Македонска банка

Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
ПО КОИ КРИТЕРИУМИ СМЕТКИТЕ ОД МАКЕДОНСКА СЕ СЕЛАТ ВО СТОПАНСКА

Трајко ли ја позлати Стопанска банка!

По одлуката за ликвидација на Македонска банка сметките на пензионерите, како и на старата девизна заштеда, без јавно познати критериуми се префрлени во Стопанска банка! Сега се најавува таков трансфер и на 20 милиони евра од Фондот за осигурување на депозити ! Колку во овие тајни постапки има влијание брачниот однос на министерот за финансии Трајко Славески и директорката на скопската филијала на Стопанска банка, неговата сопруга Татјана

Ликвидацијата на Македонска банка за некого ќе има добри, а за некои и лоши последици, зависно од која перспектива се гледа на постапката. Независно од ризикот на целата постапка само една страна сигурно е во добивка, Стопанска Банка Скопје.
Имено, сметките за исплата на пензиите на околу 3.000 штедачи кои тоа право го остварувале преку Македонска банка, сега и исплатата на старата девизна заштеда од Македонска се сели, исто така, во Стопанска банка!
Старата девизна заштеда се исплаќа на сметки кои ги избира корисникот по своја волја, а потоа Министерството за финансии преку Централниот депозитар ги префрла парите на сметката на корисникот. Овие пари се исплаќаат два пати годишно, во април и октомври. Без своја волја и избор на банка во која нивната сметка би мигрирала, и сметките на оваа категорија штедачи од Македонска се префрлени во Стопанска банка.
Ниту за пензиите, ниту за миграција на сметките од старата девизна заштеда не е јавно објавен критериум по кој префрлањето се врши, ниту пак е направен јавен повик до заинтересираните банки кој, и под какви услови, би прифатиле миграција на сметките.
Со ова е направен упад во рамноправноста на Банките, и во можноста Македонска банка да се договори за миграција на сметките со своја партнерска банка притоа ставајќи услов дел од вработените во Македонска банка да се преселат во некоја од банките заедно со сметките за пензии и за стара девизна заштеда.
Од извори во Фондот за осигурување на депозити Вечер дознава дека и тој вид депозити, штедните книшки и сметките на штедачите кои изнесуваат околу 20 милиони евра (1,21 милијарди денари) ќе бидат трансферирани од Македонска во Стопанска банка без јавно објавени критериуми!
Од Фондот се жалат дека тие постојат како сервис на банките за вакви услови, и дека од Банките примаат пари за годишна членарина. Доколку ликвидационата управа и Министерството за финансии успеат да издејствуваат Фондот да донесе одлука за директен трансфер од Македонска во Стопанска, без притоа да се побараат услови, интерес и од другите банки, Фондот се соочува со бојкот од Банките и запирање на исплата на членарината.
Во целата приказна постои врска на интерес, како и конфликт на истите, помеѓу Министерството за финансии предводено од Трајко Славески и неговата сопруга, Директор, координатор во Стопанска банка Скопје. За ваквите конфликти на интереси оставката е мала казна.
Трајко Славески го контролира и Фондот
Органите на управување на Фондот за осигирување на депозити се Управниот одбор и директорот. Управниот одбор е составен од пет члена од кои дури три се на предлог на министерот за финансии, еден член е на предлог на гувернерот на Народната банка и еден на предлог на Здружението за банкарство. Управниот одбор и директорот на Фондот го именува Владата.
 

moira

...The Goddess...
Член од
29 октомври 2007
Мислења
113
Поени од реакции
2
Po politicki sekako ne po ekonomski kriteriumi. Zarem ocekuvas smetkite od Makedonska banka da se selat vo Komercijalna banka:pos2:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Оваа тема се појавува сега, а требаше многу порано...
Според некои извори, Гошев згрешил со ликвидацијата...
Овој ги сели во Стопанска...
Е ајде де?
Мене ништо не ми е јасно...а посебно дали Петрето е со чисти раце...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Се слагам со тебе Конкретен.:pos2:
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
Зошто акционерите не ја продадоа Македонска банка на А банка за 260 илјади евра колку што изнесуваа спорните трансакции?

