Често пати, многу врски пропаѓаат и се кршат само поради наметнатиот притисок на другиот партнер, нетрпението, желбата да се усилат некои работи, и сл....
На многу од нас ни се познати термините :"Дали ме сакаш" "Сакам да те запознаам со моите,дојди на ручек, на вечера" а краен притисок е "Ке бидеш ли мој иден партнер?" Има примери каде условувачот за да ја реши двоумицата на партнерот го условува со бирање или, или....
Како реагирате на тој притисок од вашиот партнер, ви годи или киднувате? Сакате ли условувања од овој тип и како реагирате на нив?
:violent1:
Тамам го спомнав ова форсирањето во темата „Што би ве оддалечило од партнерот“
Ако чувствувам потреба да кажам дали сакам некого, тоа го кажувам без да бидам прашана. Штом не сум кажала, значи не сум се почувствувала подготвена за тоа. Секакво „Дали ме сакаш?“, „Јас те сакам, а ти мене не“ е очаен начин да извлечеш два збора и ќе ме скрене. Сакам да признавам такви работи кога сакам јас.
Запознавањето со родителите или роднините подобро е да се случи спонтано, но кога ќе си дојде време за тоа. Зближувањето со неговите (или моите) не ми е баш океј за почеток на врска. Подобро на улица да ги сретнам отколку да одам на гости и да сум здрвена цело време.
А условувањето и давање опции меѓу кои треба да изберам, дефинитивно најмногу ме ку*чат:nerv: Да ми рече да бирам меѓу него и некоја друга личност во животов, или да ми рече ако не направам нешто дека ќе е крај? Ух.
Сево ова ќе ме изнервира, ама сепак ќе се потрудам трпеливо да објаснувам дека тоа ми пречи. Но, сум кажала на неколку наврати, секој има праг на толеранција.
Сакам врската да се развива умерено со простор и за двајцата, да нема силење и форсирање, спонтано да си ги искажуваме чувствата, да дозволиме без брзање да се случи се` што треба да се случи. Ова го давам дознаење кога ќе почувствувам такви знаци. Ако се продолжи со истото, ќе почне да ме гуши и полека го губам интересот да допринесам за врската, во никој случај нема да ме придобие. А штом нема изгледи да се прекине со форсирање, полека со интересот се губи и врската.