Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
:pos2::pos2::pos2: Dobro e be, super beshe. :)))))))))))))))))))
Колку што можев да видам, имаше неколку дечки што снимаа со поубави камери. Еден од нив го препознав, од Фамили Аеродром е. Па може снимил некој подобар клип:)

Инаку утре имаме екстремно тешко гостување во Бардовци за кое не полагам многу надежи и реално очекувам пораз. Заборавив да спомнам една интересна случка :pos:
На мечот со Драчево во вториот дел во игра влезе играч кој место дрес Драчево, носеше сина кошула :pos::pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Лепенец-Славија 1:1
Мамата ни ја ебале, слично како и во Волково, само што овој пат нашите се надминале себеси и освоиле бод. Притоа голот на Лепенец бил постигнат со рака. Само над другар ми биле направени над 30 прекршоци, а истотака бил на работ на линч, кога го нападнала цела домашна екипа, бидејќи си ги дриблал старците ко магаренца :tv: Нормално во игра за овој меч бил и тренерот на Лепенец, олд скул каратистот и обезбедувач и екс фудбалер на ЈСП, Јорџо :) Волково се спасија затоа што нема да доаѓаат пак во Пржино, али Лепенец ќе дојдат пак за да играат со Сан Сити:zlo: Во грубоста одново предничел тоа стапот од Шишево, Боби или како го викаа. Ќе му ебам старското ќе му наебам. Добро ќе биде да го задржиме тимов за идна година а голема грешка беше направена од страна на Мандар, затоа што не најде барем два-тројца повозрасни играчи кои што ќе можат да се носат на гости. Вака со екипа со просек од 20 години, ако немаме куп пари никогаш не би можеле да тепаме во ниту едно село :smir: Во првиот дел од сезоната имавме три гостински победи во мечеви каде што со моменталната млада екипа тешко дека ќе стигневме до бод. Нема спас од трета лига ако не фрлиш некој дена. И Реал да дојде неможе да победи во ниту едно од селава ширум Скопје :tv:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Утре од 16 часот играме со Беса во Пржино:baklja::baklja::baklja:

Славија-Беса 2-1 (1-0).
Почна мечот и одма имавме пенал. Но за жал Дракче промаши, т.е. гостинскиот "голман" успеа да одбрани. Се реедеа шансите пред голот на Беса, а имавме и пречка, пред да стрела Богдановски за 1-0. Со многу среќа успеа да излезе сам пред голман, и да ја затресе противничката мрежа. И до крајот на полувремето ги имавме шансите но не реализиравме. Беса имаше убава шанса на 0-0 но нашиот голман беше побрз :)
Во вториот дел почнавме истотака со напади. Даде Драган гол за 2-0 по една контра. И тогаш застанавме. Беса почна да напаѓа и веднаш постигна убав гол за 2-1. До крајот ја имаа иницијативата но немаа некои шпанси, а ние по една контра за малку не го зголемивме нашето водство. Тогаш кога сите очекуваа крај, Беса имаше шанса, шутираше еден од играчите, нашиот дефанзивец скокна и топката го погоди во рака. Но судијата не допсуди пенал, по што имаше мешаници по теренот (го давеа судијата :)). Веднаш беше досуден крај и заминавме со сосема заслужена победа, иако од готово можеше да направат вересија :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Бутел-Лисиче 1-2 со што отидоа и нашите последни надежи дека можеме некако да стигнеме до втората лига. На крај разликата дури ќе биде и огромна, што не го отсликува тоа што реално се случуваше во оваа сезона. Не ми се верува дека и трета сезона во која влегуваме како главни фаворити за прво место не успеваме да влеземе во втора лига. На сметка на тоа влезе кафанска екипа, која сигурно нема да дотурка далеку во втора лига. Не дека ги потценувам али знам како стојат работите во трета лига, а таму млада екипа никогаш не успева да освои прво место, а притоа да не фрли по 50 000-100 000 евра во сезоната. Ретки се тие екипи со кои можеш на фудбалски план да се надигруваш на нивни терени. Постојат терени каде што не смее да се тепа. И тие "екипи" постојат само ради тоа кога ќе им гостуваат претендентите за прво место, да лапнат некоја пара. Но многу грешки направи и Мандар. Сезоната почлна одлично за нас. Си тепавме на терен каде што нема притсок во Крпош и како противник имавме млада екипа. Притоа во првата полусезона и ние имавме екипа во која имаше неколку постари членови (нешто што мора да го има секоја екипа која сака да прогресира во втора лига). Тогаш ја направивме првата клучна грешка. Им дозволивме на Волково натпреварот со нив, иако требаше да се игра во Волково, им дозволивме да си игра кај нас. А они имале однапрењд смислено сценарио. Знаеа дека во првиот дел од сезоната ќе гостуваат пак во Пржино (со Сан Сити), па си направија чисто да им биде и во вториот дел да не мора да доаѓаат пак во Пржино, пошто знаеме што ќе им се десеше да требаше пак да дојдат да играат со Сан Сити до крајот на сезонава во нашата населба :zlo: И за гостуваето пратија играчи со по 16-7 години кои молеа да не им дадеме 10 гола :kesa: Стигна мечот со Лепенец, кој го добивме со 3-1. И дојде време за големото дерби. И тука Мандар ја направи убедливо најголемата грешка. Колку и да направи сезонава за да не внесе во втора лига (што стварно му благодариме) сепак овде ја направи најголемата грешка. Не им даде мотив на играчите со тоа што ќе им даде премии па дури немаа земено ни некоја плата пред мечот. Токму парите ги имаа Лисиче. Но немојте да мислите дека они ги користеа за своите играчи. Далеку од тоа. Плата кај нив земаа само најдобрите неколку поединци, а другото одеше за плаќање на гостинските утакмици и плаќање на противниците на Славија. И ради тие ебени пари, на овој меч знаевме дека дел од нашите играчи се потплатени да играат во користат на Лисиче. Но не знаевме за кого точно станува збор. За жал тоа беше нашиот капитен и плејмејкер, кој веќе следнипот меч премина во нивниот состав. Да му ебам мамицата негова....
Загубивме и доста несреќно со гол од пола терен, а притоа они немаа друга шпанса, за разлика од нашите две стопроцентни кои ги одбрани Угреновиќ. Лошата изиграна тактика на Мандар и немањето среќа не доведе до тоа да се откажеме уште по завршувањето на ова дерби. Но не застанавме тука, затоа што веќе во следно коло Лисиче загуби во Арачиново, бидејќи Албанците не ги земаа нивните пари, затоа што на времето Тица скина еден шпон од Арачиново. Затоа нас ни се еба мамата во Драчево, но за разлика од вториов дел од првенството тогаш имавме некои поискусни играчи кои знаеа да одолеат на притисокот и заканите, и постојаните удирања. Тепавме со 0-1 и повторно бевме во игра. Притоа ја купивме утакмицата во Слупчане, пошто се знае дека на тие терени, ако победиш си заминуваш мртов:helou:
До крајот Лисиче имаше доста полесни мечеви од нас. И скоро сите ги доби на домашен иако за малку ќе згубеше бодови од Бутел, при што гостите јадеа ќотек и заради блискоста на Мандар со Рањо очекувавме они да изиграат за нас во вториот дел од сезоната. Тоа не носеше во некаква предност пред Лисиче па дури и да изгубевме таму. Тепавме уште на сите мечеви до крајот. Приота тепавме на две гостувања кои не беа наместени. Кај силниот ССК, и кај младата Треска, мечеви кои да ги игравме со сегашниот состав ќе ги загубевме сигурно. Не поради тоа што овој состав е послаб туку заради тоа што немаат ниту еден повзрасен фудбалер, кој би се спротиставил на грубоста на противниците, кои не бираат средства за да стигнат до некој бод и до парите од Тица. Конечно добар потег од Мандар беше што фрли пари во лепенец за да земат бод на Лисиче во Бардовци. Блиска трка беше таа со парите :) Во последен момент Мандар одлучил да фрли повеќе пари од Лисичани, и мечот заврши со 0-0 :)Бевме први на полусезона и бегавме два бода. Зашто бевме толку сигурни дека сигурно ќе влеземе па дури и да загубиме ????
Затоа што се очекуваше Беса и Бутел саигурно да изиграат за нас, а плус лисиче треба да дојде да игра во Пржино меч со Сан Сити. Тоа се девет бода 99% требаше Лисиче да ги загуби, а ние имавме лесни гостувања кај екипи со кои бевме во пријателски односи. Сигурно ја рипнавме Алумина, кога ни јавија дека Лисиче тепал во Слупчане. Нешто што сигурно не се очекуваше во Пржино. Оваа утакмица одамна ја сметавме за победа за Беса, но проработеле парите, или поточно 5 000 евра. Заборавив да спомнам како тепавме во Арачиново. Станавме eкипата која прв пат тепала таму после 5-6 години:pos: И верувајте тоа не кошташе многу:tv:
Откако Лисиче тепа во Слупчнае почна да се осеќа несигурност во нашите редови, затоа што сметавме дека пред мечот со Лисиче сигурно ќе имаме 5 бода предност, со оглед на пријателските односи со Волково (бар ние мислевме така). Помина и мечот со Сан Сити и дојде време да се иде во Волково. Сите наши играчи беа насочени кон мечот со Лисиче кој се играше по три дена. За секој случај им беа понудени пари на Волково, но овие ги одбија со бразложение дека Лисичани веќе не превариле :helou: И тука ја направивме втората грешка. Брацо ни ги лапна постарите играчи, а новиве иако се исто квалитетни, но со просечна возраст од по 20 години, неможеа да се спротистават на тепањето од 35 годишните селани од Волково. Плус судијата не уби, и загубивме со 2-0. Какво разочарување беше тоа. Падна и моралот и се. Волково ни го тури до максимум, но сеуште се зависеше од нас, се дури не дознавме дека за мечот со Лисиче се делегирани судии кои се луѓе од самото село (линиските судии не и главниот). Мандар се мислеше дали воопшто да ситрчаме во Лисиче, но отидовме на се или ништо. Премиите беа по 200 евра на наша страна, а по 450 евра кај Лисичани. И одново со ништо не ја заслужија победата. Контороверзни судиски одлуки, и повторно не еба среѓата. Лисиче тепаше и веќе се откажавме од понатамошни маки:) Притоа Мандар одлучи воопшто да не им плати на Лепенец, затоа што му скинаа бод на Лисиче, а тоа значеше дека на сметка на тие пари, ќе не линчуваат во Бардовци. Неверојатно е како земавме бод од таму :pos::pos:
И дури сеуште постоеше некаква шанса. Да изгуби Лисиче во Бутел (терен на кој ако не платиш не си идеш жив), па да загуби од Сан Сити во Пржино, па да ремизира со Треска во Шишево, а ние да тепаме се до крај (со оглед дека играме дома се до последното коло каде шпто ако веќе бевме први сигурно ќе ја купевме со Бутел), но ете момците си изиграа паметно. Си ја купија и таа утакмица и првенството е веќе готово. Нека им е со среќа во натамошните утакмици. Ние до крај би требало да си одиграме на домашните мечеви и по можност да ги добиеме сите 3, а ако сме паметнби не треба ни да идеме на последниот меч во Бутел. Ем ќе се заштеди гориво, ем нема да ни искршат некој од младиве играчи:tv:
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Многу мавање паднало на Бутел Лисиче.. добро е тоа што нашиве не им ќутеле туку им возвратиле со оштри стартови. кутриот судија. :nesvest:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Многу мавање паднало на Бутел Лисиче.. добро е тоа што нашиве не им ќутеле туку им возвратиле со оштри стартови. кутриот судија. :nesvest:
Брат, пак ли те лажеле дека сте тепале поштено во Бутел???:vozbud:
Такви победи во бутел, Слупчане и Арачиново верувај не се случуваат :)
Али заедничко за овие екипи е што и кога утакмиците се наместени играат максимално грубо, затоа што тоа е единственото што го знаат :kesa:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Само да најавам, мечот кој требаше да го одиграме во саботава со ССК, е одложен за во среда од 17 часот :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475

Утре се игра одложената со ССК :)

Славија-ССК 2-1 (0-1) :baklja::baklja::baklja::baklja:
Четири победи од четири утакмици со Драчевските екипи во оваа сезона :bip:
Ми се исполни душата :vozbud::vozbud::vozbud:
Иако резултатот вели дека е минимална победата сепак Славијха можеше да слави многу поубедливо. ССК поведе уште од првата минута по грешката на нашиот голман :kesa: До крајот на полувремето Славија имаше многу шанси но топката несакаше да влезе:nerv: Притоа многу иритираше гостинскиот голман. Плачи пичка, реагираше на секоја одлука на судиите. Цело време задржуваше време, а имаше и еден замав кон наш фудбалер кој остана неказнето. ПОчна и вториот дел, и гостинскиот голман прави катастрофална грешка по што имаме чиста шанса за гол, но он прави фауѕл и пенал за нас. И таман поичнавме да го иритираме дека по недова вина ќе израмниме, успеа да го одбрани ударот на Неловски:kesa: Но како продолжуваше мечот така беше се поизвесно дека ќе дадеме гол. Тоа и се случи при мешаницата по која погоди Богдановски Милан. Тогаш во игра влезе џокерот Ќумур :) Имавцме уште неколку шанси а по една контра Ќумур успеа од косо по убавото додавање од Љута да стрела за конечни 2-1 и голема радост на трибините :)
Драчевци имаа само уште една шанса кога нивниопт напаѓач од убава ситуација шутираше крај голот. Натпреварот го одбележаа и гостинските фанови, кои незадоволни од секоја одлука, не прекинаа да ја пцујат помошничката (која неколку пати ги затна со разни гестикулации :pos:), како и фрлањето на камења кон неа. По завршувањето на мечот нивниот гхолман заслужено доби црвен картон, по што цела екипа на ССК го нападна судијата но полицијата не дозволи да биде удрен. Интересно дерби кое ги исполни очекувањата на стоптината гледачи :)
 

Mandar_80

е сеуште без репутација
Член од
3 август 2009
Мислења
217
Поени од реакции
11
Ќумур ги запечати ССК не Љута...поздрав

А гледајќи кој ќе биде прв во другата група тешко дека кој и да е
од нашава дека ќе помине за во вториот бараж.

Тоа значи дека догодина лисичани ќе ни бидат ривали...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Ќумур ги запечати ССК не Љута...поздрав

А гледајќи кој ќе биде прв во другата група тешко дека кој и да е
од нашава дека ќе помине за во вториот бараж.

Тоа значи дека догодина лисичани ќе ни бидат ривали...
И јас го имам истото напишано. Не си ме сватил, пишува дека Љута му асистирал :)

Иначе не ми се верува Раштак да го мине Лисиче. Сигурен сум дека немаат ни амбиции за втора лига, така да сигурно ќе го наместат баражот. Незнам сега колку се јаки, ама што можев да ги гледам во подготовките за сезоната, имаат неколку играчи од прастарите на ЈСП. Сигурно имаат по 40-тина години сега, а тренер им беше Давор Капинковски кој играше долги години во ЈСП, а после премина во Балкан па во Скопје, и на крај во Лепенец:)
Ако не се сменила ништо одтогаш ме чуди како играат толку добро...
 

Mandar_80

е сеуште без репутација
Член од
3 август 2009
Мислења
217
Поени од реакции
11
Момци,влегле многу пари таму(Коце Трајановски итн.)мислам дека се сите од ВМРО сепак да причекаме кој ќе биде таму прв,ако бидат Раштак хмммм ,тоа ќе биде ВМРО против симпатизери на СДСМ а се знае кој е на власт.:salut::salut::salut:

Подобро е за мене да влезат оние од с.Лисиче за догодина да нема недоразбирања и да се заборави на се до сега,сепак времето ќе покаже...ако играат на Градски на дечките што играат за с.Лисиче им нема рамен али сепак ќе видиме...

Инаку за вчерашната победа мора да кажеме дека да небеше стариот Мандар готови бевме,со што потврди дека уствари човекот на 60 години е сеуште најбољи играч на СЛАВИЈА...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Момци,влегле многу пари таму(Коце Трајановски итн.)мислам дека се сите од ВМРО сепак да причекаме кој ќе биде таму прв,ако бидат Раштак хмммм ,тоа ќе биде ВМРО против симпатизери на СДСМ а се знае кој е на власт.:salut::salut::salut:

Подобро е за мене да влезат оние од с.Лисиче за догодина да нема недоразбирања и да се заборави на се до сега,сепак времето ќе покаже...ако играат на Градски на дечките што играат за с.Лисиче им нема рамен али сепак ќе видиме...

Инаку за вчерашната победа мора да кажеме дека да небеше стариот Мандар готови бевме,со што потврди дека уствари човекот на 60 години е сеуште најбољи играч на СЛАВИЈА...
Се изгубив во приказнава :)
Сакаш да кажеш дека Лисиче е поддржуван од активисти на СДСМ, или обратно???:)
Јас колку што знам по Вмровски тим од Лисиче амин :pos:
Него каква калакурница е во лигиве, ништо чудно и нас некако да не пикнат во втора лига :)
 

Mandar_80

е сеуште без репутација
Член од
3 август 2009
Мислења
217
Поени од реакции
11
Така ти мислиш али не е така...:nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom