Ништо од преговорите за ЕУ

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
ЕКСКЛУЗИВНО: НАЦРТ-ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА


Нема вистински политички дијалог, парламентот и администрацијата не функционираат, реформите не се завршени, смета Комисијата.


Македонија во наредната недела нема да добие зелено светло од Европската комисија за преговори за зачленување во ЕУ, зашто политичката ситуација во земјата не е добра, а нејзината администрација не е транспарентна, професионална и деполитизирана. Ова е суштината на извештајот за нашата земја, до чија нацрт-верзија успеа да дојде „Дневник“.

Според Комисијата долго нема дијалог помеѓу власта и опозицијата.

- Функционирање на парламентот беше нарушено со кавгата помеѓу Владата и опозициската партија на Албанците ДУИ. Сите политички сили мора да работат конструктивно во рамките на демократските институции - се вели во извештајот.

Брисел забележува дека ратениците не донесле деловник што би ја зајакнал парламентарната процедура и би ја појаснил употребата на албанскиот јазик во комисиите. „ДУИ се врати во Собранието на крајот од мај, но, сепак се блокирани повеќе закони, особено за судската реформа. Дијалогот помеѓу владината коалиција и опозицијата постепено беше воспоставен, но надвор од парламентот“, пишува во нацрт-извештајот.

Комисијата критикува и дека поради доцнењето, Владата го забрзала пишувањето на законите, поради што некои не се квалитетни.

Брисел ја посочува и отежнатата кохабитација помеѓу премиерот и претседателот. Како причина го истакнува тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја спори валидноста на претседателските избори од 2004 година и забележува дека партијата не се појави на годишното обраќање на претседателот во Собранието. Брисел е задоволен што претседателот и Владата успеале да се координираат за клучните надворешнополитички теми, како што е Косово.

Отказите во јавната администрација Брисел не може да ги сфати. „Отпуштањето функционери по промената на власта во 2006 година ја илустрира политизираноста на сите нивоа на администрацијата, која го наруши нејзиното добро функционирање. Мора да има разлика помеѓу политичкото и административното ниво“, се вели во документот.

Критикувана е и смената на 40 вработени во Секретаријатот за европски прашања кои го нарушиле неговото функционирање.

Според ЕК, огромен предизвик и понатаму е судската реформа. Брисел забележува дека се доцни, особено во назначувањето на Судскиот совет и со реформата во Јавното обвинителство.

За Брисел, борбата против корупцијата се' уште не е убедлива. „Корупцијата е широко распространета и е сериозен проблем, а за примена на Акцискиот план не се издвоени буџетски пари“, смета Брисел.


Мора да се реши проблемот со името Нашата земја и Грција мора да вложат нови напори за да се најде заедничко решение за името, се вели во кусиот пасус од извештајот посветен на спорот за името. „Потребни се обновени напори, со конструктивен приод, за да се најде заедничко решение за спорот за името со Грција, под покровителство на ОН, со што ќе се придонесе за регионална соработка и добрососедски односи“.

Зборувајќи за преименувањето на аеродромот, Брисел само констатира дека оваа постапка во Грција била примена како провокација и како спротивна на билатералната спогодба од 1995 година.

Дневник

Јебига, ова значи уште малце ќе бидеме на клупа, да се „загрееме“ подобро. Јас ова го гледам како уште една шанса на народот, кој мора да се сконцентрира на следните избори, т.е. да се воздржи од секс ден-два пред избори за да може подобро да ја перцепира изборната листа, имајќи ги предвид настаните кои се случиле малку поназад од последниот секс.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
зар мислиш , ако беше некој друг на власт МАКЕДОНИЈА ќе добиеше поволна оценка ? мене ми се се чини дека не сме ја проанализирале добро ЕВРОПСКАТА ШЕМА . Еве , се почна со планот за глобализација . мене овој план ме потсетува на АЦЕТО НАШ , сите под една капа .само овој пат главна улога има економијата . да не ширам сите знаете што мислам . поентата ми е следна СИТЕ ОНИЕ КОИ ЕВРОПА МОЖЕ ДА ГИ КОНТРОЛИРА ГИ ПРИМА ВО СЕБЕ , ВО СПРОТИВНО ИНИЦИРА ВОЈНА . Паметни се оние неколку што одбиваат членство , а ЕВРОПА упорно ги моли. Што се однесува до Русија која секогаш диригира темпо немојте да мислите дека не заборавила , лично јас мислам , дека европа нема да опстои како обединета . ќе видиме ... за наша ни МАКЕДОНИЈА многу е важно сега да биде брза и ефикасна во справување со КОСОВО И СРБИЈА , ако сака да се вика МАКЕДОНИЈА ,а ако ова добро го изведеме ќе и пропадне планот на гос. ЕВРОПА
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Тоа е. Без да се решат проблемите, и без да се опраи нашава политика нема зелено светло.
 
Член од
20 февруари 2007
Мислења
71
Поени од реакции
1
е ај нека ми казе некој што корис ке имаме со влегување во еу,тоа сто сака македонија да го постигне ке го постигне со влегувањето во нато ,а европа кој ја ебава и така одсекогаш е била против интересите Македонија
 
Член од
28 септември 2007
Мислења
215
Поени од реакции
0
е ај нека ми казе некој што корис ке имаме со влегување во еу,тоа сто сака македонија да го постигне ке го постигне со влегувањето во нато ,а европа кој ја ебава и така одсекогаш е била против интересите Македонија
Со влегувањето во Европа или само со одпочнување на преговори, ќе ни дојдат странските инвестиции. Ќе дојдат европските фирми и ќе се отворат нови работни места. Тоа и треба на Македонија, намалување на невработеноста. Никој, кој и да дојде на власт неможе да не извлече. Што и да прави.
Ќе речеш зошто не доаѓаат инвеститорите и сега ? Не знам, мислам дека со потврдата дека ќе влеземе во Европа на инвеститорите им влева сигурност. Дека се е во ред со таа земја.
Погледај само што се случува сега во Бугарија и Романија. Да не зборам што веќе одамна се случува во другите источно европски земји.Ете затоа ни треба Европа.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.007
Поени од реакции
572
Aбе за к*ро ми е европа....само нека ни укинат визи и нека се изградат по неколку фабрики по градовите и да земат добра плата и ич к*р не ме боли за европа...ама за жал за да се оствари ова мора да му го пушиме на европјаниве :(
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Само визите да паднат да можам слободно да патувам,а за ЕУ ку*ов ме заболе.
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Фала им за се, се глеаме друг пат.

И не се замарајте, шо ги ебам и ЕУ и све веќе...
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.228
Поени од реакции
45.340
Многу ми притребале нека се ебат у уста и така не мочаат како стасаат не омалуважуват, сега више нека не ни бараат ''исполнување не нивните услови'', за фирми и отварање работа ако може некој од власта да се пушти во мисија до Кина Јапан или некоја од тие земји што имаат јаки економии и со нив ке си тераме сојуз,ке си отворат фабрики Хјундаи,Сузуки,LG,СОНИ овде, ке си намлатиме пари и после ке не барат да им идеме таму сами,
Ова го кажувам само онака зашто мислам дека на сите треба да ни јасно дека од таа Европа за нас леб ни имало ни има ни ке има,и што е можно побрзо да се бараат парнери од друго место за појакa економија
 
Член од
28 септември 2007
Мислења
215
Поени од реакции
0
Да можеше некој од власта да ги викне Сони, Хјундаи или било кој друг, тоа одамна ќе го направеше. И од оваа влада и од другата. И србите така се залажуваа. Немој да мислите дека Русија,Јапонија или некој друг само нас не чекаат.
А точно е тоа дека Европа се педери и ќе наметнуваат се погадни услови за нас. Знаат дека без нив тешко ни се пишува, дека они ни требаат нас а не ние нив.И мислам дека тоа и ќе го злоупотребуваат. Видете да не беше така, немаше Хрвтска како попче да го предаде Анте. А и Србија скоро ќе предаде некој од двајцата "херои". А што да кажат пак они. Какви услови нив им се наметнуваат. Предај го тој па после во Европа. Без Европа ќе останеме Тунгузија. Ќе не претркаат и уште неколкуте земји што се позади нас, како Србија, Албанија,Црна Гора, Косово. Тогаш ќе праиме друг муабет. Но се надевам нема да стигне до тоа. А капак на се, заспаната убавица Коневска изјавува дека извештајот и не бил толку негативен.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Поинакви ви беа коментарите околу ЕУ до пред некое време, или јас се лажам?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Сеедно е дали извештајот е позитивен или негативен.Книгата трпи "се" а овде се работи за човек.Единствено што на Македонецот му треба е да има слобода на движење,за останатото ќе се снајде сам.Грешката на оваа влада ја гледам во тоа што не обезбеди квалификувани преговарачи во преговорите за укинување на визниот режим туку во Брисел прати морони од кој немаше никакво фајде,ама по се изгледа тоа го направи намерно со цел да си останеме ГЕТО кое подобро се контролира и во кое некои можат многу поубаво да заработат и во поголем обем oсобено доколку се во врвот на власта.
Колку за потсетување можам да ви кажам дека и во Турско имало полиберален пристап кон визните ограничувања па инвестициите се носеле од Америка во "тепсии злато".Македонците си ја откупувале земјата од Турците а парите ги заработувале со тешка физичка работа во изградбата на железници и цели градови низ светот.Токму уште тоа ни е проблем па кој ги гледа и ЕУ и НАТО,верувајте дека тоа го мислат барем 90% од населението во Македонија.Европејците можат вода да ни носат во поглед на култура,семејна приврзаност,човечност и се друго што значи нормален живот.Нам ни завидуваат на она што го имаме генетски вградено во нашите души и што не можат толку едноставно да ни го одземат.Ни се чудат колку сме им посветени на своите најблиски фрапирани се штом разберат дека ги гледаме своите родители до крајот на нивниот живот и им го делиме последното парче леб ако треба.Тоа се вредностите на животот кој за ЕУ и САД представува далеку одминато време по кое сонуваат само постарите мрчатори што одлучуваат за нашата судбина,изненадени што не можат да го скршат отпорот на нашиот менталитет кој иако ви изгледа суров,верувајте дека е целосно исправен и изворен за секое човечко битие на планетава.
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
ЕУ купува време. Кажав на друга тема. Прво им е цел Европскиот Устав. Не сакаат да ги иритираат Холандија и Франција ако ни дадат зелено светло за преговори.

Лоша политика од наша страна:

Прво, не знам Грујо зошто толку време од енергијата троши за дневно политички цели? Така единствено си го паѓа сопственото реноме. Мое мислење е да излези со соопштение „Владата нема да ги коментира понатаму изјавите и нападите на СДСМ!“ и готово. Тоа што треба СДСМ да каже ќе го каже во парламентот. ВМРО-ДПМНЕ како партија може да ги коментира тие нивни изјави, но не и Владата како државен орган!

Второ, што се однесува до ДУИ, мислам дека Владата може со помош на политички притосок до странските дипломати, да ги „средат“ ДУИ да не ги блокираат процесите.

Трето, со Црвенковски што е „спорот“. Тој е претседател на држава, сакале нејкеле...фалсификати...како било. Државен интерес е да има комуникација меѓу нив. Нивните суети се за поинакво препукување, но ЕУ,НАТО се од сенароден интерес и не треба ситно партиските препукувања да го попречуваат нашиот влез во двете организации.

Четврто. АМАН еднаш нека се завршат реформите со судството. Кога ќе се реши тоа, веќе мислам нема многу што да коментираат од ЕУ. Ќе бидат ставени во Шах-мат позиција. Имаме добра стабилна економија (не зборувам за вработеноста), името со Грција не смее да биде цел на разговори со ЕУ, бидејки е билатерален спор (ако тоа го направат прв ќе бидам што ќе побарам петиција), да се спроведат горе наведените политички дијалози со помош на претставниците на ЕУ и САД во Македонија!

И како нас нема никој!

Не треба којзнае што. Потребно е мал временски интервал ова да се среди!
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Јас си останувам на мислењето дека ако се најде маж што економски ќе ја крене на нозе Македонија, не ни треба ни Е од ЕУ. Како што веќе беше наведено, само визи да се укинат, и полна капа.
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Јас си останувам на мислењето дека ако се најде маж што економски ќе ја крене на нозе Македонија, не ни треба ни Е од ЕУ. Како што веќе беше наведено, само визи да се укинат, и полна капа.

I agree, нешто во смисла на Норвешка, која не сака да влегува во ЕУ, бидејки самата подобро се разви (политички и економски) од ЕУ.

А за тоа дека државата ВЕДНАШ ќе стагнира кога ќе влеземе во ЕУ, доказ за тоа ви е Бугарија. Државата „пропаѓа“! Владата повеќе не се труди ништо да направи. Почнува да пустоши...бугарите бегаат во ЕУ и тоа ви е...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom