Факт е дека љубовта кон книгата се стекнува на час по македонски јазик уште во прво-второ одделение со помош на задолжителните лектири и книги за обработка.
Мислите ли дека сегашниве лектири се добро усогласени со возраста на учениците?
Најбанален пример е „Малиот принц“ која беше ставена за 3то или 4то одделение не се сеќавам, ништо не разбрав од книгата тогаш и се чудев зошто ја спомнуваат како добра книга возрасните, мене ми беше максимално глупава...
Не, не мислам. Учениците читаат голем број ешки книги кои прво, не можат да ги дочитаат, а второ и да ги дочитаат не можат да ги сфатат. То мора некако да се среди. Добар ти е примерот со „Малиот принц“.
И јас не ја сфаќав тогаш ко ми беше дадена за леткира, а после неколку години ко ја прочитав ми беше многу уба.
Кои лектири досега ви оставиле најголем впечаток и со задоволство сте ги читале и раскажувале, а кои ви биле досадни?
Од прво до осмо, ептен ми оставија впечаток: Пајажината на Клементина, Исти очи, Двојната лота, Втората смена, Големи и мали..Знам и други беа ама во моментот не ми текнуват.
Од средно, „Едип“, „Црнила“, „Чекајќи го Годо“, „Клетници“..и многу други.
Ја препишувате ли раскажаната фабула од постари другари или пак самите си ја раскажувате книгата?
Секогаш, ама секогаш двете со брачеда ми ги раскажвавме сами лектирите, никогаш не сме препишвале. Во средно не ни бараја да ги раскажваме лектирите, ама јас си праев кратка содржина за да не се изгубам покасно.
По каков метод се обработуваат лектирите на часови кај вас?
Кај нас е класично, станува ученик и раскажува се што читал, некаде го читаат само раскажаниот текст од тетратка, некаде прават критички осврт на книгата. Што е најефикасно според вас?
Во основно стандардно..Читавме од то шо го имаме раскажано..Додека во средно, станвавме, секој ученик се јавуваше за едно делче, па откако ќе се раскажеше лектирата, правевме критички осврт, анализи на ликовите итн..
Сте ги купувале ли книгите, скапи се или прилагодени на денешниве стандарди?
Од прво до осмо го имав купено комплетот, ама ич не ми текнува колку одеа цените, знам не беа многу скапи. А од средно па наваму, од библиотека.