција со надворешниот свет? :) Нека пробаат да извезуваат тогаш преку Бугарија или Албанија, да видиме кој економски повеќе ќе биде погоден.

Верувај, последниве 15 години изгубивме многу многу повеќе со прифаќање на вакви шабански и нелогични договори, наместо да покажеме заби. Тоа и не уништи. Погледни ја "Оазата на мирот" денес.
 
jas mislam deka ne e vreme za vakvi ostri merki, vladata vodi pogresna politika
 
Владата оди во политика каква што требаше да се оди пред 15 години. Претходната политика се виде што донесе - НИШТО. Време е да се смени тактиката во сосема друга насока, па да видиме дека МОЖЕЛО и поинаку.
 
Јас како што разбрав, не ги пуштиле камионите со роба чија крајна цел е Македонија и Македонскиот пазар а на која на декларациите стои FYROM а на Република Македонија, а тоа навистина не се многу камиони, мислам дека на транзитните се запечатени и дека кај нив не се проверуваат декларации.
Како и да е шудно ми е како воопшто дозволувале роба, чија крајна цел е нашата држава да носи декларации на кои не стои нашето уставно име, тоа само покажува дека ние самите себе си не си се почитуваме.
Шкендија ова не е остра мерка, туку е само спроведување на принципите на една соуверена држава, кои некој порано го мрзело да ги спреведи, така да овие не се никакви дополнителни мерка, ова е само ставање во функција на нешто што постои како принцип и регулатива.
Значи ова не е политика, туку е само една обична оперативност на еден систем.
 
така само на грците маму им е*** малко и ние заби да покажеме...
 
vakvata merka e stetna za sporot za imeto tajmingot ne e dobar za vakvi merki i plus napraveno e nenajdeno taka sto e stetna sepak... jas taka mislam mozebi gresam
 
политиката е директно поврзана со економијата
ако ги притиснеш на вистинско место ќе добиеш позитивен исход


БРАВО !
 
Релациjа?

Никола Груевски ја продолжува дводневната посета на Бугарија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom