Од темата за убиениот турист (што е сега заклучена), само не разбрав една работа.
Тој закачал нечија девојка или неговата девојка ја закачале другите?
Знам дека ова не е место за вакво прашање, ама тука се најинформираните за тоа, кое не можев никаде да го дознам.
Српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој вчера почина во Охрид, откако беше претепан до смрт, остави зад себе три малолетни ќерки, пишува српскиот весник „Блиц“.
Дејан за секогаш ги напушти сопругата Сандра, мајката Сека и три ќерки, од кои најстарата има девет години, средната пет, а најмалата десет месеци.
До моментот кога репортери на весникот го посетиле семејството на Новаковиќ, се уште никој официјално не ги известил за несреќата.
Неговата мајка Сека, која вели дека кобната вечер имала многу лошо претчувство, лошата вест ја дознала преку телетекст.
Дејан во Охрид тргнал пред неколку дена заедно со неговиот другар Горан Периќ, која работел како туристички водич.
Роднините на Новаковиќ велат дека бил спортист, кој живеел здрав живот и никогаш не учествувал во тепачки, поради што не им е јасно како можел да настрада во масовна тепачка, пишува „Блиц“.
Македонското министерство за внатрешни работи во меѓувреме целосно го расчисти случајот, за кој што официјално ќе информира во текот на денот.
http://www.makfax.com.mk/#114851
Znaci bil tatko na tri deca a zena mu ne bila so nego.
-Najverojatno se raboti za devojka na nekoj drug.No sto e toa bitno?