Фан Клуб: Славија

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
а што се десило на Волково - Славија? дека глеам нешто од Славија се жалат, дали е и за овој натпревар?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.660
а што се десило на Волково - Славија? дека глеам нешто од Славија се жалат, дали е и за овој натпревар?
Во третото коло од есенскиот дел, Волково побара да играме на наш терен место на нивни, наводно поради тоа што немале струја. Смислено сценарио, затоа што знаеа дека полесно ќе биде ако прво се игра кај нас, па после кај нив. Во Пржино дојдоа со дечурлана, и молеа да не им даваме над десет гола, па ги совладавме со 6-2. Дојде време кога требаше да се изигра возвратната утакмица. И нормално налетавме на касапаната :) Не дозволувале да се составиме со топката. Типичен третолигашки фудбал, во кој домаќинот примил многу пари за да ни ги собере бодовите. Се вклопуваат и судиите, а и среќата ни врти грб. Екипата која излегла да игра за Волково, постојано правеле прекини, а при изведувањето на слободните мавале со колена постојано и нашите не можеле да мрднат, ги влечеле за дресови, а на два пати топката ја ваделе со рака, а судијата останал нем. Заканите продолжиле и во вториот дел, паднал шашна гол за нив, и грубостите продолжиле до крај. И така тепаа со 2-0, со што и порано од очекуваното не отпишаа од трката за прво место. Не боли поразот, туку начинот на кој го зарабпотивме, а посебно што противникот е екипа, на која сме и помогнале на милион наврати, вклучувајќи ја и победата од 0-2 пред три години кога се спасија од испаѓање. Али тоа е , кај што има сила таму нема правдина!
А што имало жалби??
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
А што имало жалби??

не не, дека тука некоја страна поназад видов некој се пожалил на грубата игра на Волково, затоа прашав :wink:

иначе ова не е ни оддалеку вистинската бројка на гледачи на овој натпревар. еве слика направена за време на натпреварот Вардар - Металург, па оценете сами дали тука има 800 гледачи присутни на Филип II или пак новинарот на Македонски Спорт има сериозен проблем со видот

 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.660
иначе ова не е ни оддалеку вистинската бројка на гледачи на овој натпревар. еве слика направена за време на натпреварот Вардар - Металург, па оценете сами дали тука има 800 гледачи присутни на Филип II или пак новинарот на Македонски Спорт има сериозен проблем со видот

Не ти се отвара нешто сликава:) Инаку бев јас и на Вардар-Металург, и бевме околу 150 Комити, и плус имаше задоволителен број на обична публика, мој тип е дека на градски имаше околу 600-700 гледачи :smir:
Истотака не се согласувам дека во Лисиче имало 1 500 души. Нема шанса толку да собере тоа брдото. Според мојата првична проценка мислев дека имало околу 700 луѓе, али кога подобро видов тоа што сум снимал, ете ќе кажам дека имаше 1 000 гледачи :)
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
ххммммм... незнам зашто ми ја нема сликата. ај подоцна ќе ја побарам па ќе ја поставам накнадно
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.660
Мечот со Лисиче е веќе минато. Сега да се насочиме на останатиот дел од првенството, иако 99% немаме шанса за првото место :(
Ни следува ново дерби со вечните ривали Драчево :):)
Ни доаѓа постарската и погрубата екипа од истоимената населба па да ги пречекаме како што доликува :)
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Славија - Драчево - 1 y 1
Лисиче - Шкендија - 1 y 1

уплата 50че, и пуна капа.. :vozbud::pos2:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.660
Славија - Драчево - 1 y 1
Лисиче - Шкендија - 1 y 1

уплата 50че, и пуна капа.. :vozbud::pos2:
Вие сте слободни ова коло. Е во следното играте со Шкендија :)
И нема ни да ви дојдат на гостување туку ќе ја добиете службено. Едвај го чекам мечот со Драчево. Секогаш имало интересни моменти :)
 

bodlikav

a.k.a C.Ronaldo
Член од
25 јануари 2007
Мислења
529
Поени од реакции
6
kolku zavrsi deneska slavija ?ili ne se odigra?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.660
kolku zavrsi deneska slavija ?ili ne se odigra?
Тепавме 1-0 со гол од пенал, во доста неизвесна утакмица во која и двете екипи имаа многу шанси :)
И нормално секоја утакмица со Драчево е зачинета со нивна груба игра, но овојпат и нашите не ги штедеа :) И крајот го краси делото. Селаниите по неколку сомнителни одлуки го напоаднаа судијата. Најпрвин им дигна сомнителен офсајд, и цела екипа улета накај помошникот, иако топката беше далеку од Драчевскиот играч и беше скоро наша :). Еден од гостите доби црвен кјартон, и веднаш потоа свирна крај судијата. И пак му се насобраа сите со стандардни закани, "немој господ да те натерал да дојдеш во Драчево :)". Но и тоа не беше доволно, па и го расшутираа помошникот, кој беше спасен од двајцата џандари. Право дерби, и после два пораази се вративме на победничките патеки, иако настапувавме со ослабен тим, ради суспензии и повреди :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.660
^ Фала што ми помогна да ги ставиме клиповииве снимени од мојов канта мобилен :kesa:
Епа на едниот клип е снимано колку народ има на стадион веднаш по завршетокот на првиот дел. На другиот клип ја имаме прославата на првиот гол на Лисиче со зурли и тапани, а третиот клип мал инцидент во кој поскокаа во терен цела управа на Лисиче по еден фаул на наш играч:)
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
^ Фала што ми помогна да ги ставиме клиповииве снимени од мојов канта мобилен :kesa:
Епа на едниот клип е снимано колку народ има на стадион веднаш по завршетокот на првиот дел. На другиот клип ја имаме прославата на првиот гол на Лисиче со зурли и тапани, а третиот клип мал инцидент во кој поскокаа во терен цела управа на Лисиче по еден фаул на наш играч:)
:pos2::pos2::pos2: Dobro e be, super beshe. :)))))))))))))))))))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom