Напротив ... етикетата „шмизла“ во нашето општество често се лепи пред девојката да има можност да ја отвори устата за да го развлече тоа е.
Па дури и тоа е доволно.
И поимот шмизла си има варијанти.
За мене, и за дел од луѓето што ги познавам на пример, етикетата шмизла воопшто не е поврзана со мисловните способност на подметот, туку чисто естетски, констатација на прв поглед, обликувана информација што ја добиваме со еден поглед врз некого, и ја користиме чисто за судење кои се неговите интереси на овој свет.
Етикетите и те како се интересна занимација, ни ја вежбаат логиката, способноста за поврзување на различни секвенци во ставовите за другите луѓе, овозможуваат и да си искажеме несвесно и по некоја контрадикторност! ммм
Не е возможно да не етикетираме.
Не етикетираме секогаш од злоба, тоа е најчесто несвесно дејство што ни помага да ги ставаме луѓето од нашата околина во групи на кои им или им ги даваме имиња што или веќе ги определило општеството, или пак се создадени сосема според нашите лични стандарди, и служат за полесно препознавање на единки со особености какви што сме виделе и порано, полесно прифаќање и полесна идна комуникација со животниот стил на дотичните етикетирани.
А дали вака или така, зошто на овој или оној, и на кој начин, е преедноставно прашање за вака фина тема.
Многу јасно дека се што е злоупотребено, носи негативни ефекти и еден тон непријатни мириси, особено па во овој случај, етикетирањето е way overrated.