Религија (мајка на незнаењето, илузии и митови)

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Се додека постојат некои нешта што не можеме да си ги објасниме,ке верувам и дека постои и нешто друго што ние го нарекуваме Господ алах или сл.. во зависност од религијата.
Значи.......само привремен изговор....додека не се разјаснат работите...
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Па се додека не ни се разјаснат јас ке верувам во Господ,ама се ми се чини дека за тоа ке треба малку повеке време
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
кој не си ја прочитал библијата, нека ја прочита. толку од мене:smir:
 

OFcp&&&

МИСЛИТЕЛ
Член од
18 ноември 2007
Мислења
239
Поени од реакции
0
Јас мислам дека незнаењето, илузиите и митови се мајка на религијата а не обратно...
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Laznata religija vo Biblijata e opisana kako Vavilonska bludnica koja gi opiva narodite so laznata nauka i gi pravi potrosen materijal za manipuliranje od strana na oligarsite velemozite i politicarite.
 

OFcp&&&

МИСЛИТЕЛ
Член од
18 ноември 2007
Мислења
239
Поени од реакции
0
Laznata religija vo Biblijata e opisana kako Vavilonska bludnica koja gi opiva narodite so laznata nauka i gi pravi potrosen materijal za manipuliranje od strana na oligarsite velemozite i politicarite.
Дали постои вистинска религија?
Што е „вистинската“ религија?
Како се разликува лажна од вистинска религија?
Јас религијата би ја опишал како:
Nesto sto gi opiva narodite so laznata nauka i gi pravi potrosen materijal za manipuliranje od strana na oligarsite velemozite i politicarite....
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Дали постои вистинска религија?
Што е „вистинската“ религија?
Како се разликува лажна од вистинска религија?
Јас религијата би ја опишал како:
Nesto sto gi opiva narodite so laznata nauka i gi pravi potrosen materijal za manipuliranje od strana na oligarsite velemozite i politicarite....
Isus rekol "po ljubovta ke ve poznaat deka ste moi ucenici".
 

OFcp&&&

МИСЛИТЕЛ
Член од
18 ноември 2007
Мислења
239
Поени од реакции
0
Isus rekol "po ljubovta ke ve poznaat deka ste moi ucenici".
Како знаеш што рекол исус? Или само веруваш дека го рекол тоа?
А кој ќе ги познае дека се негови ученици?
По која љубов тие ќе бидат препознаени?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Еве и јас да се приклучам кон муабетов. Што рекол Христос Бог, како и она што го направил, запишано е во Евангелијата. Верниците, едноставно, веруваат дека тоа НАВИСТИНА и се случило, т.е. секој збор и секое дело Христово се ВИСТИНИТИ. На верниците, не им се потребни никакви ДОКАЗИ деха Христос нешто рекол или направил. А кој ќе ги препознае дека се Негови ученици? Па самите верници се ПРЕПОЗНАВААТ еден со друг, затоа што нивното вкупно однесување (милсење, говор, деал...) е различно од однесувањето кај световните луѓе. односно луѓето кои не веруваат. По која љубов ќе бидат препознаени? Апостолот Павле ги наведува особините од ХРИСТИЈАНСКАТА љубов, која има духовно-етички особини, а не ЕМОТИВНИ, како кај повеќето од луѓето, независно дали веруваат во Бог или не.
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Ха. Да, ние верниците сме ограничени и робови на мајката Незнаљица.
Познавам многу религиозни луѓе кои можат да го бришат подот со "open-minded" персони. Да, да.
Многу неверници мислат дека разумно се на повисоко ниво од било кој поклоник на одредена религија. Не си ласкајте атеисти, немојте. Со сета должна почит, али да си религиозен не значи да си простак. Секој има различни начини на перцепција на светот околу себе. Јас сум Рисјанка, али тоа не значи дека не се покорувам на основните физички закони. Религијата е диктатор на духовната ѕидина, не на реалната, матерјалната.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа дека „...религијата е ОПИУМ за народот...“, го има кажано К. Маркс, како проверен антихрист, но и нихилист, за кого СЕКОЈА религија е лажна. А која религија е вистинска? “...По плодовите ќе ги препознате...“, вели Господ Исус Христос. Значи, кава е религијата-такви ќе бидта и последиците од живеењто според таа религија. Лажната религија раѓа лага ( а јасно е КОЈ е нејзиниот творец!), а вистинската раѓа вера, надеж, љубов, дела, смирение и сите дарови од Светиот Дух, и во краен случај, место во Рајот и Царството Небесно. Јасно е дека секоја религија ќе Ви се наметне како единствено исправна-тука изборот на религијата е ЛИЧЕН. Кој не ја спознал вистинската, лесно може да западне во лажните религии, кои секојдневно се множат, согласно пророштвата за лагите во последните времиња.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Здраво на сите,

Јас сум атеист и во последно време ги проучувам делата на проминентни aтеисти и научници, па затоа ја отварам темава, за малце да позборуваме за науката и рационалноста во споредба со религијата и верата.
( Доколку оваа тема ве навредува, би ве замолил да не читате понатаму. Јас не мислам дека сум попаметен од било кого, ова се само мои лични мислења, ставови кои призлегле од проучување на делата на многу генијални умови како Richard Dawkins, Daniel Dennett, Carl Sagan, Stephen Hawking, Christopher Hitchens и многу други ).

