LHC Судрувач на честички (Церн, Божја Честичка, Бозон, Хигс)

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Ова може да се следи и преку сателитската ТВ Channel 3. Ако има заинтересирани, може да ги пратам параметрите за истата телевизија.
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.093
Поени од реакции
163
како да немам уплав море... кажвеја сношти на шутел дека можно е да снемвит струја и течни материи...
мене прееска ми снема струја на мобилнион, а еве на лет3 му снемало пиво (течна материја)...
леле...:ija::(:ija:
Na Sutel,gupskata televizija ste nasle da gledate vesti???

Eh Makedonska rabota :pos2::pos2::pos2:
 

hriste

Fire Star
Член од
12 март 2008
Мислења
218
Поени од реакции
54
Започна експериментот на судниот ден

Симулацијата на големото распрскување, стартувало денес во девет часот во Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН), во подземен објект во близина на Женева.
Целата истражувачка постапка, што треба да ги открие тајните за настанок на вселената и нејзината иднина, ќе трае околу 15 години.

Денеска научниците свечено ќе го пуштат првиот сноп на протони во почесен круг од 27 километри.

Експериментот ќе се пренесува преку интернет, почнува со синхронизирана работа на сите компоненти на Големиот хадронски колајдер, најпрвин со седум структури кои одвоено се оладени до температура од 1,7 степени повеќе од апсолутната нула.

Овие ниски температури се потребни да се намали отпорот на средината и да им се даде можност на протоните да постигнат максимално забрзување, а со тоа и потреба енергија за судир на сноповите честички.

Следната фаза е внесување на сноповите на веќе забрзаните честички во аксцелераторот, каде ќе бидат доведени до брзина нешто помала од брзината на светлината.

Планирано е на 4 октомври да се одржи ден на еден од четирите детектори “Атлас“, каде на 21 октомври, ќе биде изведен првиот судир на честички. До тој датум, ќе бидат пуштени сноповите во двата правци на кружниот тунел, денеска во правец на стрелки на часовникот, а подоцна во спротивен правец.

Целта на експериментот е симулирање на големото распрскување во слични услови што постоеле во милијардитиот дел на секунда после настанокот на вселената.

Мерењата во колајдерот ќе им дадат шанса на научниците да го предвидат понатамошниот тек на развојот на космосот и да го пронајдат Хигсовиот бозон, честичка која е клуч за објаснување на масата и суштината на универзумот, поради што е наречена “Божја честичка“.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
на 21 октомври, ќе биде изведен првиот судир на честички.
кој ќе чекат до тогаш бе... :jaj:
наместо денес да напраеја една дупка...
вака ќе требит на факултет да почнам па да умрам...
ајдеееееееееееее :nesvest:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Нешо тамо магнетите се загреале многу па ќе почекале за вториот тест
 

Kajgana Shop

На врв Bottom