Студии и работа истовремено. Можно ли е?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Да мислам дека е јасна темата.

Дали практични е можно истовремено да се работи и да се тераат студии?

Зборуваме за платена работа со полно работно време.

Какво е вашето искуство?
 
Можно е ако си вонреден студент и со многу жртва....
Во странство ова е нормална работа, но во Македонија студентите многу се оптоварени со материјал, друг систем на учење и едноставно невозможно е:toe:
 
Ако си вонреден да, меѓутоа некои од факултетите (претежно техничките) немаат вонредни студии, три минуси на вежби и губиш право на потпис.

Порано или подоцна ќе мора да одбереш помеѓу факултетот и работата.
 
Морам да признаам дека високобразовниот систем не баш наклоонет кон вонредните студенти. Од една страна луѓето даваат кеш (зависи од факултетот), а условите и олеснувањата кои им се даваат се никакви.
Јас дури од скоро дознав дека мораат да полагаат и колоквиум иако, нормално, не ги следеле вежбите. И како да полагаат колоквиум хемија, на пример, додај два миллитра ова, исттитрирај три милилтра тоа за да добиеш ќерамидест талог. А со очи не виделе епрувета.
Тешко, Мистичен, навистина тешко со двете (вакви) лубеници под мишка.
 
И не само тоа.

Додека на некои факултети и да изгубиш право на потпис можеш легално да си го платиш (си постои цена во тарифникот на факултетот, некоја симболична цена беше), на други факултети не постои ни тоа. Значи, у старт ако одлучиш да работиш, мора да направиш и избор помеѓу работа и факс.
 
Според мојов малав мозок, постојат две решенија за студенти на градежен, со желба да студираат вонредно:
1. Да се префрлат на сроден факултет со понормални услови за вонредно студирање - ПМФ, архитектура, транспорт (постои?), па да се испопризнаат некои испити. Ова е побрзата и побезболната варијанта.
2. Да сочекаат комплетно воведување на Болоњскиот дрн-дрн процес со кој секој факулет би требало да ги скрати додопломските студии на 3 години со додатни две или три за магистериум, или четири години со една до две години магистериум. Тогаш би требало да преостанат помалку испити за полагање.
 
Зборуваме за платена работа со полно работно време.

Братучед ми дипломираше на политички науки истовремно работејќи со полно работно време.
Според мене ова е невозможно доколку на факултетот се изведуваат практични вежби на кои студентот треба да биде присутен сепак смеатам дека полно работно време и студии е вистинско гушење сметам дека помалце радикалната варијанта би била скратено работно време (4 часа) и паралелно студирање.
 
Можно е ако си вонреден студент и со многу жртва....
Во странство ова е нормална работа, но во Македонија студентите многу се оптоварени со материјал, друг систем на учење и едноставно невозможно е:toe:

Нема врска исто е и во странство како што е и кај нас. Времето слободно за се работи два три пати во неделата со пола работно време не е зависно од обемноста на материјата која се изучува туку од обврската колку често да се биде на факултет. Тоа занчи можноста да се работи и студи ра зависи чисто од струката, на пример кај општествените струки каде не мораш на сите предавања да идеш и каде и да има вежби не е страшно ако не присуствуваш супер идат работа и студирање заедно, тоа е и кај нас тоа и во странство еве ти кажувам од прва рака бидејќи студирам во германија.
Но ако си на некоја од техничките и природнонаучните струки нема шанси. Бидејќи еве од меи искуство, ко прво треба на предавања да се иде, каде што професорот може да каже нои многу важни работи ко ги нема во секоја книга второ и многу побитно се има лабараториски вежби кои можат или да бидат распоредени во текот на семестарот (тогаш неделно во еден ден траат најмалку 3 саати и плус предавања) или пак да бидат како блок на крај од семесатарот кога предавањата се завршени, само да потстема дека блокот може да биде една до две недели секој ден од 9 наутро до 4 попладне. А да не збориме дека треба посебно за секоја вежба да се подготвуваш однапред бидејќи има испрашување и плус послле вежбата дома да седиш пред компјутери да ги обработуваш измерените вредности и да пишуваш извештај за секоја вежба пооделно од најмалку 7-8 страни.
Така да време за работа тешко. Освен ако не најдеш нешто еднаш до двапати во неделата од кои едниот ден би ти бил викенд и пола работно време.
 
Зависи од факултетот, дали бара редовност.
Во странство (поразвиените земји) студентите кои се вработени не одат на работа редовно, туку кога имаат време - за празници, викенди итн. Инаку им го чуваат работното место. Мислем дека човек не треба толку да се оптоварува - полно работно време и факултет.
 
Две добра во исто време никогаш не оделе заедно па така и ова,но зависи од факултетот техничкиве факултети не даваат можност за да се студира вонредно зашто вежбите се од големо значење 3 минуси и нема потпис,нема потпис нема полагање,плус со новиот КТС и редовноста на предавање се бара,нон стоп домашни,така да можноста за да заработиш некој денар се сведува на минимум т.е на 0
 
Можно е ако си вонреден студент и со многу жртва....
Во странство ова е нормална работа, но во Македонија студентите многу се оптоварени со материјал, друг систем на учење и едноставно невозможно е:toe:

Не велам дека не си во право. Но, ние не сме преоптоварени со материјал(помалце време ни треба да го совладаме материјалот, отколку оној што се бара во повеќето други земји), туку кај нас ретко кога постои скратено работно време приспособено за студентите. И тука се јавува проблемот.
Јас сега завршив на економски факултет и се вработив кај моите во фирма. Мојата работа нема врска со тоа што сум го студирала. Имам уметничка работа. Па сакав во септември да запишам архитектура. Знаев дека ако стегнам заби ке постигнам, но жртвата е голема. Работам од 9-12 саати дневно. И вака ми е тешко да постигнам се. Мислам на друштвен живот, време за релаксирање, за спортување...
Сега ми е малце мака поради мојата одлука. Но, за тој што ја отвори темава: Ако нешто сакаш можеш и да го оствариш. Она што треба да го решиш е што навистина сакаш. Одлучи се и појди кон целта. Поздрав!!!:wink:
 
Јас вака ја гледам работава т.е. ова е моја логика:

Случај 1: редовен студент- 5 саат во просек време што го поминуваш секој работен ден на факултет, а може и повеќе
Случај 2: вондреден студент кој работи- 8 саати (а може и помалце) работи време што го поминуваше во текот на денот на работи

Не станува збор за голема разлика во искористување на времето во текот на денот.
Што значи барем за полесните и општествените факултети (кај што нема вежби) не би требало да има проблем кобминација студии-работа.
 
Да мислам дека е јасна темата.

Дали практични е можно истовремено да се работи и да се тераат студии?

Зборуваме за платена работа со полно работно време.

Какво е вашето искуство?

Моето искуство е следното :

1 и 2 година : пола работно време + редовни студии
3 година : цело работно време + редовни студии
постдипломски : цело работно време + редовни студии
докторска теза : цело работно време + редовни студии

Не сакам да кажам дека е можно бидејќи се зависи од поединецот и од типот на студии на коишто е запишан ама јас можев и го сторив тоа. Со една нога си во работниот свет а со друга во интелектуалниот. Прекрасно искуство! :wink:
 
Да мислам дека е јасна темата.

Дали практични е можно истовремено да се работи и да се тераат студии?

Зборуваме за платена работа со полно работно време.

Какво е вашето искуство?
Можно е. Треба малку повеќе напор ама ако знаеш како да го организираш времето и да си направиш добар распоред може да успееш.
Вонредно студирам и работам ама сега за сега е добро.:helou:
 
Ако факултет нуди опција за вонредни студии со многу напор може да се постигне нешто. Или доколку самио универзитет нуди можност за раота и студии програма.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom