Факт е дека љубовта кон книгата се стекнува на час по македонски јазик уште во прво-второ одделение со помош на задолжителните лектири и книги за обработка.
Мислите ли дека сегашниве лектири се добро усогласени со возраста на учениците?
Најбанален пример е „Малиот принц“ која беше ставена за 3то или 4то одделение не се сеќавам, ништо не разбрав од книгата тогаш и се чудев зошто ја спомнуваат како добра книга возрасните, мене ми беше максимално глупава...
Кои лектири досега ви оставиле најголем впечаток и со задоволство сте ги читале и раскажувале, а кои ви биле досадни?
Ја препишувате ли раскажаната фабула од постари другари или пак самите си ја раскажувате книгата?
По каков метод се обработуваат лектирите на часови кај вас?
Кај нас е класично, станува ученик и раскажува се што читал, некаде го читаат само раскажаниот текст од тетратка, некаде прават критички осврт на книгата. Што е најефикасно според вас?
Сте ги купувале ли книгите, скапи се или прилагодени на денешниве стандарди?
Многу прашања... Па пишувајте.