Иако гледам дека има многу религиозни буквалисти во светот кои сакаат да створат илузија дека науката и религијата се компатибилни, веднаш да кажам дека најпроминентните научници воопшто не се сложуваат со таквите мислења. Добро знаеме како сме настанати, како е настанат универзумот и материјата и во настанокот на сето тоа апсолутно нема никаков доказ за некое "Господово" мешање.
Доказ за тоа е следново видео во кое професор Доукинс ( Инаку назначен од Оксфорд да ја преставува науката пред јавноста, автор на многу книги, научни работи и добитник на проминентни награди ) говори за некомпатибилноста на верата и науката:


Исто и Стивен Вајнберг, добитник на нобелова награда за физика:

Еве и прост пример зошто науката и религијата не се компатибилни: Во христијанството на пример никој не дебатира дали Исус постоел или не, дали господ го направил се ова околу нас за 7 или за 32 дена. Има предефинирани "вистини" кои се свети и недоприливи. Во науката Биг Бенг теоријата може да се дополнува и да се оспорува без никој да ви опне Анатема или пак да мисли дека заради тоа ќе горите во пеколот. Во науката нема пре-дефинирани вистини за кои нема докази или пак воздигнување на списи напишани во бронзено доба кога малку се знаело за се, кога на човекот му требало севкупно објаснување, односно омнипотентно битие - бог.

Денес во 2007-ма година, на прагот на квантните теории, ДНКА секвенцирање со кои може да се одреди со кое растение сте сродни а не дали сме настанати од ист предок со Шимпанзите, човекот сеуште се држи за митовите напишани пред 2000 години и упорно се залажува самиот себеси дека таму негде има чичко на небото кој пази над него, се меша во неговиот живот и чека да го награди после смртта.

Еволуција:
Религиозните буквалисти сеуште шират лаги дека постојат некои Missing links во еволуцијата, дека тоа е само теорија и дека нема докази за неа. Во научниот свет, нема апсолутно никаква дилема дали Еволуцијата е точна или не. Има полемика за механизмите на Природната селекција, а не за точноста на целата теорија. Доказ за тоа е следното видео во кои најпроминентните биолози говорат за сето ова и како религијата ги користи старите тактики на перење на мозок:

Филозовски осврт кон постанокот и неможноста за постоење на омнипотентно битие како Бог:

Бог е неможен и во филозовска смисла, бидејки ако одговорот на постанокот на се околу нас е Бог, тогаш следи прашање кој го создал бог? Ако бог е семоќен тогаш дали може да создаде толку тешка концентрирана маса што ни тој самиот не може да ја подигне или помрдне? Ако е семоќен дали може да создаде уште еден како него да се занимава со нас на земјава, а тој самиот да си трча низ рајот, да игра шах со Ајнштајн и да пуши трава со Хендрикс. Доколку не ви си битни одговорите на овие прашања тогаш не ни треба да го читате текстов воопшто.

Глобална реалност против нашите желби, традиција и недостаток на информираност:
Знам дека животот е тежок и дека многу од нас сакаат да има нешто надмоќно надвор од нашето разбирање, некој бог кој не разбира, не наградува и не води низ животот. Но, едно е нашата желба а друго е реалноста, доказите и фактите. Вие може да верувате дека Средната Земја од Толкиновата фантазија е вистинско место колку силно сакате, дури и да најдете уште милион луге кои уште посилно ќе веруваат во сето тоа. Верувањето нема да го направи сето тоа реалност. Реалноста се дефинира со лупа, лабараторија, критичко мислење без предрасуди, конфронтација на идеите и докази најдени во природата и универзумот.

Доказите од телескопите против религиските убедувања:

Следиме креирање на планетарни системи слични на нашите и знаеме со сигурност како е настанат и нашиот. Кога можеме да посведочиме креирање на еден нов систем, зошто да веруваме дека нашиот го создал некој си бог? Дали има логика во тоа?

Дали навистина верувате дека од 40 Милијарди галаксии, каде веројатноста е да има уште милион интелегентни суштества со кои еден ден ке се сретнеме, само нас , баш во оваа галаксија не создал бог а целиот тој непоимлив "празен" простор е намерно оставен така за зафрканција? Мислам дека е време да гледаме на универзумот како нешто огромно и прекрасно и да излеземе од нералното инаетење од типот:
Е нас не создаде господ баш тука и не ми е гајле за останатите 39, 999 999 милијарди галаксии со уште непоимлив број на планетарни системи слични или тотално различни од млечниот пат...

Да го завршам постов со зборовите на Карл Саган:
Не сакам да верувам, сакам да знам...

Јас сум религиозен буквалист кој не сакаше да го дочита постот....
Од такви "научници" како тебе, светот многу страда, не може да си го најде местото и која е вредноста да си религиозен...Кои се благодетите да си го сакаш своето постоење, да ги цениш неговите корени и да му возвраќаш со љубов и почит.....
Да те прашам, знаеш ли зошто ги сакаш своите родители? Се објаснува ли таа љубов? Можат ли научниците да ја сузбијат истата?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Цитат:
Да го завршам постов со зборовите на Карл Саган:
Не сакам да верувам, сакам да знам...

Мал коментар кон овие зборови.
Јадејќи од забранетото овошје, и покрај Божјата навремена опомена и забрана да не се јаде од дрвото на спознанитео на ДОБРОТО и ЗЛОТО, Ева истовремено прави три грешки: покажува желба за славољубие (сака да ЗНАЕ, да биде славна, позната...), покажува желба за среброљубие (сака да ПОСЕДУВА имот) и покажува желба за сластољубие , т.е. телесно-материјални задоволства.
Не е проблемот во знаењето, туку во тоа што знаењето само по себе не НИКОГО не го одвело во Рајот. Повеќе е од јасно колку траат и какви се човековите т.н. знаења; секоја генерација има СВОИ знаења и за секоја генерација оние другите незнаат ништо.
Згодно би било Kokomal да наведе примери за тоа каде религијата и науката се противречни па низ дискусија ќе дојдеме до одговорот дека не е баш таква работата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom