Дијалекти

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Еве една тема инспирирана од препукувањата на една слична тема...

Значи, јас ќе понудам една реченица и барам секој да ја преведе (колку е тоа логично во ваков пишан формат) на својот дијалект. Јас сум Скопјанец, па ќе пробам да ја префрлам во “скопски лик“... користете акценти(со ` веднаш после буквата каде треба да биде), објаснувања во заграда, цртички-мртички, што сакате само да дојдете до поентата...)

Пример

Го подигна пенкалото од масата, и се обиде да напише нешто, било што. Но знаеше дека оној бакнеж кој и го подари го спречува во тоа. Мислеше само на неа. Го искина листот еднаш, два пати, три пати, четири пати и конечно по петтиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен е дека е жив, радосен дека ќе продолжи со животот и уморен од целата приказна...

мој Скопски осврт...

Го крена пенкалото од маса, и проба да напише нешо, било шо. Ама знаеше дека оној пољубац кој и го поклони го спречуе у тоа. Мислеше само на нејзе. Го искина листот еднаш, два пути, три пути, четири пути (тука нема акцентска целост како што би требало да има во литературниот), и конечно по петиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен е дека е жив, радосен дека ќе продужи со животот и уморен од целата приказна...

Внимавајте на текстовите... ќе се менуваат со тек на време и ќе има нов текст
 
Се надевам дека ќе разберете нешто. Без титл, додуша, потешко ќе ви одеше. Инаку, пишувам Кумановски.
Го подигна пенкалото од масата, и се обиде да напише нешто, било што. Но знаеше дека оној бакнеж кој и го подари го спречува во тоа. Мислеше само на неа. Го искина листот еднаш, два пати, три пати, четири пати и конечно по петтиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен е дека е жив, радосен дека ќе продолжи со животот и уморен од целата приказна...

Дигна га пенкало од астал, и проба да напише нешто, било што. Не знаеше дека онј пољубац што ву га поколни га кочи у тој. Само на њума мислеше. Исцепа га лист ед’нпут, двапут, трипут, четири пута и пети пут се откажа. Слнце коначно га огреа. Среќан е што е жив, радосан што ке продужи сс живот и уморан од целу прикаску.:smir:
 
Го подигна пенкалото од масата, и се обиде да напише нешто, било што. Но знаеше дека оној бакнеж кој и го подари го спречува во тоа. Мислеше само на неа. Го искина листот еднаш, два пати, три пати, четири пати и конечно по петтиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен е дека е жив, радосен дека ќе продолжи со животот и уморен од целата приказна...

Еве по битолски..:)

Го крена стилото од маса, и проба да напиши нешто, шо било. Ама знаеше оти то шо ја баци го спречва во то. Мислеше само на неја. Го искина листо еднаш, два пати, три пати, четри пати и ќути петтијо соткажа. Ќути сонце гогреа. Среќен оти е жив, ќефој оти ќе продолжи со живото и капнат од цел муабет...
 
Го подигна пенкалото од масата, и се обиде да напише нешто, било што. Но знаеше дека оној бакнеж кој и го подари го спречува во тоа. Мислеше само на неа. Го искина листот еднаш, два пати, три пати, четири пати и конечно по петтиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен е дека е жив, радосен дека ќе продолжи со животот и уморен од целата приказна...

Демек, на ОхриТски.

Го крена пенкалото од на маса, проба да напишит нешчо, шодае. Ама знаеше дек бакнежон шо и го поклони го спречвит во то. Мислеше само на неа. Го искина листот еднаш, два пати, три пати, четири пати и шуќур после петтиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен дек е жив, радосен дек ќе продолжит со животот и уморен од цела приказна...
 
Еве една тема инспирирана од препукувањата на една слична тема...

Значи, јас ќе понудам една реченица и барам секој да ја преведе (колку е тоа логично во ваков пишан формат) на својот дијалект. Јас сум Скопјанец, па ќе пробам да ја префрлам во “скопски лик“... користете акценти, објаснувања во заграда, цртички-мртички, што сакате само да дојдете до поентата...)

Пример

Го подигна пенкалото од масата, и се обиде да напише нешто, било што. Но знаеше дека оној бакнеж кој и го подари го спречува во тоа. Мислеше само на неа. Го искина листот еднаш, два пати, три пати, четири пати и конечно по петтиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен е дека е жив, радосен дека ќе продолжи со животот и уморен од целата приказна...
Тетовски:
Го зеде пенкалото од маса пробуајчи да напише нешто било што. Ама знаеше дека пољубацот што и го поклонил ја спречуе у тоа. Мислеше само на неа. Го сикина листот еднаш, двапута, трипута, четрпута, и кончено по петио пут се откажа. Слнцето конечно изгреа. Сречен е зш е жив, радосен дека че продужи со животот и уморен од целата приказна.
 
Ивица, а кога може да кажеме "Га подигна пенкалото" или "Га виде тамо"? Некако на така ми оди мојата интерпретација ко ќе зборим по тетоски :)
 
Тачно, и мене ми е некако ова чудно... не ми личи на хард кор Тетовски :)

Ама нема проблем, и ако има веќе од вашиот крај, напишете како вие мислите...
 
Го подигна пенкалото од масата, и се обиде да напише нешто, било што. Но знаеше дека оној бакнеж кој и го подари го спречува во тоа. Мислеше само на неа. Го искина листот еднаш, два пати, три пати, четири пати и конечно по петтиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен е дека е жив, радосен дека ќе продолжи со животот и уморен од целата приказна...

Струмички

Го дигна пенкаалто од мааста и проба да напише нешто, било шо. Ама знааше оти тај поклон шо га баци го спречува у тва. Само на нее мисљаше. Го скина листо еднач, два пати, три пати, четири пати и конечно по петио се откажа. С`нцто конечно го огреја. Среќен е шо е жив, радосен е оти ќе продолже со живото и изморен од цеелта прикаска...
 
Ивица, а кога може да кажеме "Га подигна пенкалото" или "Га виде тамо"? Некако на така ми оди мојата интерпретација ко ќе зборим по тетоски :)
А бе 7 године у Скопјево и забраев некој работе, али охрабрен од твојте зборој сеа пак си фурам по тетовски али скопскиов полека ме обзема.

Инаку да за првото си во право требаше га дигна пенкалото а за второто не е тоа тетовски тоа појче е од тетовските села:).

пи ес: коај че пиемо пиво и тетоо?!
 
...

Го подигна пенкалото од масата, и се обиде да напише нешто, било што. Но знаеше дека оној бакнеж кој и го подари го спречува во тоа. Мислеше само на неа. Го искина листот еднаш, два пати, три пати, четири пати и конечно по петтиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен е дека е жив, радосен дека ќе продолжи со животот и уморен од целата приказна...

Велешки:

Го крена пенкалото од масата и проба да напише нешо, било шо.Но знаеше дека она лапање кое се деси го спречува во тоа.Мислеше само на неа.Го искина листот, еднаш, два пати, три пати, четири пати и кончено петтиот пат батали.Сонцето конечно го огреа.Среќен дека е жив, радосен дека ќе продолжи со животот и уморен од целата приказна...
 
Демек, на ОхриТски.

Го крена пенкалото од на маса, проба да напишит нешчо, шодае. Ама знаеше дек бакнежон шо и го поклони го спречвит во то. Мислеше само на неа. Го искина листот еднаш, два пати, три пати, четири пати и шуќур после петтиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен дек е жив, радосен дек ќе продолжит со животот и уморен од цела приказна...

амаааан бре серпико шо не напрај нас сељандура:hehe:
Во охрид со ШЧО иууу така не зборвеТ :) То ти е околни села, подалечни, Струшки (можеБИ)

Го крена пенкалоно од на маса, проба да напишит нешто, шо да е. Ама знаеше дек бакнежон шо и го поклони го спречвит во то. Мислеше само на неа. Го искина листот еднаш, два пати, три пати, четири пати и шуќур после петтиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен дек е жив, радосен дек ќе продолжит со животон и уморен од цела приказна...

Она ако си почнал со наставка ОН така ре и продолжи:hehe: Аааа барам сеа помош од Адријанчето, оти не сум чисто од Охрит, и незнам дали знам да напишам ко шо требиТ:lizko::hehe:

едит

Еве ви и на Радовишки :)

Подигна го пенкалото од масата, и обиде се да напише нешто, било шо. Но знаеше дека бакнежо кој и го подари спречува го во тва. Мислеше само на неа. Скина листо еднчка, два пати, три пати, четири пати и конечно по петтио пат откажа се. Сонцето конечно огреа го. Среќен е дек е жив, радосен дека ќе продолже со живото и уморен од целата приказна...
 
Го подигна пенкалото од масата, и се обиде да напише нешто, било што. Но знаеше дека оној бакнеж кој и го подари го спречува во тоа. Мислеше само на неа. Го искина листот еднаш, два пати, три пати, четири пати и конечно по петтиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен е дека е жив, радосен дека ќе продолжи со животот и уморен од целата приказна...

Еве на штипски малце. :)

Дигна го пенкалото од масата, и проба да напише нешо, било шо. Не знаеше дека онај бакнеж шо и` го подари го спречува у тоа. Мислеше само на неа. Скина го листо едншка, двапати, трипати, четирипати и конечно на петио пат се откажа. С'нцето конечно го огреа. Среќен е оти е жив, на ќеф оти ќе продолже со живото и изморен од целата приказна...
 
Го подигна пенкалото од масата, и се обиде да напише нешто, било што. Но знаеше дека оној бакнеж кој и го подари го спречува во тоа. Мислеше само на неа. Го искина листот еднаш, два пати, три пати, четири пати и конечно по петтиот се откажа. Сонцето конечно го огреа. Среќен е дека е жив, радосен дека ќе продолжи со животот и уморен од целата приказна...

Ај еве ви на селски:hehe:

Го крена пенкалоно од на маса, и проба да напишит нешо, кузнајт шо. Не от шо знаеше дека она бацвењено ќе го спречит! Абре саде на неа мислеше. Го го скина тој листот наеднаш, па уште еднаш па пак, па по четврт пат и на петтиот не можеше појќе и се предаде. Сонцено некако го огреа. Еда среќен дек е жив, радослии дек ќе продолжит со живеачката и уморен од та целата приказна...

:pos2:

едит

селскиот или на Дебрчки мислев. Ако сте слушнале за Дебрца помеѓу Кича и ОхриТ :)
 
Виктор дај друг текст и поголем малце можи да биди.

И не е натпревар ова кој дијалект е најлитературен, пробајте максимално да го промените текстот да биди смешно. Ова на велешки и на штипски дијалект нема врска. Јас професор имав од Штип се трудеше да збора литературно му се мочавме во смеја, ова нема врска. Демек не заебавте сите сега, не е интересно.

Колку и да е блиску еден дијалект до литературниот јазик, секогаш ќе има некои фрази и зборови кои не одговарат и ќе се вметне нешто шо многу почесто се употребува.

Пример, види во текстот на битолски на Тамара. Има зборој како „ќути“ на пример шо многу често се користи, не дека во Битола не се користи зборот „конечно“, ама вака е поуникатно. Исто и „радосен“ можи да се речи, ама „ќефој“ е специфично за Битола и во оваа конотација можи да се употреби. Има и други такви зборој, ама доста е.

Се надевам свате шо ми е муабето.
 
Виктор дај друг текст и поголем малце можи да биди.

И не е натпревар ова кој дијалект е најлитературен, пробајте максимално да го промените текстот да биди смешно.

Се сложувам, дајте да биде автентично, иако би сакал да биде и смешно. Ама ако не е, не е греда.

Инаку, дај литературен текст нема проблем... ама преведи го на битолски, ти кој маваш константно на битолски дијалект те нема да “преведеш“ на темава, туку само коментираш...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom