Многу добро изиграно.Се гледа кој е Халилхоџиќ.Со овој состав Динамо се посрамоти со Копер,изгуби од Ријека и испадна од Шериф.Ја зема екипата кога беше најдоле,моралот низок,играта никаква и ужасна атмосфера околу екипата.Ама тренер од светска класа како Халилхоџиќ го смени тоа.
Бишчан никогаш подобар не бил,Саммир исто.Рукавина ја поправи играта во овие месец дена повеќе од колку последните 3 години.Играта одлиќно ја постави,од дамна вака дисциплинирано во одбрана и напад не играле.Контрите милина за гледање,реализацијата пак тапа.
Келава - 6.5 Немаше премногу работа,тоа што требаше солидно го заврши.
Куфре - 8 ЦАР,никој не го помина,кон напред беше доста опасен.
Тонел- 6 немаше и тој нешто премногу работа,еднаш добро расчисти и доби некои воздушни дуели и то е се.
Бишчан - 7.5-8 човекот е во животна форма,како расчистуваше ситуации,ја контролираше одбраната,скоро сите 1 на 1 дуели(ако не и сите) го доби.
Врсаљко 7 - овој ќе биде светска класа.Игра вака со 18 години,а ова не му е единствена добра утакмица.Цело време игра вака.Борбен,јак во дуели,уклиза еднаш многу добро.Игра и со лева и со десна......Ќе го биде дечкото
Адеми 6 - ништо посебно,не се виде многу.Само го приметив кога имаше жолт картон.
Бадељ 7 - не знам како да го оценам.Имаше еден куп добри потези,но и доста ситни грешки.Битно ја подобрува играта од натпревар во натпревар
Моралес 6.5 - Како по обичај невидли доста од времето.Има добри потези,се гледа дека е добар техничар.Имаше една добра шанса,но тоа е се.
Томечак 6.5 - Имаше некои глупости,но доста борбен,брз правеше доста проблеми по десната страна.А со оглед дека беше повреден со месеци до сега одлично е.
Саммир 10-Овој човек е во животна форма.Асистенција,гол,одлични топки кон напред,го изнуди првиот жолт од Сена,ги направи магариња.......Немам зборови за него,генијалец.
Рукавина 7.5 - даде гол и направи малце притисок на нивните дефанзивци,ги натера да погрешат,но тоа е се што направи.
Чаго 8 - Ќе се убиев кога го видов во 55та минута како влегува.Мислев кај овој влага,што к** бара Ваха сега да се брани,но испадна како одлично решение.Затвори дупката по средината,одезма многу топки,кон напред беше одличен.Доста добро изигра.
Беќирај и Ибањез играа многу малку.
--- надополнето ---
Dali imaja Bojkot BBB za ovu igru ?
Да.....