- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.307
Еве една тема инспирирана од препукувањата на една слична тема...
Значи, јас ќе понудам една реченица и барам секој да ја преведе (колку е тоа логично во ваков пишан формат) на својот дијалект. Јас сум Скопјанец, па ќе пробам да ја префрлам во “скопски лик“... користете акценти(со ` веднаш после буквата каде треба да биде), објаснувања во заграда, цртички-мртички, што сакате само да дојдете до поентата...)
Пример
Го подигна пенкалото од масата, и се обиде да напише нешто, било што. Но знаеше дека оној бакнеж кој и го подари го спречува во тоа. Мислеше само на неа. Го искина листот еднаш, два пати, три пати, четири пати и конечно по петтиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен е дека е жив, радосен дека ќе продолжи со животот и уморен од целата приказна...
мој Скопски осврт...
Го крена пенкалото од маса, и проба да напише нешо, било шо. Ама знаеше дека оној пољубац кој и го поклони го спречуе у тоа. Мислеше само на нејзе. Го искина листот еднаш, два пути, три пути, четири пути (тука нема акцентска целост како што би требало да има во литературниот), и конечно по петиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен е дека е жив, радосен дека ќе продужи со животот и уморен од целата приказна...
Внимавајте на текстовите... ќе се менуваат со тек на време и ќе има нов текст