Значи вака отепани не сме биле од памтивек, никаква игра да се нема цела утакмица, кошарка играјме без НИКАКОВ КОНЦЕПТ, не гледам дека има нешто осмислено или зацртано па да се оде по тоа, не бре брате, и на лоши утакмици сме знаеле да играме солидна одбрана, ама денеска сирење, ништо!!! Напад па бетер, некои обиди за влезови се прават, 90% од акциите завршуат со шут за 3 од неизградена позиција и барање фаул, Чемата влева у рекет да разиграе некој од центрите ама секоаш барем едниот беше излезен да шутира тројка останатиот си беше лесно удвојуван. Не ми е јасно, лани каква игра у рекет сме имале и тоа против ЛАТОВИЌ И ПУПОВИЌ, а сеа не можиме со едни Симиќ и Трајковски, епа кусо да сме.
Не знам шо да кажам, после тоа лани не сакам да се откажам од титулата предвреме, воа беше катастрофална утакмица, неколку нивоа под просек, се надевам дека ќе се соберат и ќе одиграат како шо сум сигурен дека можат у Парк, па да се донесе мајсторката у Кавадарци.
Ај со Господ напред.