Не сум темплар, член сум на масонската ложа на Канада (немам врска со ложата во Македонија, само да уточниме). Ова веќе го кажав претходно во дискусијава.
Во масонството нема редови! Затоа и не ми беше јасно прашањето. Има 3 степени. Тоа е највисокиот степен во масонството - мајсторскиот. Се понатаму е дообјаснување на 3-тиот степен. Та - да одговорам на прашањето (претпоставувам тоа прашуваше) - трет степен сум. Исто како што се речиси сите масони по светов. Кога се зачленуваш почнуваш од прв, но со тек на време, преку одреден процес и преку работа, стигнуваш до третиот. Не стигнуваш до третиот, само ако се откажеш сам во меѓу време.
Сите смешни приказни за фамозниот 32 степен и слично се доста апсурдни - затоа што тоа е само дополнување на 3-тиот степен и тоа само во Шкотскиот Орден, додека во Јорк Орденот има 10 степени (но тоа не го прави понизок од Шкотскиот, ниту го поставува повисоко од третиот степен).
Човек што работи во фабрика може да стане масон - се додека првин се има погрижено за своето семејство и неговите дома живеат нормален живот и не страдаат за ништо.