- Тоа треба тие да кажат. Има ли некој кој не би ја зел Македонска банка за 260 илјади евра, подобар од овие на коишто им ја продале ако знае дека има 10-11 милиони евра капитал, 10-11 милиони субординиран депозит и штедни влогови од 30 до 35 милиони евра. Тоа е толку очигледна измама така што мислам дека ни мало дете не би поверувало во нивната приказна.
кој го интересираат причините за затварање на Македонска, нека го читне интервјуто на Гошев во Утрински
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Ја подржувам одлуката на НБРМ, навистина превентивно....
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Превенција мислев на одлуката на НБРМ, додека Славевски искористува со тоа што ги префрли сите сметки од Мак. во Стопанска банка, каде што женаму е директорка во скопската филијала е мислам дека тука треба да работи анти корупциска....
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Како и да е Интел да те потсетам дека ако навистина постои „заговор“ за префање на сметките во стопанска, тогаш тотално е погрешно да ги обвинуваш само Трајко Славевски и ДПМНЕ, туку преку ова треба да се согледа целата фарса на ситуацијата, односно дека не една партија крива а друга не, туку дека и двете работата за да профитираат. Ќе прашаш од каде? само да потсетам на едно име Хари.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Превенција мислев на одлуката на НБРМ, додека Славевски искористува со тоа што ги префрли сите сметки од Мак. во Стопанска банка, каде што женаму е директорка во скопската филијала е мислам дека тука треба да работи анти корупциска....
Превенција?! Од што? Не те разбирам воопшто. Да појаснеше малку?
Од она кое јас го разбрав околу овој случај, за јавноста спорна е самата ликвидација на банката, а потоа и начинот како се се одлива кон Стопанска...
Имал Петрето можност да ја продаде банката на берза, ама тоа не го искористил, а и на тој начин ќе ја средел банката...Вака, ликвидација, се отпуштаат вработени и тоа...наместо поелегантно решение...
Од друга страна, ако се точни обвинувањата кон Славевски (според СДСМ апсолутно точни), до толку ли е глуп толку провидно да ја изработи сета „далавера“ со Стопанска? А може да има и некои други играчи?
Мене тука многу работи ми смрдат...ама најмногу Петрето ми смрди... Инает, корупција или нешто трето?
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Po nekoi kriter. Nini bese sumnjiv...mu propadna Rado pred to...i NBM gledase da ne napraj pak belja.
Ama,tuka e zanaetot,toj ne ja zezna Rado...ama ovie b-krati kaj mozat to da svarat.
Nini za nimi e profa i mesto da ucat zanaet,tie napreduvaat vo vlada.
Po tuzbi,presudi...site ce placame.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Се започна со "Кладилничарските игри без граници" кога на Гоше му беа затворени кладилниците исто како на Нини,ама овој вториот успеа да се избори да ги отвори во рекорден рок,при што Гоше мораше да мобилизира се живо да му се освети,па го кандиса Трајко да мижи кога ќе види отворена кладилница без документи како досега со ветување дека некои интересни влогови ќе се поделат во Стопанска Банка за брзо време,т.е. со отварање ликвидација на ликвидна банка што пак е единствено од ваков вид и во светски размери.Интересна состојба доколку се следи интервјуто на Гошев кој млати празна слама уверуваќи не дека газдите на другите банки имале многу помали удели отколку Нини во Македонска.
Единствено што може да му поверуваме е фактот дека Нини тоа не го криеше во јавноста додека газдите на сите други банки тоа успешно го прикриваат а Гоше за да му бидат рацете чисти но полни не покренува истражна постапка против нивните газди.Сепак разврската ќе биде интересна особено за оние кој имале над 10 000 евра вложени во Македонска Банка.:)
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Eeeeeeeeee ne znam.......eeeeeeeeeeeeeeeeeee
A be pari imam tamu ej!!!!! Preku 20 000. I so da pravam jas sega.So ne kaza majmunot da se povlecat stednite vlogovi,ako bil zagrizen za gragjanite. Demek so cisti race-"my ass" A bre u posranoto da si umre.
Eeeeeeeeeeeeeee......eeeeeeeeeeeeeeee...........eeeeeeeee..............eeeeeeeeee
 

Kajgana Shop

На врв Bottom