Лектири

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
во основно - „Марта“ и „Исти очи“
во средно - „Тристан и Изолда“, „Клетници“, „Злосторство и казна“, „Судбината на човекот“; а од македонските: „Парите се отепувачка“ и „Печалбари“ - прекрасни книги!
најодбивни ми беа „Шагринска кожа“, „Дон Кихот“, „Вујко Вања“... (за други, не ми текнува)
 
Ај ако може некој да ми прати линк од Крвава кошула од Рајко Жинзифов...:turn:
 
Crnila i Pradoskot na diogen itno e!!!!!!

Ние требаше да ја обработуваме ама ни ја заменија со „Црнила“ од Коле Чашуле зашто оваа втората влегувала во програмата за државна матура, а „Чекајќи го Годо“ не. :(


Aj ako ima nekoj nekoj sostav za Crnila ili Paradoksot na Diogen bi vi bila mnogu balgodarna da go pisete:) Ama ako mozete pobrzo posto e itno. Fala odnapred :)
 
ај ако може некој да ми пиши некој линк кај можам да ја најдам РЕВИЗОР од Гогољ онлајн....ВЕ МОЛАМ
 
Немам ниту една омилена лектира. Сите професори ми беа никакви па повекето лектири не ги ни прочитав, а и тие што ги прочитав мислам дека не беа баш соодветни за возраста.Читаш и се чудиш што е тоа!
Сега си купувам книги и си читам ама онакви какви што јас сакам а не какви што морам:)
Инаку може да бидат и малку поевтини(200-300) зашто многу често(не секогаш) повеќе ми се прави ќеифот кога ќе соберам пари да си купам нешто за носење отколку книга од 500-600ден.
 
Омилени лектири ми се Марта од Горјан Петрески ,Втората смена од...незнам кој,
Омилена книга надвор од училиштето Петтото дете од Дорис Лесинг.
 
Единствено нешто што мразам е тоа штом МОРАМЕ лектирите да ги прераскажуваме во тетратка цели. Ќе ти даде лектира од околу 300 страници и ти како будала, 1 месец пред часот за лектира ќе фатиш да ја прераскажуваш. Глупости. Баш би сакал да биде со осврт само и толку :helou: Али ајде крај на година иде, ќе збориме другата година.
 
па омилена лекрира и немам некако.. сите ги читам кога треба, али ниедна не ми оставила некоја длабока трага..
инаку мислам дека можеле да изберат други ниги кои ќе бидат лектири во училиштава оти има некои ептен глупи, досадни и блесаво..да ти се одмили книгата
 
Од сите лектири што сме ги имале,сум ги читала само оние на Горјан Петревски и чат-пат ако се погодеше некоја друга со интересен наслов.
Инаку за Горјан Петревски...
Човекот стварно има талент за пишување,мерак ми е кога читам некоја негова книга,точно знае што сака денешнава младина,кои проблеми ги има,се спушта сосема на наше ниво,пишува разбирливо,а не како некои други една реченица маки мачиш за да ја сфатиш,напишано двосмислено и таман мислиш дека си сфатил,некоја нова фитна има.:nesvest:
Ги избегавав лектирите од таков тип,обично ако почетокот ми беше интересен ја читав натаму книгата или па скокав страни за да стасам до крајот...Ептен зошто морав.
Принципот на кој што обработувавме лектири беше прераскажување во тетратка и нормално муабетење на часот во врска со одредената лектира.
Но тоа беше во основно.Сега во средно не верувам дека ќе можам да си дозволам такви „излети“,ќе морам да бидам малку посериозно да си ја фатам работава со лектирите зошто во спротивно нема да знам крајот кај ми е.:icon_conf
 
Дома имам мала библиотекичка. Љубовта кон книгата ми се роди веднаш кога научив да читам. На мала возраст почнат (7 години) и повеќе од 50 лектири со сигурност имам прочитано.
На најлошата лектира не се сеќавам, бидејки се намачив да ја прочитам, ништо не разбрав и ме изнервира лектирата. Последната што ја читав, Дува, на крајот ја фрлив, веднаш кога прочитав дека умре главниот лик. (за малку да ја направев партал)
Најубава...хммм Сепак Дува. Многу беше убава, иако крајот ме изнервира, се разочарав :pos:.
На часовите, сега до осмо лектирите ги обработувавме на според мене најубав можен начин. Од тие ученици кои прочитале, секој раскажува усно по малку. Потоа ги читаме наизменично одговорите од работните листови.
 
најдобри дела според мене се:
- За кого бијат камбаните- Ернест Хемингвеј и
- Странецот- Алберт Ками
 
Последната што ја читав, Дува, на крајот ја фрлив, веднаш кога прочитав дека умре главниот лик. (за малку да ја направев партал)
Најубава...хммм Сепак Дува. Многу беше убава, иако крајот ме изнервира, се разочарав :pos:.

„Дува“ од Радован Павловски ви била за лектира?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom