cYb3rc0re
~ место за реклама
- Член од
- 3 мај 2005
- Мислења
- 914
- Поени од реакции
- 170
ЕКСКЛУЗИВНО: НАЦРТ-ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА
Нема вистински политички дијалог, парламентот и администрацијата не функционираат, реформите не се завршени, смета Комисијата.
Македонија во наредната недела нема да добие зелено светло од Европската комисија за преговори за зачленување во ЕУ, зашто политичката ситуација во земјата не е добра, а нејзината администрација не е транспарентна, професионална и деполитизирана. Ова е суштината на извештајот за нашата земја, до чија нацрт-верзија успеа да дојде „Дневник“.
Според Комисијата долго нема дијалог помеѓу власта и опозицијата.
- Функционирање на парламентот беше нарушено со кавгата помеѓу Владата и опозициската партија на Албанците ДУИ. Сите политички сили мора да работат конструктивно во рамките на демократските институции - се вели во извештајот.
Брисел забележува дека ратениците не донесле деловник што би ја зајакнал парламентарната процедура и би ја појаснил употребата на албанскиот јазик во комисиите. „ДУИ се врати во Собранието на крајот од мај, но, сепак се блокирани повеќе закони, особено за судската реформа. Дијалогот помеѓу владината коалиција и опозицијата постепено беше воспоставен, но надвор од парламентот“, пишува во нацрт-извештајот.
Комисијата критикува и дека поради доцнењето, Владата го забрзала пишувањето на законите, поради што некои не се квалитетни.
Брисел ја посочува и отежнатата кохабитација помеѓу премиерот и претседателот. Како причина го истакнува тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја спори валидноста на претседателските избори од 2004 година и забележува дека партијата не се појави на годишното обраќање на претседателот во Собранието. Брисел е задоволен што претседателот и Владата успеале да се координираат за клучните надворешнополитички теми, како што е Косово.
Отказите во јавната администрација Брисел не може да ги сфати. „Отпуштањето функционери по промената на власта во 2006 година ја илустрира политизираноста на сите нивоа на администрацијата, која го наруши нејзиното добро функционирање. Мора да има разлика помеѓу политичкото и административното ниво“, се вели во документот.
Критикувана е и смената на 40 вработени во Секретаријатот за европски прашања кои го нарушиле неговото функционирање.
Според ЕК, огромен предизвик и понатаму е судската реформа. Брисел забележува дека се доцни, особено во назначувањето на Судскиот совет и со реформата во Јавното обвинителство.
За Брисел, борбата против корупцијата се' уште не е убедлива. „Корупцијата е широко распространета и е сериозен проблем, а за примена на Акцискиот план не се издвоени буџетски пари“, смета Брисел.
Мора да се реши проблемот со името Нашата земја и Грција мора да вложат нови напори за да се најде заедничко решение за името, се вели во кусиот пасус од извештајот посветен на спорот за името. „Потребни се обновени напори, со конструктивен приод, за да се најде заедничко решение за спорот за името со Грција, под покровителство на ОН, со што ќе се придонесе за регионална соработка и добрососедски односи“.
Зборувајќи за преименувањето на аеродромот, Брисел само констатира дека оваа постапка во Грција била примена како провокација и како спротивна на билатералната спогодба од 1995 година.
Дневник
Јебига, ова значи уште малце ќе бидеме на клупа, да се „загрееме“ подобро. Јас ова го гледам како уште една шанса на народот, кој мора да се сконцентрира на следните избори, т.е. да се воздржи од секс ден-два пред избори за да може подобро да ја перцепира изборната листа, имајќи ги предвид настаните кои се случиле малку поназад од последниот секс.