За Македонија си во право, едноставно вчера пред десет души го поставив прашањето Масони, 4 не знаеа што се подрзабира под Масони, а другите ме убедуваа дека моменталниот претседател е Масон, едноставно такво е мслењето за Масоните и тешко е да се смени,посебно во оваа држава.
Така е за многу работи - и затоа многу работи не се менуваат. Секој мисли дека се е заговор и дека е надвор од неговите лични можности и способности и не се ни труди нешто да промени.
Со Крушевскиот манифест ме прертка:smir: Мислам дека и докажано е дека ВМРо револуционерите всушност претсатувале и првите Зидари во Македонија..
Да, тоа е факт кој многу од самопрогласените заштитници на нацијата од масонството го забораваат.
Од ова за САД се наметнува прашањето дека Масоните се огромни поборници за Rule Of The Law?? Лаички кажано дека инсистираат на демократија и капитализам или?
За демократија да, за капитализам - секој со своите убедувања. Има луѓе кои не веруваат во капитализам, има луѓе кои веруваат во тоа. Масоните се поборници за тоа да се почитува законот на една земја (ако масон го наруши законот, бива исклучен од ложата), и се залагаат за еднакви права на сите, како и за слобода на говорот. Повторно - тоа се вредности кои се присутни кај секој еден масон, но самата ложа како таква не делува политички, секој делува сам според сопственото убедување.
Морам да потпрашам нешто за знаците иако имаш зборено на таа тема....... Што означува Пирамидата и Окото што гледа??
Пирамидата е пред се присутна во американското масонство, не толку во европското. Пирамидата не е довршена на тој симбол. Односно - симболизира дека трудот не е завршен, дека сеуште има да се гради, да се усовршува, да се унапредува човекот. Тоа е вечно градење - секогаш има потреба да се биде подобар.
Окото што гледа се е чисто Библиски симбол - од Стариот Завет. Бог, секогаш и секаде гледа Се. Односно, во масонството, поуката е дека дури и да ги скриеме нашите дела и мисли од луѓето, Бог секогаш и секаде не гледа, затоа треба да сме исправни и во делата свои, но и во мислите и срцата - затоа што само така можеме да застанеме пред Него, кога ќе ни дојде денот. Како што реков - ова е чисто Библиска референца.
Зошто знаците можеме насекаде да ги забележиме, дали означуваат некое прибежиште за Масоните, овде сте безбедни или??
Не, воопшто. Знаците обично означуваат дека зградата е градена од масони или дека масони учествувале во нејзината градба. Тоа е како македонец сега да гради зграда во Њу Јорк и на фасадата да вреже сонце. Повеќе е чин на оддавање на почит и знак за оние масони кои ќе дојдат по 100 години, да видат што е направено пред нив и да имаат добар пример. Секој пат кога ќе видам таков знак на некоја зграда, секогаш првата помисла ми е дека исто како што моите браќа пред 100 или 200 години направиле нешто и оставиле нешто на овој свет, така и јас треба да се трудам и да го направам истото за оние кои ќе дојдат 100 години по мене.
За Франција и масонството ако можеш повеќе(знам за редот кој не го признавате Ориент), некако највидно таму се забечежуват знаците, да не те заморувам со прашања..
Големиот Ориент на Франција не е дел од меѓународното братство, затоа што се има откажано од основниот принцип во масонството - Вербата во Бога. Мислам дека имам пишувано за ова, побарај низ форумов...
Твое мислење за Опус Деи??
Немам особено мислење - црковна организација. Во Русија има исти такви православни организации... Ако не беше Ден Браун, никој немаше да мисли ништо за нив - а тоа зборува колку се битни.