Бутел-Лисиче 1-2 со што отидоа и нашите последни надежи дека можеме некако да стигнеме до втората лига. На крај разликата дури ќе биде и огромна, што не го отсликува тоа што реално се случуваше во оваа сезона. Не ми се верува дека и трета сезона во која влегуваме како главни фаворити за прво место не успеваме да влеземе во втора лига. На сметка на тоа влезе кафанска екипа, која сигурно нема да дотурка далеку во втора лига. Не дека ги потценувам али знам како стојат работите во трета лига, а таму млада екипа никогаш не успева да освои прво место, а притоа да не фрли по 50 000-100 000 евра во сезоната. Ретки се тие екипи со кои можеш на фудбалски план да се надигруваш на нивни терени. Постојат терени каде што не смее да се тепа. И тие "екипи" постојат само ради тоа кога ќе им гостуваат претендентите за прво место, да лапнат некоја пара. Но многу грешки направи и Мандар. Сезоната почлна одлично за нас. Си тепавме на терен каде што нема притсок во Крпош и како противник имавме млада екипа. Притоа во првата полусезона и ние имавме екипа во која имаше неколку постари членови (нешто што мора да го има секоја екипа која сака да прогресира во втора лига). Тогаш ја направивме првата клучна грешка. Им дозволивме на Волково натпреварот со нив, иако требаше да се игра во Волково, им дозволивме да си игра кај нас. А они имале однапрењд смислено сценарио. Знаеа дека во првиот дел од сезоната ќе гостуваат пак во Пржино (со Сан Сити), па си направија чисто да им биде и во вториот дел да не мора да доаѓаат пак во Пржино, пошто знаеме што ќе им се десеше да требаше пак да дојдат да играат со Сан Сити до крајот на сезонава во нашата населба :zlo: И за гостуваето пратија играчи со по 16-7 години кои молеа да не им дадеме 10 гола :kesa: Стигна мечот со Лепенец, кој го добивме со 3-1. И дојде време за големото дерби. И тука Мандар ја направи убедливо најголемата грешка. Колку и да направи сезонава за да не внесе во втора лига (што стварно му благодариме) сепак овде ја направи најголемата грешка. Не им даде мотив на играчите со тоа што ќе им даде премии па дури немаа земено ни некоја плата пред мечот. Токму парите ги имаа Лисиче. Но немојте да мислите дека они ги користеа за своите играчи. Далеку од тоа. Плата кај нив земаа само најдобрите неколку поединци, а другото одеше за плаќање на гостинските утакмици и плаќање на противниците на Славија. И ради тие ебени пари, на овој меч знаевме дека дел од нашите играчи се потплатени да играат во користат на Лисиче. Но не знаевме за кого точно станува збор. За жал тоа беше нашиот капитен и плејмејкер, кој веќе следнипот меч премина во нивниот состав. Да му ебам мамицата негова....
Загубивме и доста несреќно со гол од пола терен, а притоа они немаа друга шпанса, за разлика од нашите две стопроцентни кои ги одбрани Угреновиќ. Лошата изиграна тактика на Мандар и немањето среќа не доведе до тоа да се откажеме уште по завршувањето на ова дерби. Но не застанавме тука, затоа што веќе во следно коло Лисиче загуби во Арачиново, бидејќи Албанците не ги земаа нивните пари, затоа што на времето Тица скина еден шпон од Арачиново. Затоа нас ни се еба мамата во Драчево, но за разлика од вториов дел од првенството тогаш имавме некои поискусни играчи кои знаеа да одолеат на притисокот и заканите, и постојаните удирања. Тепавме со 0-1 и повторно бевме во игра. Притоа ја купивме утакмицата во Слупчане, пошто се знае дека на тие терени, ако победиш си заминуваш мртов:helou:
До крајот Лисиче имаше доста полесни мечеви од нас. И скоро сите ги доби на домашен иако за малку ќе згубеше бодови од Бутел, при што гостите јадеа ќотек и заради блискоста на Мандар со Рањо очекувавме они да изиграат за нас во вториот дел од сезоната. Тоа не носеше во некаква предност пред Лисиче па дури и да изгубевме таму. Тепавме уште на сите мечеви до крајот. Приота тепавме на две гостувања кои не беа наместени. Кај силниот ССК, и кај младата Треска, мечеви кои да ги игравме со сегашниот состав ќе ги загубевме сигурно. Не поради тоа што овој состав е послаб туку заради тоа што немаат ниту еден повзрасен фудбалер, кој би се спротиставил на грубоста на противниците, кои не бираат средства за да стигнат до некој бод и до парите од Тица. Конечно добар потег од Мандар беше што фрли пари во лепенец за да земат бод на Лисиче во Бардовци. Блиска трка беше таа со парите
Во последен момент Мандар одлучил да фрли повеќе пари од Лисичани, и мечот заврши со 0-0
Бевме први на полусезона и бегавме два бода. Зашто бевме толку сигурни дека сигурно ќе влеземе па дури и да загубиме ????
Затоа што се очекуваше Беса и Бутел саигурно да изиграат за нас, а плус лисиче треба да дојде да игра во Пржино меч со Сан Сити. Тоа се девет бода 99% требаше Лисиче да ги загуби, а ние имавме лесни гостувања кај екипи со кои бевме во пријателски односи. Сигурно ја рипнавме Алумина, кога ни јавија дека Лисиче тепал во Слупчане. Нешто што сигурно не се очекуваше во Пржино. Оваа утакмица одамна ја сметавме за победа за Беса, но проработеле парите, или поточно 5 000 евра. Заборавив да спомнам како тепавме во Арачиново. Станавме eкипата која прв пат тепала таму после 5-6 години
И верувајте тоа не кошташе многу:tv:
Откако Лисиче тепа во Слупчнае почна да се осеќа несигурност во нашите редови, затоа што сметавме дека пред мечот со Лисиче сигурно ќе имаме 5 бода предност, со оглед на пријателските односи со Волково (бар ние мислевме така). Помина и мечот со Сан Сити и дојде време да се иде во Волково. Сите наши играчи беа насочени кон мечот со Лисиче кој се играше по три дена. За секој случај им беа понудени пари на Волково, но овие ги одбија со бразложение дека Лисичани веќе не превариле :helou: И тука ја направивме втората грешка. Брацо ни ги лапна постарите играчи, а новиве иако се исто квалитетни, но со просечна возраст од по 20 години, неможеа да се спротистават на тепањето од 35 годишните селани од Волково. Плус судијата не уби, и загубивме со 2-0. Какво разочарување беше тоа. Падна и моралот и се. Волково ни го тури до максимум, но сеуште се зависеше од нас, се дури не дознавме дека за мечот со Лисиче се делегирани судии кои се луѓе од самото село (линиските судии не и главниот). Мандар се мислеше дали воопшто да ситрчаме во Лисиче, но отидовме на се или ништо. Премиите беа по 200 евра на наша страна, а по 450 евра кај Лисичани. И одново со ништо не ја заслужија победата. Контороверзни судиски одлуки, и повторно не еба среѓата. Лисиче тепаше и веќе се откажавме од понатамошни маки
Притоа Мандар одлучи воопшто да не им плати на Лепенец, затоа што му скинаа бод на Лисиче, а тоа значеше дека на сметка на тие пари, ќе не линчуваат во Бардовци. Неверојатно е како земавме бод од таму
И дури сеуште постоеше некаква шанса. Да изгуби Лисиче во Бутел (терен на кој ако не платиш не си идеш жив), па да загуби од Сан Сити во Пржино, па да ремизира со Треска во Шишево, а ние да тепаме се до крај (со оглед дека играме дома се до последното коло каде шпто ако веќе бевме први сигурно ќе ја купевме со Бутел), но ете момците си изиграа паметно. Си ја купија и таа утакмица и првенството е веќе готово. Нека им е со среќа во натамошните утакмици. Ние до крај би требало да си одиграме на домашните мечеви и по можност да ги добиеме сите 3, а ако сме паметнби не треба ни да идеме на последниот меч во Бутел. Ем ќе се заштеди гориво, ем нема да ни искршат некој од младиве играчи:tv: