Славе, хипотетички: ако не признае цел свет освен Грција, пак нема да е добро, нели?
Нормално дека нема да е добро, ако на крајот Грција ни стави вето и за членство во НАТО и за членство во ЕУ.
За тебе добро ќе биде ако занавек си останеме западен Балкан???
Па знаеш ли колку млади ја напуштија државава поради бесперспективност, а колку секојдневно го планираат тоа? Мислиш ли дека некој има трпение да чека влез во ЕУ до 2300 година???
Исто така, мислиш ли дека светот ќе ја присили Грција на нешто??? На што??? Да признае дека Александар Македонски бил наш предок, на денешните Македонци и дека античката македонска култура била славјанска, а не елинска??? Па, за да се случи такво нешто, од темел треба да се променат сите досегашни светски историски сознанија. Кој во светот е подготвен да направи такво нешто и каква полза ќе има тој од тоа?
Проблемот со Грција не е толку името. Проблемот е тоа што ние претендираме на античката историја, а тоа е нешто коешто Грците (а богами и светот) никогаш нема да го прифатат. Веруваш ли ти дека ќе прифатат? Ако си толкав оптимист, ти пружам рака.
Кога ќе се реши мистеријата со "антиката", ќе се реши и спорот со името.
За лични навреди и несериозно однесување, како и непочитување на останатите форумџии при водење на сериозна дискусија ќе си одговараш пред администраторите, а веќе неколкупати беше опоменат. Твојот проблем со Бугарија или некој друг, си е лично твој и воопшто не ме интересираат твоите фрустрации. :helou: