- Член од
- 28 јануари 2005
- Мислења
- 2.163
- Поени од реакции
- 18
ПО КОИ КРИТЕРИУМИ СМЕТКИТЕ ОД МАКЕДОНСКА СЕ СЕЛАТ ВО СТОПАНСКА
Трајко ли ја позлати Стопанска банка!
По одлуката за ликвидација на Македонска банка сметките на пензионерите, како и на старата девизна заштеда, без јавно познати критериуми се префрлени во Стопанска банка! Сега се најавува таков трансфер и на 20 милиони евра од Фондот за осигурување на депозити ! Колку во овие тајни постапки има влијание брачниот однос на министерот за финансии Трајко Славески и директорката на скопската филијала на Стопанска банка, неговата сопруга Татјана
Ликвидацијата на Македонска банка за некого ќе има добри, а за некои и лоши последици, зависно од која перспектива се гледа на постапката. Независно од ризикот на целата постапка само една страна сигурно е во добивка, Стопанска Банка Скопје.
Имено, сметките за исплата на пензиите на околу 3.000 штедачи кои тоа право го остварувале преку Македонска банка, сега и исплатата на старата девизна заштеда од Македонска се сели, исто така, во Стопанска банка!
Старата девизна заштеда се исплаќа на сметки кои ги избира корисникот по своја волја, а потоа Министерството за финансии преку Централниот депозитар ги префрла парите на сметката на корисникот. Овие пари се исплаќаат два пати годишно, во април и октомври. Без своја волја и избор на банка во која нивната сметка би мигрирала, и сметките на оваа категорија штедачи од Македонска се префрлени во Стопанска банка.
Ниту за пензиите, ниту за миграција на сметките од старата девизна заштеда не е јавно објавен критериум по кој префрлањето се врши, ниту пак е направен јавен повик до заинтересираните банки кој, и под какви услови, би прифатиле миграција на сметките.
Со ова е направен упад во рамноправноста на Банките, и во можноста Македонска банка да се договори за миграција на сметките со своја партнерска банка притоа ставајќи услов дел од вработените во Македонска банка да се преселат во некоја од банките заедно со сметките за пензии и за стара девизна заштеда.
Од извори во Фондот за осигурување на депозити Вечер дознава дека и тој вид депозити, штедните книшки и сметките на штедачите кои изнесуваат околу 20 милиони евра (1,21 милијарди денари) ќе бидат трансферирани од Македонска во Стопанска банка без јавно објавени критериуми!
Од Фондот се жалат дека тие постојат како сервис на банките за вакви услови, и дека од Банките примаат пари за годишна членарина. Доколку ликвидационата управа и Министерството за финансии успеат да издејствуваат Фондот да донесе одлука за директен трансфер од Македонска во Стопанска, без притоа да се побараат услови, интерес и од другите банки, Фондот се соочува со бојкот од Банките и запирање на исплата на членарината.
Во целата приказна постои врска на интерес, како и конфликт на истите, помеѓу Министерството за финансии предводено од Трајко Славески и неговата сопруга, Директор, координатор во Стопанска банка Скопје. За ваквите конфликти на интереси оставката е мала казна.
Трајко Славески го контролира и Фондот
Органите на управување на Фондот за осигирување на депозити се Управниот одбор и директорот. Управниот одбор е составен од пет члена од кои дури три се на предлог на министерот за финансии, еден член е на предлог на гувернерот на Народната банка и еден на предлог на Здружението за банкарство. Управниот одбор и директорот на Фондот го именува Владата.