Г-ца Љубов - пентаграмот кој е на последнава слика е симбол кој се користи во многу антички култури, во еврејската култура, како и во Христијанството. Во многу цркви може да се најде истиот симбол, како и хексаграмот, кој претежно се користи во православието, а помалку во католицизмот. Хексаграмот како симбол на целото еврејство настапува на сцена дури во 19-тиот век, иако е присутен уште во времето на Давид и Соломон. Тврдењето дека Ѕвездата на Давид е сатанистички симбол е Богохулие!
Бафомет е измислица од времето на судењето на Темпларите и е докажано дека е измислица и дека не постоело такво нешто воопшто! Елиас Леви во книгата го дава описот во сосема друг контекст, а првиот кој тврди дека масоните го почитуваат Бафомет како Бог е Лео Таксил - париски шарлатан, кој пишувал ефтини романчиња со разни заговори и мистични работи - најчесто на тема масони.
Протоколите кои така мило ги цитираш - се истотака измислица и тоа е докажан. Имам пишувано и за тоа наназад по темава. Дури се знае од кои текстови се препишани и од кого се напишани. Тоа што многу сензационалисти ги препишуваат и ден денес и ги цитираат, не им придава на важност... иако - излегува дека е во право нацистичката теорија дека "многу повторувана лага, станува вистина".
Така што - ако имаш нешто смислено да пишеш на темава, поткрепено со факти - бујрум, спремен сум во секое време за дискусија. Но, да не си го губиме времето со прочитани-недочитани работи и непознавање на основни податоци.
Zelenasite - во врска со примањето на членови и начинот на кој тоа се прави...
Ајде малку основна логика... услов за да те примат во ложата е да си човек со цврст морал, со углед во заедницата во која живееш и работиш (не познат, туку почитуван!), и пред се - да веруваш во Бога! Да немаш никаква криминална активност претходно, да нема ништо коешто е сомнително или лошо во врска со тебе.
Значи - како тоа - таквите луѓе, најдобрите во општеството, угледни луѓе, чесни, со стабилни семејства и слично, кои држат на строг морал, вредности и одговорност и пред се, верници - одеднаш, се впуштаат во оргии, сатанизам и пиење крв...?!?!?!
Зошто би се мачеле да наоѓаат верници и чисти луѓе, за да ги претворат во нешто такво какво што опишуваш?!
Малку треба да се размисли само... не бара многу мозгање...