Интуиција.... Точна или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата DarkLord
  • Време на започнување Време на започнување

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Возраст
36
Ја отворив оваа тема за да видам колку од вас веруваат во Интуиција(претчуство).Ова го отворив пошо имам лошо чуства дека ке се деси нешто бидејки тргам на пат. Ваше мислење и совет?
 
Имам неколку пати претчувствувано нешто, но го имам игнорирано тоа. Обично 50% е точна а 50% не. Така да...
 
А како ја игнорираш јас се обидувам ке ми отиде и пак ке се врати.
 
ooo mnogu cesto i sekogas se pokazuva deka e tocno toa cuvstvo..iako nekogas sakam da go ignoriram prosto nemozam.no so i da napravis nekoi raboti ako treba da se desat,ke se desat pa makar i na gla da zastanis..
sepak intuicijata nekogas treba da se slusa i sledi,a nekogas ne...ni ostanuva samo da procenime samite koga treba a koga ne...
 
Многу пати ми се има случено да претчуствувам нешто како ќе испадне . И во 90% од случаите се покажало како точно
 
Ја отворив оваа тема за да видам колку од вас веруваат во Интуиција(претчуство).Ова го отворив пошо имам лошо чуства дека ке се деси нешто бидејки тргам на пат. Ваше мислење и совет?

Зашто секогаш полмислуваш на лошото и се ослонуваш на лошите претчувства , ако го програмираш мозокот да мисли на лошо тогаш лоши работи ке почнат на ти се случуваат, прибидејќи сите наши постапки се потпираат на една многу енормна и важна ствар " потсвеста " , имено колку и да се трудиш тоа нешто да испадне добро а воедно се молиш истото да не тргне во погрешна насока, самата потсвест ке те одведе на погрешниот пат и губиш , затоа труди се да милиш позитивно во било каква ситуација да се наоѓаш .... :helou:
 
Во повеќето случаи секогаш било точно и самиот се чудам и се нервирам понекад зошто ја одбегнувам.
 
Имам многу добра интуиција.
Ретко ја игнорирам,а кога сум ја игнорирала сум се зезнала многу.
Се научив на грешките и сега секогаш ја слушам што ми збори и супер ми оди.:pipi:
 
И јас исто така. Имам премногу добра интуиција која добро ме служи.
Само, некогаш сум ја игнорирала мислејќи дека си измислувам.
Епа не е секогаш така. Затоа и постои. За да не` извести дека нешто ќе се случи, без разлика дали е лошо или добро.
Не ја игнорирајте, следете ја.
 
Ја отворив оваа тема за да видам колку од вас веруваат во Интуиција(претчуство).Ова го отворив пошо имам лошо чуства дека ке се деси нешто бидејки тргам на пат. Ваше мислење и совет?
Ако често ти се случува ,,да имаш интиуција,, дека ,,нешто ќе се деси,, пред да тргнеш на пат во тој случај се работи или за страв закопан во твојата потсвест како резултат на некаков настан на кој многу добро се сеќаваш или како резултат на настан на кој не можеш да се сетиш, а сепак фигурира во твојата потсвест како ограничувачко чувство или се работи за некаква незначителна сугестија новоздобиена како резултат на некоја скорешна дешавка која те ,,замислила,,.Меѓутоа ако имаш некое силно предчувство односно интиуција која ја доживуваш како нов и неосознаен дел од тебе која континуирано те оттргнува од некој постапка тогаш мислам дека треба да му обрнеш внимение на таквото сензационално чувство.
Јас така ја согледувам твојата ситуација под претпоставка дека не ја отвораш темава бадијала туку нешто навистина те натерало да размислиш.
 
Интуиција е најлошата ебана работа во светот. Особено кога и веруваш. А најчесто не и верувам, иако знам дека ја имам. Тоа е бајаги заебана работа. Треба да почнам да се раководам по сопствената интуиција, затоа што многупати сум се заебала кога не сум го слушала внатрешнот глас.
 
Ако често ти се случува ,,да имаш интиуција,, дека ,,нешто ќе се деси,, пред да тргнеш на пат во тој случај се работи или за страв закопан во твојата потсвест како резултат на некаков настан на кој многу добро се сеќаваш или како резултат на настан на кој не можеш да се сетиш, а сепак фигурира во твојата потсвест како ограничувачко чувство или се работи за некаква незначителна сугестија новоздобиена како резултат на некоја скорешна дешавка која те ,,замислила,,.Меѓутоа ако имаш некое силно предчувство односно интиуција која ја доживуваш како нов и неосознаен дел од тебе која континуирано те оттргнува од некој постапка тогаш мислам дека треба да му обрнеш внимение на таквото сензационално чувство.
Јас така ја согледувам твојата ситуација под претпоставка дека не ја отвораш темава бадијала туку нешто навистина те натерало да размислиш.
Брат тотално си во право,тоа во црното е точно такво чуство имам,Незнам што стана со мене кога одеднаш почна така да се чуствувам,сум одел на многу далечен пат,тогаш сум го немал тоа чуство,сун пресреќен.И ова ми е првпат вака да се чуствувам.Неможам да ја кажам дешавката пошто позната вие на сите.Мислам дека оваа ми е некаква паника или така нешто
 
Пробај со сестро, женско сум:). Епа мислам дека го лоциравме проблемот.И јас чувствувам блага паника кога патувам ама пробај да го контролираш таквото чувство и да ги пренасочуваш црните мисли.:helou:
 
Ја отворив оваа тема за да видам колку од вас веруваат во Интуиција(претчуство).Ова го отворив пошо имам лошо чуства дека ке се деси нешто бидејки тргам на пат. Ваше мислење и совет?

ne veruem u toa.nema so da pret4uvstuvas akoti e pisano neso da ti se desi kje se desi nema beganje.zatoa 4iliraj druze i zivej si go sekoj den kako da ti e posleden...:party2:
 
Интуиција - гласот на потсвеста. Ќе се повикам на мојот претходен потпис: Whether U think U can or U think U can't U're right. Ако за нешто се надеваш дека ќе испадне добро, а се подготвуваш за лошото, си се зезнал, ќе се деси тоа за што си се подготвувал или полошо. :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom